ЗНАМ: Пржинската влада е анахронизам, државните интереси мора да бидат над партиските калкулации - Канал 5

ЗНАМ: Пржинската влада е анахронизам, државните интереси мора да бидат над партиските калкулации

Движењето ЗНАМ ја поздравува иницијативата за одржување лидерска средбa.

ЗНАМ: Пржинската влада е анахронизам, државните интереси мора да бидат над партиските калкулации

На денешната лидерска средба, одржана на иницијатива на претседателот на Владата, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија беше претставено од генералниот секретар на партијата и министер за јавна администрација Горан Минчев, како и од координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, Бобан Карапејовски.

Движењето ЗНАМ ја поздравува иницијативата за одржување лидерска средба како одговорен и државнички чекор, насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во период кога пред државата стојат клучни одлуки од стратешко значење.

Во рамки на средбата беа отворени повеќе суштински теми, по кои Движењето ЗНАМ ги изнесе своите јасни и принципиелни ставови.

Во однос на Законот за Влада и постоењето на техничката, односно таканаречената Пржинска влада, ставот на Движењето ЗНАМ е јасен, таа треба да биде укината.

„Таканаречената Пржинска влада беше воведена како привремено решение и со јасна задача. Денес таа е анахрона и претставува кочница за функционирањето на институциите. Македонија има капацитет самостојно да организира кредибилни избори и затоа ова решение мора да биде укинато“ изјави Бобан Карапејовски, координатор на пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

По однос на Изборниот законик, Движењето ЗНАМ се залага за суштинска и праведна реформа со воведување една изборна единица, која ќе обезбеди еднаква вредност на гласот на секој граѓанин и пофер политичка застапеност. Истовремено, ЗНАМ инсистира на јасно и транспарентно уредување на финансирањето на политичките партии.

Во делот на реформските закони од областа на правосудството, како и останатите закони од реформската агенда, Движењето ЗНАМ дава силна и недвосмислена поддршка, со јасен повик за политички консензус околу овие прашања, како предуслов за владеење на правото и европската иднина на државата.

Во однос на изборот на Народен правобранител, ставот на ЗНАМ е дека оваа функција мора да ја извршува лице со висок професионален и морален интегритет, кое ќе биде вистински и независен заштитник на правата на граѓаните.

Дополнително, Движењето ЗНАМ се залага за побрзо донесување на Законот за прекршоци, со што ќе се зајакне правната сигурност и безбедноста на граѓаните.

„Лидерската средба ја гледаме како можност сите релевантни политички фактори да покажат зрелост и одговорност. Потребни ни се храбри, но државнички одлуки, изборни и правосудни реформи и јасен консензус околу европската иднина на Македонија. Интересот на државата и граѓаните мора да биде над се“ посочи Карапејовски.

Движењето ЗНАМ останува посветено на дијалогот, реформите и градењето на функционална, праведна и европска Македонија, во која интересот на државата и граѓаните ќе биде над сите партиски калкулации.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна мост во Романија; Сообраќајот веднаш прекинат

Мост над реката Тротуш во романскиот округ Бакау претрпе сериозни оштетувања во средата наутро, откако преку него помина тешко возило.

Се урна мост во Романија; Сообраќајот веднаш прекинат

Сообраќајот на државниот пат што ги поврзува Бакау и Меркуреа Чук е прекинат, а возачите се пренасочуваат кон алтернативни правци.

Инцидентот се случи во селото Чобануш, во општина Асау. Според информациите од надлежните служби, мостот над реката Тротуш попуштил откако преку него поминало тешко возило кое немало дозвола за движење на таа делница, пренесува „Телеграф“. „Пожарникари од Бакау беа повикани да интервенираат во селото Чобануш, во општина Асау, по инцидент во кој беше оштетен железен мост.

Немаше повредени лица“, соопштија во средата наутро од Инспекторатот за вонредни ситуации (ISU) на округот Бакау. Сообраќајот е запрен, а возачите се пренасочуваат кон алтернативни правци.

„За справување со ситуацијата, одредена е заобиколница за возилата. Во моментов, сообраќајот во областа го регулираат полициски службеници. Тимот за техничка поддршка ќе излезе на терен за да ја процени состојбата и да ги утврди потребните мерки“, соопштија од ISU Бакау.

Како што е наведено, состојбата ќе биде разгледана од Окружниот комитет за вонредни ситуации, кој е свикан за да се утврдат мерките потребни за воспоставување на сообраќајот и нормализирање на работата. Во погодената област е упатено возило на брза помош. Надлежните органи исто така презедоа мерки за да се осигури дека нема да дојде до доцнење на медицинските интервенции во областите погодени од прекините во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат

Низа неправилности и слабости во работењето на Државниот пазарен инспекторат утврдил Државниот завод за ревизија.

Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат

Недоволен број инспектори, нецелосна дигитализација и неизвесност околу контролите на безбедноста на производите се дел од забелешките.државниот пазарен инспекторат во 2024 година спровел 28.263 инспекциски надзори.од нив, 21.108 биле редовни, 5.106 вонредни, а 2.049 контролни надзори.надзорите ги спроведувале 148 инспектори, од вкупно 313 систематизирани работни места..

Изразено е неповолно мислење за финансиските извештаи за 2024 година. Утврдено е дека апликацијата „е-инспектор“ не е целосно ставена во употреба.

Не е воспоставена ниту единствена електронска база со методологија за проценка на ризик. Во периодот од 2022 до 2025 година, од пазарот биле повлечени 40 производи по лабораториски испитувања.

Ревизорите предупредуваат дека неизвесно е продолжувањето на овие контроли по завршувањето на проектното финансирање. Констатирани се и недостатоци во финансиската и материјалната евиденција.Ревизијата препорачува зајакнување на човечките ресурси, дигитализација и подобрување на инспекцискиот надзор.

Се препорачува и обезбедување услови за безбедно чување на одземените предмети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова порака до Иран од Брисел: „Престанете со нападите, отворете го Ормуз“

 Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во средата изјави дека го повикал Иран да ја обнови соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Нова порака до Иран од Брисел: „Престанете со нападите, отворете го Ормуз“

Кошта изјави дека разговарал со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и притоа го повикал Техеран да ја обнови соработката со ИАЕА. Претседателот на Европскиот совет исто така го повика Иран да ги запре нападите врз соседните земји и целосно да ја воспостави слободата на пловидба низ Ормускиот Теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер