ЗНМ поднесе пријава до ОЈО Скопје за заканите кон новинарот Видиновски на социјалните мрежи - Канал 5

ЗНМ поднесе пријава до ОЈО Скопје за заканите кон новинарот Видиновски на социјалните мрежи

Закани за уредникот на Канал 5 - ЗНМ поднесе пријава до Обвинителството

ЗНМ поднесе пријава до ОЈО Скопје за заканите кон новинарот Видиновски на социјалните мрежи

По вчерашната емисија Само Вистина, новинарот и уредник Александар Видиновски добил закана преку својот профил на Facebook од извесен корисник.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост реагира и поднесе пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје во врска со заканата упатена кон новинарот и уредник Александар Видиновски од Канал 5 телевизија, по емисијата Само вистина емитувана вчера.

По вчерашната емисија Само Вистина, новинарот и уредник Александар Видиновски добил закана преку својот профил на Facebook од извесен корисник. Во коментарот било наведено: „Внимавај што зборуваш, немој да пливаш во длабоки води за да не се удавиш.“

ЗНМ бара од надлежните институции итна и ефикасна реакција, со цел да се утврди одговорноста на сторителот и да се обезбеди заштита на новинарите од вакви притисоци. Ваквите закани претставуваат директен атак врз слободата на медиумите и имаат за цел да ги заплашат новинарите во извршувањето на нивната работа.

ЗНМ ќе продолжи да инсистира на правна разрешница на овој случај и на обезбедување безбедни услови за работа на новинарите во земјата.

Безбедноста на новинарите е од најголема важност за  функционирање на демократијата.

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно лице за даночно затајување

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против А.А поради основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување по член 279 став 2 од КЗ.

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно лице за даночно затајување

- Пријавениот А.А во својство на управител и сопственик на „Друштво за производство, трговија и услуги АРМАН КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје”, во периодот од 01.01.2020 година до 25.12.2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, набавената трговска стока (јаткасти производи), евидентирана на залиха во вредност од 53.257.786 денари, неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во сметководствената евиденција како кусок, при што пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 5 % во износ од 2.662.889 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 5.325.778 денари, а за застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 40.903.524 денари (краткорочни), а кои потекнуваат од 2020 година и не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект за 2023 година, пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 4.090.352 денари, соопштија денеска со Управата за финансиска полиција.

Со намера да ги прикрие инкриминираните активности, се додава во соопштението, пријавениот не изготвил и не поднел Завршни сметки за 2021 година, 2022 година и 2023 година, до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Македонија со што не пресметал, не пријавил и не уплатил даноци по разни основи во вкупен износ од 12.079.019 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Македонија.

УЕФА може да направи промени во новиот формат на Лигата на шампионите

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) размислува за неколку измени во новиот формат на Лигата на шампионите.

УЕФА може да направи промени во новиот формат на Лигата на шампионите

Како што пишува „Билд“, УЕФА може да ги укине продолженијата во натпреварите од плејофот.

Покрај тоа, осумте најдобри клубови на крајот од првата фаза може да добијат право да ги одржат реванш натпреварите од плејофот на нивниот домашен терен.

Од сезоната 2024/25, нема веќе групи во првата фаза и наместо 32 екипи, учествуваат 36 кои формираат единствена табела. Секоја екипа игра осум натпревари, како резултат на кои првите осум на табелата одат директно во осминафиналето на турнирот, а уште 16 клубови играат во плејоф рундата.

„Гответе со Дракче“ - Тортилја пица

Во среда (23.04.2025) во емисијата гостин ни бeше Јелена Спенџарска

„Гответе со Дракче“ - Тортилја пица

Состојки за денешниот рецепт:

1 мала тортилја

2 јајца

1 ќесичка „бејби“ спанаќ

5 - 6 шери доматчиња

150 гр. рендан кашкавал

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

притисни ентер