МакедонијаЗНАМ поднесе закон со дозвола за автомобил да може да се вози и мотор чија зафатнина не е поголема од 125 м3Арсовски потенцира дека овој закон има за цел да мотивира и да поттикне што поголем број на граѓани својот автомобил при вршењето на секојдневните обврски да го заменат со мотцикл. Пратеничката група на ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, со кој се предвидува возачот кој поседува возачка дозвола од Б категорија, да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“, чија зафатнина на моторот не е поголема од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 КW, a соодносот на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 KW/кг. -Со овој Предлог на закон се предвидува возачот кој поседува возачка дозвола од Б категорија, да има право да управува мотоцикл со автоматски менувач од категоријата А1 согласно ЕУ регулативата, откако ќе наполни 23 години, поседува минимум пет години возачка дозвола од категорија „Б“ и посетува 4-часовна теоретска обука за безбедност при управување на мотоцикли во авто школа и која важи само на територијата на државата, изјави на прес-конференција пратеникот Павле Арсовски. Содржината на обуката, формата, содржината на потврдата и начинот на водење на евиденција за издадени потврди за посета на обуката ја пропишува министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена во рок од влегување на сила на овој закон. Автошколата ќе треба да ја издаде дозволата за посета на четири часа обука сообраќајни правила и прописи и го известува МВР. Арсовски потенцира дека овој закон има за цел да мотивира и да поттикне што поголем број на граѓани својот автомобил при вршењето на секојдневните обврски да го заменат со мотцикл. На новинарско прашање, Арсовски рече дека пратеничката група на ЗНАМ е обединета и останува компактна.Тагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00