ЗНАМ : СДСМ со дефокусирање и манипулации ги прикрива од јавноста сопствените криминали - Канал 5

ЗНАМ : СДСМ со дефокусирање и манипулации ги прикрива од јавноста сопствените криминали

ЗНАМ За наша Македонија: СДСМ со дефокусирање и манипулации ги прикрива од јавноста сопствените криминали

ЗНАМ : СДСМ со дефокусирање и манипулации ги прикрива од јавноста сопствените криминали

Манипулиравте и клеветевте и во 2021 година. И денеска ја гледаме репризата на истото. Неосновани се обвинувањата изнесени на прес конференцијата од поранешната претседателка на Советот на Општина Куманово Мургашанска.

Истите клевети на овие теми ги изнесуваа за време на локалните избори во 2021 година кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски, кој изгуби катастрофално на локалните избори, како и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Лидија Трајковска.

Со правосилна судска пресуда беа осудени, се извинија и платија штета.

Истото ќе се случи и во овој случај со Мургашанска.

Неосновани се обвинувањата, бидејќи станува збор за земјиште купено со купопродажен договор од физичко лице во 2010 година, во време кога Димитриевски не беше градоначалник и е уредно пријавено во неговиот анкетен лист, како и целиот негов имот. Истото земјиште, кое се наоѓа во

делот на градот за којшто опфат е сменет урбанистичкиот план и намената на земјиштето, а согласно проценките на општината и пазарната цена, вредноста на истото е покачена, на кој што износ од страна на сопствениците уредно се плаќа данок на промет по реална пазарна вредност. Тоа земјиште било предмет на размена за имот – стан купен со купопродажен договор и платен со банкарска трансакција и платени сите давачки.

Употребна дозвола за изграден објект не издава општината, а најмалку градоначалникот, туку тоа е во надлежност на техничкиот надзор на објектот со конечниот извештај за градба којшто се спроведува во

катастар.

Поранешна претседателка на Советот, Мургашанска треба ова да го знае, а не во континуитет да продолжува да ја манипулира јавноста.

Ова е само уште еден доказ дека соочен со фактот дека СДСМ повторно ќе изгуби во Куманово, но овој пат и во целата држава на следните локални избори, а сакајќи да ги прикријат од јавноста актуелните теми за криминалите и златните визи на Филипче и фамилијата Заеви и останатите функционери на СДСМ, дефокусираат и повторно во празно манипулираат и обвинуваат.

И за овој случај ги повикуваме надлежните органи на истрагата да отворат постапка, иако знаеме дека претходно веќе имаат водено, и доколку утврдат било каква неправилност да побараат одговорност.

Сакаме Филипче да го потсетиме дека се уште и должи одговор на јавноста како, на кој начин и за коипотреби и цели извадил златната виза во Дубаи.

Движење ЗНАМ За наша Македонија - Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заладување во Македонија: Следната недела студени утра и снег на повисоките места

Од утре драстично заладување и најава за снежни врнежи на повисоките места и планините.

Заладување во Македонија: Следната недела студени утра и снег на повисоките места

Од УХМР посочуваат дека од вторник утринските температури ќе се спуштат под нулата насекаде низ државата, а од вечерва се најавуваат и врнежи со засилен ветер во западниот дел од Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еди Рама ја дообјасни изјавата дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот устав

Албанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска.

Еди Рама ја дообјасни изјавата дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот устав

Албанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска- албанскиот премиер Еди Рама ја дообјасни неговата последна изјава за бугарската национална телевизија кадешто кажа дека треба да има уставни измени, а за која рече дека парцијално се пренесувала.

Вели дека ги споменал и претходните отстапки со промена на името и дека за него е нормално Македонија да има сомнеж за следни блокади, потенцирајќи дека тој секогаш гласно се залагал за македонските евроинтеграции.

Македонскиот премиер Мицкоски пак рече дека како Влада се свесни за реалната состојба со преговорите, но дека за успешен процес е потребно да има доверба. Оптимист е дека набрзо и Македонија и Албанија ќе седнат на иста маса во Брисел со земјите членки на унијата.

На Ќафасан Рама беше прашан и зошто постојано ги потенцирал пријателските односи со политичарите од Македонија како Мицкоски и Ахмети, а никогаш не реагирал за прашања кои ги засегаат Албанците, како судскиот случај Монструм.

Рама одговори дека не треба да се поминат границите со мешање во внатрешните прашања бидејќи Македонија е независна и суверена држава, а тој лично уверува дека никогаш нема да прави политичка кампања преку Албанците во Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Едношалтерска контрола на граничниот премин „Ќафасан“ - стартуваше системот „one stop shop“

Крај за двојните запирања на границата со Албанија. Од денеска на преминот Ќафасан кај струга стартува системот „Оne stop shop“, со кој патниците ќе поминуваат само една заедничка гранична контрола, наместо да запираат на двете страни од границата..

Едношалтерска контрола на граничниот премин „Ќафасан“ - стартуваше системот „one stop shop“

Целта е помалку чекање, побрз проток на патници и стока и поедноставни гранични процедури. Системот го промовираа премиерите на двете земји, Христијан Мицкоски и Еди Рама, кои најавија понатамошно унапредување на соработката и ваков систем и на другите премини кон Албанија.

На граничниот премин Ќафаса само лани се регистрирани 2,3 милиони преминувања на патници што е повеќе од половина од регистрираните преминувања кон Албанија. Со ова олеснето преминување се очекува развој на туризмот и помали трошоци за стопанството.

Македонија ваков модел на заеднички контроли со едно застанува прв пат воведе со Србија во 2019 година на преминот Табановце, а со Косово на преминот Блаце е воведена од лани.

Со воведувањето на системот и со Албанија, се прави уште еден чекор кон поедноставно движење меѓу земјите во регионот. Особено значајно е тоа за Коридорот 8, кој ги поврзува Македонија и Албанија и претставува важна транспортна и економска врска меѓу Јадранското и Црното море.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер