ЗОИ 2018: Канада со златен медал и во ски-крос

Канадскиот натпреварувач Брејд Леман го освои златниот медал во ски-крос на Олимписките игри во Пјонгчанг.


Триест и едногодишниот скијач од Калгари пред четири години во Сочи заврши на четвртото место.

Канаѓаните обезбедија најмалку еден медал откако друг претставник на земјата се квалификуваше за финалето. Сепак, Кевин Друри од Торонто, падна малку по половина изминат пат, откако се удри со Сергеј Ридзик од тимот на олимписките атлетичари од Русија.

Ридзик успеа да стане и да ја заврши трката, по што освои бронза.

Пласман во ски-крос кај мажите:

1. Брејди Леман (Канада)
2. Марк Бишофбергер (Швајцарија)
3. Сергеј Ридзик (Олимписки спортисти од Русија)
4. Кевин Друри (Канада)

Мало финале:
1. Армин Нидерер (Швајцарија)
2. Арно Боволента (Франција)
3. Филип Флисар (Словенија)
4. Дејвид Данкан (Канада). 
притисни ентер