ЗОИ 2018: Ветерот го одложи и женскиот слалом - Канал 5

ЗОИ 2018: Ветерот го одложи и женскиот слалом

По машкиот спуст и женскиот велеслалом, на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг не се одржа според планираното ниту женскиот слалом.

ЗОИ 2018: Ветерот го одложи и женскиот слалом

Причина за тоа е силниот ветар. Почетокот на првата трка беше закажана за 10:15 часот по локално време, потоа беше преместен двапати за 15 минути. Сепак, помалку од половина час пред почетокот на трката, организаторите одлучија да го откажат натпреварувањето.

Организатор ги информира гледачите дека женскиот слалом е презакажан за 16 февруари и дека доколку не се во можност да присуствуваат во тој термин ќе им бидат вратени парите за купените билети.

Програмата за алпско скијање во Пјонгјанг требаше да започне во неделата со машкиот спуст, но силниот ветер оттогаш им прави големи проблеми на организаторите. Еден ден подоцна беше откажан женскиот велеслалом, а двете дисциплини бе апрезакажани за утре. За 15 февруари првично планирано да се вози машкиот суперве-џи кој беше префрлен за в петок, кога ќе биде и женскиот слалом одложен утринава.

Секако услов з ада се одржат овие трки е намалување на брзината на ветерот која денеска во Пјонгчанг достигнуваше брзина од 70 км/час.
Досега на ЗОИ се одржа само една трка во алпско скијање - машка алпска комбинација во која триумфираше австрискиот Марсел Хиршер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андре Агаси разочаран од откажувањето на полуфиналето на Ролан Гарос

Легендата на светскиот тенис, Андре Агаси разочаран од откажувањето на полуфиналето на Ролан Гарос-„Вака успеав да стигнам до финалето на 56 години“.

Андре Агаси разочаран од откажувањето на полуфиналето на Ролан Гарос

Поранешниот шампион на Ролан Гарос остана без зборови на веста дека полуфиналето е откажано.

Организаторите на Ролан Гарос доживеаја вистински дебакл на крајот од турнирот, бидејќи полуфиналето помеѓу Матео Арналди и Флавио Коболи воопшто не се играше.

Арналди се повлече поради вирус, и тоа откако претходно го мина Матео Беретини во четвртфиналето, по помалку од два сета од натпреварот (7:5, 5:2).

Американскиот шампион на Гренд слем, Андре Агаси, беше изненаден од откажувањето на Арналди уште пред да излезе на теренот.

„Можев да го победам Арналди денес, на 56 години. Ако не се појавиш, не победуваш. Разочарувачки е. Овој турнир беше полн со изненадувања, но, ова не е изненадување што некој сака да го види. Тој имаше меч во два сета во четвртфиналето (Беретини му го предаде, видете весник) и имаше време физички да се опорави, но очигледно се справува со нешто. Ќе беше подобро ако беше нешто со што не можеше да се справи. Ова е разочарувачки“, рече Агаси во студиото на ТНТ Спортс.

Навивачите така останаа без натпреварот за кој купија билети, а Флавио Коболи стана финалист на Ролан Гарос и ќе игра за титулата против Александар Зверев, Германец кој има историска шанса да го освои својот прв Гренд Слем. Ова ќе биде негово петто финале на Гренд Слем и тој ќе игра во недела против десеттиот рангиран играч во светот за титулата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филибек: Европската перспектива е јасна, потребна е политичка волја од власта

Филибек укажа на фактот дека европската перспектива на Македонија и Западен Балкан е јасна, но дека за нејзина реализација е неопходна политичка волја од актуелната власт.

Филибек: Европската перспектива е јасна, потребна е политичка волја од власта

Европската перспектива е јасна, потребна е политичка волја од власта, порача генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Џакомо Филибек, во рамки на меѓународната конференција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Корчуланската висока политичка школа, на која беше промовирана „Скопската иницијатива“.

Филибек укажа на фактот дека европската перспектива на Македонија и Западен Балкан е јасна, но дека за нејзина реализација е неопходна политичка волја од актуелната власт.

„Тука сум и со една јасна порака во однос на заморот што се чувствува во јавната дебата за интеграцијата на земјата во Европската Унија. Тој замор е последица на недостигот од политичка волја и решителност кај актуелната власт. Националистичката реторика што ја поттикнуваат не помага во процесот, туку дополнително ја збунува јавната дебата за европската иднина на државата“, потенцираше Филибек.

Филибек нагласи дека европската иднина на Македонија е неразделна од европската иднина на регионот, при што интеграцијата мора да се одвива паралелно и заеднички.

„Пораката што сакам да ја пренесам е јасна: иднината на Европската Унија е поврзана со интеграцијата на Западен Балкан и со полноправното членство на Македонија во европското семејство. Истовремено, иднината на Македонија е во Европската Унија, заедно со останатите земји од регионот. Тоа се два процеса кои мора да се движат паралелно и заедно да придонесат за конечно обединување на европскиот континент“, рече Филибек.

Филибек потсети и на улогата на СДСМ во реформските и европските процеси во државата.

„Во изминатите години СДСМ покажа лидерство токму во овој процес и го трасираше патот на реформите. Денес постои реална можност за напредок и таа шанса мора да се искористи. Европската Унија покажува јасна подготвеност за проширување, а тоа го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за време на неговата посета на земјите од регионот“, рече генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Џакомо Филибек.

прес конференција на Џакомо Филибек – генерален секретар на ПЕС, Скопска иницијатива

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денови за спорт на младите во општина Илинден

Општина Илинден пулсираше во духот на спортот и заедништвото. 

Денови за спорт на младите во општина Илинден

На спортските терени изминатите два дена се одржа традиционалната спортска манифестација „Денови за спорт на младите во Општина Илинден“, на која учествуваа околу 400 ученици од основните училишта во општината, како и учениците од СОСУ „Илинден“.

Согласно програмата, се одиграа финални општински натпревари во футсал, ракомет и одбојка во машка и женска конкуренција, турнир во баскет, атлетска трка, како и елементарни штафетни игри.

На атлетската трка на 60 метри во женска конкуренција, првото место го освои Јована Костова, второто место Бојана Стојчевска, а третото место Ангела Богдановска. Во машка конкуренција првото место го освои Роберт Митев, второто место Борјан Миленковски, а третото место Горазд Спасиќ.

На атлетската трка на 200 метри во женска конкуренција, првото место го освои Андреа Велковска, второто место Јана Миленковска, а третото место Јана Жарковиќ. Во машка конкуренција првото место го освои Горазд Димитриевски, второто место Дарко Трајановски, а третото место Филип Христовски.

На натпреварите во футсал во машка конкуренција, првото место го освои екипата на ООУ „Гоце Делчев“, а второто место екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“. Во женска конкуренција првото место го освои екипата на ООУ „Ристо Крле“, додека второто место ѝ припадна на екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“.

Во ракомет, во машка конкуренција првото место го освои екипата на ООУ „Гоце Делчев“, а второто место ООУ „Ристо Крле“. Во женска конкуренција првото место го освои ООУ „Гоце Делчев“, а второто место ООУ „Ристо Крле“.

Во одбојка, во машка конкуренција првото место го освои ООУ „Гоце Делчев“, второто место ООУ „Ристо Крле“, а третото место ООУ „Браќа Миладиновци“. Во женска конкуренција првото место го освои ООУ „Браќа Миладиновци“, а второто место ООУ „Ристо Крле“.

На турнирот во баскет за учениците од СОСУ „Илинден“, првото место го освои тимот на класот I-2, второто место го освои тимот од трета година, а трето место му припадна на тимот на класот IV-2.

Сите натпревари беа проследени од страна на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој на најуспешните екипи и поединци им додели пехари и медали. Градоначалникот истакна дека Општина Илинден и понатаму ќе продолжи да вложува во спортот и младите, со цел создавање здрави генерации и поттикнување на спортските активности кај учениците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер