ЗНАМ: Три дена молк на СДСМ за деловните релации на Венко и Заеви во Бугарија - Канал 5

ЗНАМ: Три дена молк на СДСМ за деловните релации на Венко и Заеви во Бугарија

Бидејќи по вчерашната прес конференција на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, немаше никаков одговор од раководството на СДСМ, денес повторно ги прашуваме Венко Филипче и СДСМ:

ЗНАМ: Три дена молк на СДСМ за деловните релации на Венко и Заеви во Бугарија

Зошто молчат за фирмите и деловните релации во Бугарија?

Молкот на СДСМ и Венко Филипче само дополнително ги засилува сомнежите во јавноста дека зад нивните политики и ставови не стои никаква принципиелна борба за европска иднина, туку заштита на бизнис интереси и лични врски со Бугарија.

Доколку нема што да кријат, тогаш нека излезат пред македонската јавност, нека го погледнат народот во очи и нека ја кажат вистината за целта, сопственичката структура и работењето на овие фирми.

Прашуваме повторно:

* Дали Венко Филипче е сопственик или поврзано лице со фирмата „ПАУЪР

АЙ8“ ЕООД / POWER i8 Ltd. во Петрич, со дејност поврзана со недвижности?

* Дали семејството Заеви е поврзано со фирмата „ГОМАСИДРА“ ЕООД /

GOMASIDRA Ltd., исто така регистрирана во Петрич?

* Колку фирми на лица блиски до поранешното и сегашното раководство на

СДСМ се регистрирани на иста адреса во Петрич?

* Какви бизниси и економски интереси имаат овие структури во соседна

Бугарија?

Одважи се Венко, покажи го вистинското лице!

Граѓаните имаат право да ја знаат вистината, не само за фирмите, туку и за тоа што навистина стои зад нив.

А најмногу вистината ја заслужуваат членовите и симпатизерите на СДСМ, луѓето кои искрено веруваат, вложуваат емоција и доверба во партијата и во нејзиното раководство. Тие не смеат да бидат оставени во дилема или да бидат последни што ја дознаваат вистината за тоа кому всушност му служи бугарофилската политика што ја поддржуваат.

Осум години додека беа на власт, СДСМ ја отвори вратата за најголемите национални порази и наместо црвени линии, поставуваа црвени теписи за туѓи агенди кои длабоко го разнишаа достоинството на македонскиот народ.

Македонија заслужува да знае дали зад европската реторика на СДСМ се крие истата политика на отстапки, сервилност и поданост кон туѓи интереси.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи јавно и отворено да ги поставува овие прашања сè додека јавноста не добие целосни и транспарентни одговори.

Центар за комуникации и аналитика

Движење ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче одбива оставка: Барањата на иницијативата се нечесни и се обид за пуч

Филипче нема да отстапи од барањата на Платформата, оставка вели, нема да поднесе но е подготвен за средба со нив..

Филипче одбива оставка: Барањата на иницијативата се нечесни и се обид за пуч

Лидерот на СДСМ цени дека намерите на актуелните и поранешни сопартијци биле нечесни и дека станувало збор за пуч

Имам легитимен мандат, со секој од нив сме имале поединечни средби, имале и можност да се кандидираат на партиски функции, вели Филипче. Тој адресира сериозни обвинувања кон дел од членовите на иницијативата 12 и 5, во очи нивниот утрешен собир од кој како што најавија ќе објават конкретни чекори за спас на СДСМ и смени на раководството.

Членовите на платформата најавија дека планот прво ке му го презентираат на Филипче , со оглед на како што ценат неможноста на актуелното раководство да ја обедини партијата ниту пак да создаде победнички СДСМ наспроти актелната власт на ВМРО-ДПМНЕ за која исто така сметаат дека покажала еден од најслабитре резулатти на една владеачка гарнитура досега..

Ќуркчиев пак во мегувреме очекува Филипче да ги демантира и јавно да се извини во однос на како што вели тој злонамерните невистини, во спротивно најавува тужба против него..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Софија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од Скопје

Остава ли простор Софија за вклучување на европски посредник во дијалогот со Македонија. Бугарија била и останува отворена за конструктивен дијалог, но под веќе утврдените процедури.

Софија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од Скопје

Бугарското МНР, со внимателно обликуван дипломатски јазик, одговара на повикот на шефот на дипломатијата Муцунски во сите идни разговори со Бугарија да биде присутна Европската Унија или земја членка. Очекуваме Македонија да ги исполни обрските и да ги започне потребните промени, се вели во писменото соопштение на бугарското МНР.

-Процесот на пристапување на Македонија кон Европската Унија е европско прашање кое треба да се разгледува во рамките на европските институции и во согласност со утврдените правила и процедури. Бугарија отсекогаш била и останува отворена за конструктивен дијалог. Гледаме дека голем број земји-кандидатки постигнуваат значителен напредок во исполнувањето на своите обврски, вклучително и во услови на комплицирана безбедносна средина.

За политичкиот аналитичар Марко Трошановски, во пораката на Софија нема значително поместување од позициите, но влева оптимизам дека работите можат да се поместат од мртва точка.

-Мислам дека е доволно општа да остави простор за резерва околу медиумиските интерпретации дека Бугарија се огласил на европска медијција, но и доволно неконкретна за биде ветувачка дека можеби ќе се остави креативен простор за подобрување на односите со присуство на еу или одредена земја членка., вели Марко Трошановски, политички аналитичар.

Иницијативата на Македонија за посредство на Брисел не е нова, но се интензивира во момент кога се очекува да биде објавена новата стратегија за проширување од страна на Европската Комисија, која според Трошановски, може да даде дополнителен импулс ако подиректно се вклучи за надминување на разликите со Софија.

-Мислам и те како дека треба Комисијата да е присутна. Многу ќе биде поволно за подобрување на климата ако ЕК изнајде начин или даде зелено светло на директно присуство на нејзини претставници во односите меѓу двете земји. , вели Трошановски.

Кој е ставот на Брисел ќе биде појасно следниот петок, кога во посета на Скопје доаѓа шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дел Лајен во рамките на балканската турнеја. Како што денеска соопшти Комисијата, таа ќе се сретне со претсеателката Сиљановска и со премиерот Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Папата се спротивставува на забраната на Трамп: Медиумите мора да имаат пристап

За време на летот од Рим кон Париз, Папата повторно ја изрази својата поддршка за слободата на медиумите.

Папата се спротивставува на забраната на Трамп: Медиумите мора да имаат пристап

Тој ја коментираше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да им забрани пристап до Белата куќа на новинарите од Си-ен-ен и од неколку други медиуми, пренесува Ројтерс.

Папата не го спомна Трамп по име, но ја истакна виталната важност на работата на медиумите. Тој претходно го предизвика гневот на Трамп со своите критики во врска со војната во Иран. „Мило ми е што сите сте добредојдени овде“, им рече Папата на новинарите. „Сметам дека е исклучително важно сите да можат да известуваат и тоа да го прават целосно.“

Во меѓувреме, Белата куќа вчера објави дека им ги враќа акредитациите за известување на новинарите од Си-ен-ен, Ем-ес-ен-би-си и „Политико“. Оваа одлука уследи по пресудата на федералниот судија дека забраната за пристап веројатно е неуставна.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер