Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк - прв муслиман на функцијата - Канал 5

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк - прв муслиман на функцијата

Левичарскиот демократ Зоран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк, според проекциите на американските медиуми објавени доцна синоќа.

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк - прв муслиман на функцијата

Со преброени над 97 отсто од гласовите, 34-годишниот кандидат обезбеди недостижна предност, објавија неколку американски медиуми, повикувајќи се на податоци од Изборната комисија на Њујорк.

Неофицијалните резултати на веб-страницата на Комисијата покажуваат дека Мамдани освоил 50,4 отсто од гласовите, поранешниот демократски гувернер Ендрју Куомо 41,6 отсто, а републиканецот Куртис Слива 7,1 отсто, со помалку од 3 отсто од гласовите што остануваат да се пребројат.

Доколку резултатот биде потврден, Мамдани би станал првиот муслиман градоначалник на Њујорк – и еден од најистакнатите избрани противници на американскиот претседател Доналд Трамп.

Мамдани, член на Демократските социјалисти на Америка (Democratic Socialists of America), ја центрираше својата кампања на решавање на зголемените трошоци за живот во Њујорк. Тој вети контрола на кириите, како и бесплатен автобуски превоз и бесплатна грижа за децата, што планира да го финансира преку повисоки даноци за богатите и за корпорациите.

Покрај тоа што е културна и економска сила, Њујорк Сити има значителна политичка тежина, со население од околу осум милиони жители.

Според проекциите, Мамдани го победи Куомо за околу девет процентни поени. Куомо, кој настапи како независен кандидат по поразот на демократските примарни избори од 34-годишниот ривал, веќе го призна поразот.

Повеќе од два милиони жители на Њујорк гласаа - што е највисока излезност на избори за градоначалник од 1969 година, според изборните претставници.

Актуелниот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс, поранешен демократ кој е на функција од 2022 година, се повлече од кандидатурата за втор мандат по корупцискиот скандал и други проблеми.

Победата на Мамдани ги предизвикува воспоставените структури на моќ во американската политика. 34-годишниот кандидат - кој заедно со семејството се пресели во метрополисот на источниот брег од Уганда на возраст од 7 години - претставува јасен прекин од традиционалната центристичка линија на Демократската партија и стана политичка мета за Трамп и републиканците, коментира германската агенција ДПА.

Неговата кампања во најголем дел се потпираше на мали донации - намерен сигнал против влијанието на големите донатори, кои Мамдани ги критикува во двете партии.

Тој доби силна поддршка од младите гласачи, синдикатите и заедниците со имигрантско потекло.

Набљудувачите очекуваат победата на Мамдани да поттикне внатрешна дебата меѓу демократите: помеѓу оние што сакаат да ја свртата партијата остро кон левицата за да се соочат со Трамп и оние што залагаат за попумерен курс.

Политичките сојузници на Мамдани, вклучително сенаторот Берни Сандерс и пратеничката Александрија Окасио-Кортез, велат дека исходот докажува дека левичарските политики можат да освоат мнозинска поддршка во Соединетите Американски Држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер