ЗНАМ: Позадинските водачи на СДСМ од Муртино му ги креираат политиките на Венко Филипче - Канал 5

ЗНАМ: Позадинските водачи на СДСМ од Муртино му ги креираат политиките на Венко Филипче

Деновиве, македонската јавност е сведок на еден загрижувачки политички наратив кој доаѓа од раководството на СДСМ, а со кој се прави очаен обид за релативизација на прашања од врвен национален интерес.

ЗНАМ: Позадинските водачи на СДСМ од Муртино му ги креираат политиките на Венко Филипче

Кога зборуваме за раководство, не мислиме на формалните членови на партиските тела, кои служат само како декор, туку на муртинските центри на моќ кои од позадина му ги креираат политиките на Филипче.

Тезата дека „сите политичари се исти“ и дека поседувањето компании во странство е вообичаена пракса, претставува проѕирен маневар за да се прикријат вистинските мотиви зад политиките кои одат во прилог на бугарските позиции и да се заштитат огромните бизнис интереси, имотот и капиталот кои одредени структури ги поседуваат во Република Бугарија.

Постои фундаментална разлика помеѓу транспарентноста и молкот. За разлика од заглушувачкиот молк на Филипче и семејството Заеви, Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, јавно и недвосмислено потврди дека во 2015 година, во период кога не бил носител на никаква јавна функција на државно ниво, со свои деловни партнери основал компанија во Бургас, Република Бугарија.

Станува збор за компанија која од своето основање до денес практично нема остварено никаков промет, факт кој е лесно проверлив и во јавните регистри.

Овој чин на транспарентност е доказ за одговорноста што еден политичар ја има пред граѓаните.

Од друга страна, сведоци сме на целосен молк од страна на Филипче и семејството Заеви во врска со компаниите во Бугарија, чии податоци

Движењето ЗНАМ ги објави на прес конференција.

Јавноста сеуште нема одговор на овие прашања:

Дали ги поседуваат посочените компании, POWER i8 Ltd, GOMASIDRA Ltd. и дали на истата адреса во Петрич, ул. „Гоце Делчев“ бр. 12, се појавуваат и други фирми поврзани со лица од фамилијата Заеви: „ОРИЕНТ ГРУП“ ЕООД, „РАДИША ТРЕЈД“ ЕООД, „ФАРМА ЕУ БГ“ ООД и „МЕДИКАЛ 420 БГ“ ООД.

Со кои дејности се занимаваат тие?

Колкав е капиталот и имотот што го поседуваат во соседната држава?

Овој молк отвора низа легитимни прашања за поврзаноста помеѓу приватните бизнис интереси и застапувањето на државните позиции.

На што се должи необјаснивото инсистирање на Филипче за итна и безусловна промена на Уставот, по секоја цена и со прифаќање на сите услови наметнати од Бугарија?

Кој здраворазумен граѓанин на Македонија може да поверува во тезите дека однесувањето на официјална Софија не го загрозува идентитетот на македонскиот народ, посебноста на македонскиот јазик, култура и историја?

Само политичар кој е уценет или е во длабок конфликт на интереси може да застапува вакви политики на отстапки кои се директно спротивни на долгорочните национални и државни интереси на македонскиот народ и на сите граѓани на Република Македонија.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија цврсто и доследно стои на своите конзистентни ставови, јасно искажани во Платформата на националните црвени линии за македонското национално единство.

Нашиот став е принципиелен и непроменет, уставните измени, кои би го вклучиле бугарскиот народ и другите заедници во Преамбулата на Уставот, можат да стапат на сила исклучиво по приемот на Македонија како полноправна членка во Европската Унија, со целосни гаранции за заштита на нашиот идентитет, јазик и историја.

Секој поинаков пристап претставува откажување од националното достоинство и распродажба на највисоките државни интереси.

Центар за комуникации и аналитика Движење ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра.

Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството.

Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови.

Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа.

Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт Мол

Парфемот одамна ја надминува својата примарна улога на естетски додаток.

„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт Мол

Тој е дел од личниот идентитет, невидлив потпис што ги поврзува сеќавањата, емоциите и индивидуалниот стил. Токму оваа филозофија стои зад концептот на „BOÜDOIR – The House of Fragrance“, специјализирана парфимерија која со отворањето на својот нов продажен простор во Ист Гејт Мол во Скопје внесува поинаква димензија во домашната парфемска понуда.

По своето присуство во Битола, „BOÜDOIR“ ја продолжува својата приказна и во главниот град, претставувајќи внимателно селектиран свет на ниш парфимеријата, во кој автентичноста, креативноста и парфемското мајсторство имаат предност пред конвенционалните трендови.

Во понудата се застапени реномирани парфемски куќи како „Atelier Des Ors“, „Profumum Roma“, Birkholz, New Notes, Venti4, Vranjes, MEMO Paris и Fragrance Du Bois, чии мирисни композиции ја истражуваат границата помеѓу традиционалното парфимерство и современиот уметнички израз. Новиот простор е замислен како место за откривање и истражување на мирисите, каде што изборот на парфем не е само купување производ, туку лично искуство. Во време на масовна продукција и унифицирани естетски стандарди, „BOÜDOIR“ го афирмира индивидуалниот пристап кон луксузот, оној што не се дефинира исклучиво преку препознатливоста на брендот, туку преку карактерот, квалитетот и емоцијата што ги носи.

Со отворањето во „East Gate Mall“, Скопје добива уште една адреса за љубителите на селективната парфимерија и за сите што веруваат дека вистинскиот луксуз започнува таму каде што завршува предвидливото.

Бидејќи понекогаш највпечатливиот потпис не се гледа – туку се чувствува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер