ЗОИ 2018: Австријка триумфираше во дебито на „биг ер“

Австриската сноубордерка Ана Гасер триумфираше во своето деби во дисциплината „биг ер“ во програмата на Олимпијадата. Светската шампионка Гасер собра 185,00 поени од најдобрите две серии во финалето.

Австријка (26) минатата недела заврши 15-та во дисциплината „слоупстајл“ во Пјонгчанг, но овој пат не даде шанси за натпреварувачите. Американката Џејми Андерсон, двократна олимписка шампионја во Сочи 2014 и Пјонгчанг 2018, остана на второ место со 177,25 поени.

Трета е 16-годишната Зои Сандовски со 157.25 поени, откако донесе втор медал на Нов Зеланд во историјата на зимските олимпијади и прв од 1992 година.

Сноуборд, „биг ер“, жени:

1. Ана Гасер (Австрија) - 185.00 поени

2. Џејми Андерсон (САД) - 177,25

3. Зои Сандовски (Нов Зеланд) - 157.50

4. Реира Јуабучи (Јапонија) - 147.50

5. Сина Кандријан (Швајцарија) - 140.25

6. Силе Норендал (Норвешка) - 131.50. 
притисни ентер