ЗНАМ: СДСМ е во паника и прави дефокус од сопствените корупциски афери - Канал 5

ЗНАМ: СДСМ е во паника и прави дефокус од сопствените корупциски афери

СДСМ е во паника. Ова не е политика, ова е дефокус од вашите корупциски афери. 

ЗНАМ: СДСМ е во паника и прави дефокус од сопствените корупциски афери

Нема ништо скриено, се е јавно, нема ништо незаконско, се може да се провери. Куманово е пример дека може поинаку. Ние ќе продолжиме да работиме чесно и одговорно, рече попладнево портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов по повод обвинувањата на СДСМ дека лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски е поврзан со „најголемиот урбанистички корупциски скандал во Куманово“.

Мемов на прес-конференција во партискиот штаб во Скопје истакна дека СДСМ се враќа назад, на старите патеки и повторно ја презема улогата на кочничар на економскиот развој на Македонија.

-За ЗНАМ денешниот прес организиран од новата и веќе етаблирана коалиција помеѓу СДСМ и Левица, во интерпретација на сомнително лице со документирани здравствени проблеми од психолошка природа, за кое не сме сигурни дека ја консумирала потребната дневна доза лекови, е дежаву на настаните од пред четири години, за време на локалните избори во 2021 година. СДСМ е партија во паника. Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа, во својата безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската политичка сцена, отвораат стари теми кои се отворени и затворени за јавноста пред повеќе од девет месеци, истакна Мемов.

И тогаш и сега, посочи, токму пред локалните избори кои треба да се одржат во октомври, на маса е истото неуспешно сценарио организирано од СДСМ.

-И тогаш, и сега обвинувањата беа исти, и тогаш и сега СДСМ ќе доживее дебакл на Локалните избори во Куманово и во цела Македонија. Би сакале да ја потсетиме јавноста дека од страна на поранешната Влада, еден од најголемите инвестициски проекти во Македонија, кој вреди стотина милиони евра беше опструиран и закочен. Компанијата ЛИДЛ и нивната инвестиција во индустриската зона Нивини и Речица во Куманово е една од стратешките развојни активности како за Куманово, така и за Македонија, која треба да обезбеди нови работни места и економски раст во регионот. На крајот од мандатот на поранешната Влада, сакајќи да обезбеди политички поени пред Парламентарните избори минатата година ја промовираше оваа капитална инвестиција и беа првите лопатари на чело со поранешниот премиер Димитар Ковачевски. Не ни е јасно зошто тогаш ЛИДЛ беше одлична, а сега е непосакувана инвестиција, истакна портпаролот на ЗНАМ.

Според него, во континуитет СДСМ се води од народната поговорка „крадецот вели, држете го крадецот“.

-Заробена во своите навики дека од секоја приватна инвестиција треба да извлече личен бенефит и профит или народски кажано да рекетира, СДСМ обвинува дека тоа го прават другите. Ние од ЗНАМ сме различни од нив и тоа безброј пати сме го докажале. Ние сме дома, во Македонија, а не во Дубаи на журките на Хариз Џиновиќ, не градиме облакодери во Дубаи, ние градиме за граѓаните на Македонија. Ние ниту сме Зоран Заев кој направи милиони евра од ископите во РЕК Битола (за кои сега има постапки), ниту сме Венко Филипче кој земаше провизии за набавка на вакцини, реагенси и респиратори во ковид кризата. Додека институциите ги отвораат вистинските скандали од вашето време – тендери, проневери, договори во четири очи и партиски вработувања – вие се обидувате да го одвлечете вниманието на јавноста со напади врз градоначалникот на Куманово, нагласи Мемов.

Дополни и дека денес, по децении запоставеност, Куманово е препознаен како пример за локален развој.

-Прв пат, како никогаш досега градот добива сериозни странски инвестиции. Се отвораат нови работни места. Се гради. Се живее со надеж. ЗНАМ ќе продолжи без страв, без компромис. Нема да се повлечеме. Ќе продолжиме да го градиме Куманово и да работиме за секој граѓанин, чесно и одговорно. Ќе ја продолжиме битката за локална и национална промена, заснована врз вистина, работа и интегритет. ЗНАМ ќе биде на страната на правдата, законот и граѓаните, подвлече Мемов.

Советничката на СДСМ во Советот на општина Куманово Атина Мургашанска денеска на прес-конференција рече дека „ЗНАМ е движење за корупција и богатење на нивниот претседател Максим Димитриевски“. Обвини дека Димитриевски со поддршка на ДУИ му „наместил“ ДУП на својот кум.

-Преку политички притисок и манипулации се изгласа измена на Деталниот урбанистички план на просторот кај поранешен ЧИК Куманово од над 40 000 метри квадратни државно земјиште, под изговор за инвестиција на „Лидл“. Големиот поборник за правда Димитриевски, кој својата кариера ја изгради противејќи се на ДУИ, сега во соработка со советниците токму на ДУИ, си изгласа ДУП, со кој очигледно дебело се офајди со 350 000 евра. Ова што го режираше Димитриевски, поддржан од советниците на ДУИ, треба да влезе во книгите за организиран криминал и корупција, инфрмира Мургашанска и упати директно прашање до премиерот Мицкоски, зошто Максим Димитриевски има право да си соработува со ДУИ за свои интереси, а Таравари не смее.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени инспекциски контроли во Општина Бутел

Денес се спроведуваат засилени инспекциски контроли на територијата на oпштина Бутел, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и министерството за внатрешни работи. 

Засилени инспекциски контроли во Општина Бутел

Под засилен инспекциски надзор се повеќе објекти за кои постојат основи за сомневање дека работат спротивно на законските прописи. Се вршат проверки на градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, дозволите за поставување и користење тераси, како и почитувањето на останатите законски обврски. Истовремено, се спроведуваат и засилени сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за непрописно паркирани возила на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел воспоставување ред, безбедност и почитување на законските прописи. Во општина Бутел нема селективност во спроведувањето на законите. Редот и законитоста се обврска за сите граѓани.

Општина Бутел

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓани

Со вакцина против сезонски грип, досега, заклучно со 23.11.2026, се вакцинирани вкупно 28.035 граѓани, а преку електронска пријава на „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓани

Закажани се 54.778 термини, од кои 23.225 се претстојни во наредниот период. Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто.

Дополнителните над 26.000 дози се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата.

Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата од 6 месеци до 5 години.

Министерството за здравство ги повикува граѓаните од ризичните групи да се вакцинираат и навреме да се заштитат.

Граѓаните кои добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година

 Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.

Приведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година

На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер