ЗОИ 2018: Далмаер го освои второто злато и ги обедини титулите во спринт и потера - Канал 5

ЗОИ 2018: Далмаер го освои второто злато и ги обедини титулите во спринт и потера

Германката Лаура Далмаер го освои второто злато на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг и првпат во женска конкуренција ги обедини олимписките титули во спринт и потера.

ЗОИ 2018: Далмаер го освои второто злато и ги обедини титулите во спринт и потера
Далмаер денеска триумфираше и во потера на десет километри, а во саботата стигна до првото злато во кариерата во спринт на 7,5 километри.

Натпреварувачката од Словачка, Анастасија Кузмина заврши како втора, а Анаис Бескон од Франција мораше да се задоволи само со бронза.

Далмаер ја потврди доминацијата на Германците во бијатлон на игрите во Пјонгчан, откако и Арнд Пајфер го освои златото во спринт во машка конкуренција. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова кривична за Стевчо Јакимовски: Издавале одобрение за градба иако ДУП-от бил поништен

Нова кривична пријава од МВР доби екс градоначлникот на Карпош Стевчо Јакимовски.

Нова кривична за Стевчо Јакимовски: Издавале одобрение за градба иако ДУП-от бил поништен

Тој е осомничен дека потпишувал договори со инвеститори за регулирање на надоместокот за уредување на градежно земјиште без да изврши увид дека тие договори се однесуваат на барања поднесени за локација за која деталниот урбанистички план бил укинат и за кои самиот дал насоки да не се издаваат одобренија за градење.

Освен Јакимовски, со пријават опфатени се и раководителката на секторот за урбанизам и вработена во иститот сектор кои на инвеститорите им ги издале одобрениета за градење..

Јакимовски веќе е осуден за затворска казна за злоупотреба на службена положба, но Врховниот суд го врати предметот на повторно одлучување и наскоро се очекува да излезе од затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Миротиќ со изненадувачки трансфер во Валенсија

Еден од најдобрите европски кошаркари во последните неколку години, досегашниот член на Монако, Никола Миротиќ  останова во Евролигата и следната сезона ќе игра во Валенсија, потврди шпанскиот клуб.

Миротиќ со изненадувачки трансфер во Валенсија

Миротиќ беше без клуб ова лето откако го напушти Монако, но пред почетокот на новата сезона постигна договор со Валенсија.

„Здраво, Валенсија. Слушнав дека барате играч на позиција четири, па еве ме мене“, изјави Миротиќ во објавата за неговото доаѓање на социјалните мрежи.

Триесет и петгодишниот кошаркар минатата сезона настапуваше за Монако и остваруваше просек од 11 поени, 4,3 скока и 1,4 асистенции на 31 натпревар во Евролигата. Тој имаше одличен процент на шут за три поени од 39,3 отсто и минуваше по 19,1 минута на теренот по натпревар.

Неговата иднина беше неизвесна по големите финансиски проблеми на Монако. Миротиќ на крајот го напушти клубот, кој потоа остана без место во Евролигата по само една сезона помината во елитното европско натпреварување со искусниот крилен центар во составот.

Миротиќ ја започна својата сениорска кариера во Реал Мадрид, а во 2014 година се пресели во НБА. Во текот на шест сезони во најсилната лига во светот, тој настапуваше за Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс.

На 319 натпревари во регуларниот дел од сезоната во НБА, тој имаше просек од 12,3 поени и 5,9 скока. Тој се врати во европската кошарка во 2019 година, кога потпиша за Барселона.

Токму во каталонскиот клуб ја одигра една од најдобрите сезони во кариерата, освојувајќи ја наградата за најкорисен играч (МВП) на Евролигата во сезоната 2021/22.

По заминувањето од Барселона во 2023 година, Миротиќ помина две сезони во Олимпија Милано пред да се пресели во Монако минатото лето.

И покрај големиот број индивидуални признанија и трофеи освоени на домашната сцена, на Миротиќ сè уште му недостасува највредната европска клупска титула – онаа на шампион во Евролигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план

Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план.

Манасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план

Со години гледаме како мал дел на корумпирани судии и обвинители работеа под принципот за едни законот да важи веднаш, а за луѓето на СДС и ДУИ, предметот да заврши поинаку.

На судиите и обвинителите кои мислат дека и понатаму можат да одработуваат за старите центри на моќ, треба да им биде јасно дека времето на СДС и ДУИ заврши, а мора да заврши и времето на нивната заштита во правосудството.

Македонија заслужува независно судство и обвинителство, а не политички бастион.

Не може за случајот со модуларната болница да нема виновници. Не може за случајот Ласкарци да се укине пресудата. Не може за случајот Мазут, вреден 167 милиони евра, да нема ниту истрага.

Токму затоа довербата во правосудството е на дното.

А правда мора да има. Одговорност мора да има и законот мора да важи еднакво за сите.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер