ЗОИ 2018: Двојна победа за Русинките во сингл уметничко лизгање

Младата руски лизгачката Алина Загитова (15) го освои првиот златен медал за Русија на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако триумфираше во сингл уметничко лизгање.


За Рускиот тим, кој на ЗОИ се натпреварува под Олимпиското знаме, успехот го надополни Евгенија Медведева со сребрениот медал.
Третото место и бронзениот медал се за Кетлин Осмонд од Канада.

Русите на два дена до крајот на Игрите во Пјонгчанг имаат еден златен, пет сребрени медали, како и осум бронзени медали.

Натпреварувачкиот дел на уметничко лизгање заврши и остануваат само егзибициите закажани за в недела.

Возел со 150км/час и спиел, го разбудила полицијата

Го спуштил седиштето, го вклучил автоматскиот пилот и заспал, а потоа полицијата го запре додека возел со 140 км на час.

Сопствениците на Тесла сега се веќе познати по глупостите зад воланот, сето тоа поради еден систем-автопилотот.

Полициската патрола во Канада не можела да поведува откако добиле извештај за брзо возење на Tesla Model S. Теслата возела преку 140 км на час, а потоа полицијата виде нешто неверојатно - предните седишта биле спуштени. Да бидат работите уште полоши, возачот и совозачот спиеле. Откако полицијата ги вклучила сирените, автомобилот Тесла автоматски забрзал до 150 км на час.

Кога конечно го запреле возилото, утврдиле дека 20-годишник е зад воланот. Тој бил казнет за брзо возење на самото место, а возачката дозвола му била одземена на 24 часа поради замор. По понатамошната истрага и консултација со обвинителот, возачот е обвинет и за опасно возење, што претставува „сериозно дело во кое возачот го вози возилото за да ја загрози јавната безбедност“. Неговата возачка дозвола се очекува да му биде одземена на една година, а тој може да добие казна затвор до пет години.

Емили Ратајковски ги објави снимките кога била сексуално злоставувана(ФОТО)

Во есејот што го напиша за списанието „Њујорк магазин“, Емили Ратајковски го обвини фотографот Џонатан Ледер за сексуален напад врз неа во 2012 година во неговиот дом во Катскилс.

Како што објаснила, никогаш не и било платено за фотографиите што завршиле во списанието Дариус, а позирала во долна облека и гола. Фотографиите ги објавил Ледер во книгата ,,Ледер / Ратајковски колекционерско издание во 2016 година”

Таа самата ги објави на Инстаграм во 2013 година и никогаш не ги отстранила.

"Секогаш е забавно да се гледа неговата работа во печатена форма.Џонатан Ледер за списанието Дариус", напишала таа.

Според Емили, агентот ја испратил на неплатено снимање за списанието Дариус во домот на Ледер, а таму требало да ја помине ноќта.

Кога дошла кај Ледер, Ратајковски открила дека ќе снима во долна облека, а за да изгледа зрело, прифатила чаша црвено вино што и ја понудил фотографот.

"Ме научија дека е важно да изгледам вредно и опуштено. Агентот секогаш ми велеше:" Никогаш не знаеш со кого ќе снимаш после тоа ", напишала Ратајковски.

По снимањето во долна облека, фотографот, наводно, и рекол: „Ајде да пробаме сега без облека“.

Just dropping in

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

"Само што се соблеков , дел од мене се изгасна. Почнав да лебдам, гледав како се враќам во креветот. Се свртев со грбот, ги стиснав усните, размислував како ја гледам камерата. Блесоците беа толку силни и испив толку многу вино, што црни дамки пред ми се гледаа пред очите“, напиша таа.

Кога шминкерката заспала, Ратајковски признава дека се чувствувала многу будна, но и „многу, многу пијана“. Таа и Ледер се покриле со ќебе на каучот, тврдејќи дека тој потоа започнал да ја испрашува за нејзините момчиња и ја гледал како ги трие нозете за да се стопли.

"Тој рече дека му се допаѓа тоа што го правам со нозете, јасно го паметам тој момент. Мразев што тој коментираше за нешто што го правев за да се утешам. Повеќето подоцна ми беше во магла, освен за тоа како се чувствував. Не се сеќавам дека се бакнував, но се сеќавам на неговите прсти во мене. Тој ги туркаше и ги туркаше како што дотогаш никој никогаш не ме допрел, ниту од тогаш. Навистина ме болеше.“, напиша таа.

monday💤

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Ратајковски тврди дека ниту Ледер ниту Imperial Publishing немале право да ги користат тие фотографии во книгата.

Ледер негираше сè, велејќи дека нејзините обвинувања се „премногу ефтини и детски“.

"Дали сте свесни за кого зборуваме? Таа девојка во тоа време беше гола во магазинот„ Treats! " и гола скокаше во видеото на Робин Тик. Вие навистина сакате некој да верува дека таа е жртвата?" изјави тој за Њујорк магазин.

Неговиот портпарол тврди дека Ратајковски знае дека нема законска основа да се запре објавувањето на фотографиите и затоа го обвинила за сексуално злоставување.

Поради ,,Јанос”, град во Грција стана европски рекордер(ВИДЕО)

Бурата ,,Јанос” позната како медитерански ураган денеска ја погоди западна Грција и поплави улици, сруши дрвја и ги остави островите Кефалонија, Закинтос и Итака без електрична енергија.

Противпожарните служби излегоа на 60 интервенции, претежно да испумпуваат вода од домовите и продавниците. Брод потона во Кефалонија поради големите бранови.

Градоначалникот на Кефалонија, Теофилос Михалатос рече дека никој не е повреден, но оштетени се домовите, транспортната инфраструктура и системите за водоснабдување. Слично е и на Закинтос и Итака каде многумина останаа без електрична енергија.

Бурата Јанос, која го погоди полуостровот Пелопонез, се чини поблага од очекуваното, соопштија метеоролозите.

„Циклонот ќе остане на запад со еднаков интензитет помеѓу шест и девет часот, а потоа, ослабен, ќе започне да се движи кон југ“, рече заменик-началникот за цивилна заштита, Никос Хардалиас.

Невремето може да ја погоди и централна Грција, каде се очекуваат обилни дождови, додаде Хардалиас.

Властите соопштија дека интензитетот и насоката на циклонот не може точно да се предвидат. Циклоните за прв пат се појавија во Грција во 1995 година, а се почести во последниве години.

Слично невреме ја погоди Грција во 2018 година, во поплавите во 2017 година загинаа 25 лица, а стотици останаа без покрив над главата.

Влијанието на ураганот Јанос може да се забележи и на количината на врнежи во Грција. Така, градот Ламија го урна европскиот рекорд со 142 мм врнежи на метар квадратен, следена од аеродромот Андравида со врнежи од 60 мм.

На четврто место е повторно локација од Грција, аеродромот Келфанија со 53,5 мм врнежи.

притисни ентер