ЗОИ 2018: Олимписко злато за Република Кореја во скелетон - Канал 5

ЗОИ 2018: Олимписко злато за Република Кореја во скелетон

Претставникот на домаќините Сунбин Јун ја освои олимписката титула во скелетон за мажи од зимските игри во Пјонгчанг (Република Кореја).

ЗОИ 2018: Олимписко злато за Република Кореја во скелетон
Јун триумфираше со златниот медал со вкупно време 3:20.55 минути, а во четвртата серија постави рекорд на трасата - 50.02 секунди.

Така за прв пат во историјата претставник на Азија освои олимписка титула во скелетон. До денес сите медали во боб, санки и скелетон на олимписки игри беа освоени од претставници на Европа, Америка и Канада.

- Освојувањето на златен медал на секоја Олимпијада е одлично достигнување, но добивањето на златото тука, во мојата земја, е многу голема чест, многу поголема од сè, изјави Кореанецот по натпреварувањето.

Никита Трегубов (23), од Русија остана на второ место со 1.63 секунди зад победникот. Ова е победа со најголема разлика во историјата на Олимписките игри по 1948 година, кога Нино Бибија (Италија) го победи Џек Хитон (САД) со 1,4 секунди по шест серии. Доминик Парсонс (Велика Британија) го освои бронзениот медал со време 3:22,20 минути.

Петтикратниот светски шампион и олимписки вицешампион од Сочи 2014, Мартинс Дукурс (Латвија), остана без медал по четврти пат. Латвиецот беше втор по првите три серии, но направи грешка во последната и заврши пред својот брат Томас Дукурс.

Бранителот на титулата, Александар Третјаков (Русија), е казнет за прекршување на анти-допинг правилата и не е вклучен во Пјонгчанг.

Пласман, скелетон, мажи:

1. Синбин Јун (Република Кореја) - 3:20.55 минути
2. Никита Трегубов (Русија) - 3: 22.18
3. Доминик Парсонс (Велика Британија) - 3: 22.20
4. Мартинс Дукурс (Латвија) ​​- 3: 22.31
5. Томас Дукурс (Латвија) ​​- 3: 22.74
6. Џисо Ким (Република Кореја) - 3:22.98. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во Киев

Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко .

Трамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во Киев

Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко – само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура на другата страна.

Во нападот е повредено едно лице, а погодени се и магацини во друг дел од градот, соопшти Кличко на Телеграм.

Сведок на Ројтерс слушнал експлозија во Киев.

Погодени бензинска пумпа и магацини, Русија неодамна почна да ги напаѓа бензинските пумпи во Киев, со што го прошири опсегот на своите цели.

Според украинските власти, Русија погодила околу 300 бензински пумпи во изминатите неколку месеци, главно во областите долж или во близина на линијата на фронтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Кумановското обвинителство ќе спроведе истрага против 40-ет годишен кратовец заради напад со нож на полициски службеник при интервенција.

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Според обвинителството, осомничениот на 11 септември нападнал службени лица при вршење работи на јавната безбедност поврзани со спречување кривично дело.

Кога двајца полицајци употребиле сила за да ја отворат заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. При нападот, на еден од полициските службеници со нож му нанел тешки телесни повреди, меѓу кои прободна рана и посекотина.

Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво

Премиерот  Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот.

Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво

Премиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот, но и разговори со финансиски институции и компании за конкретни проекти во енергетиката, високата технологија и воената индустрија.

Мицкоски со владината делегација прво оди во Вашингтон, а потоа оттаму ќе заминат во Њујорк каде ќе учествуваат на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации.

Премиерот најави дека една од средбите во главниот град на САД ќе биде со претставници на финансиската инстутиција ДФЦ, која, потсети, е веќе присутна во земјава преку инвестицијата во проектот „Крстовдол“, кој во јавноста е познат како „Амтимон“.

Според него, оваа институција пројавила интерес и за други проекти во енергетиката и напредната технологија.Прашан во вечерашното интервју дали на агендата е можеби и состанок со бугарската делегација, премиерот одговори дека до овој момент таква средба немаат во план.на дополнително прашање дали има информации за носење уставни измени со одложено дејство со цел одблокирање на интегративниот процес, тој рече дека не може да сподели такви информации во јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер