Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
МакедонијаЗНАМ поднесе листи до ОИК Куманово за кандидатите за градоначалник и советнициАктуелниот градоначалник на Куманово и претседател на Движење ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски денеска поднесе кандидатура до општинската изборна комисија за нов мандат. Носител на кандидатската листа на советници е актуелната претседателка на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска. Претседателот на општинската организација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово, Даниел Стојчевски ќе биде шеф на општинскиот изборен штаб на партијата. - За мене е чест да добијам кандидатура за градоначалник од политичката партија каде што припаѓам, тоа е Движење ЗНАМ – За наша Македонија. Куманово заслужува континуитет да продолжи да се развива и расте, да се средува. Горд сум што стојам пред овие млади, перспективни, докажани луѓе од различни области, од различни делови од градот коишто ќе бидат составен дел на нашата кандидатска листа. Во оваа прилика сакам да им честитам на кандидатурите на сите мои против кандидати и сите кандидати за советници, а воедно исто така да посакам граѓаните да го направат вистинскиот избор на 19 Октомври. Верувам дека граѓаните на Куманово ќе дадат поддршка на континуитет бидејќи Куманово почна да се менува и заслужува да се промени во целост и како град и како инфраструктура но и во делот на нашите секојдневни навики, рече Димитриевски. Носителката на листата, Ивана Ѓорѓиевска рече дека како претседател на совет постојано била во комуникација со граѓаните на терен. - Јас сум позната како претседател кој многу ретко носи штикли, напротив сум во патики и постојано на терен со граѓаните. За мене таа функција беше многу голем предизвик, се надевам дека истиот, можеби подобар успех ќе успееме да освоиме на претстојните локални избори. Зад мене се советници актуелни советници кои се наоѓаат на советничка листа која ја испланиравме за овие локални избори, меѓутоа и многу нови луѓе кои се луѓе од народот, изјави Ѓорѓиевска. Таа кажа дека е привилегија што има млади луѓе, истакна дека и претходно имала коректен однос со советниците од различните партии. - Најавувам дека таквиот однос ќе остане и на овие локални избори, дека ќе водам заедно со советниците, заедно со градоначалникот, исклучително позитивна кампања, затоа што на крајот на денот само за граѓаните се работи. Да не дозволиме да ги скараме граѓаните поради политиката. Кумановци се мој приоритет, отсекогаш биле и ќе останат така и во кампањата и како советник на Совет на Општина Куманово, рече Ѓорѓиевска. Претседателот на општинската организација, Даниел Стојчески, кажа дека и по одлука на партијата едногласно било одлучено дека на претстојните локални извори кандидат за градоначалник ќе биде повторно и актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, дека ќе добие поддршка од коалицискиот партнер, ВМРО ДПМНЕ. - Во однос на листата за советници ќе имаме своја листа за советници наши кандидати тоа се луѓе коишто се реализирани во областите во коишто делуваат млади луѓе водевме сметка за полова застапеност регионална застапеност ќе бидете изненадени колку млади луѓе има на нашата листа и пред сè овие луѓе се мотивирани да работат затворат и да придонесат Куманово да биде поубава и помодерна односно европска општина, рече Стојчевски.Тагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
АвтомобилизамСубару со нов пристап кон европскиот пазар: Од 2028. остануваат само електричните автомобили Субару се збогува со боксер автомобилите во Европа. Од 2028 година ќе продаваат само електрични автомобили. Субару ќе ги повлече сите модели со мотори со внатрешно согорување од европската гама до крајот на 2027 година. Брендот, кој со децении се карактеризираше со боксер мотори и погон на сите тркала, треба да им понуди на европските клиенти исклучиво електрични автомобили од 2028 година. Одлуката ја потврди германското претставништво на Субару за списанието Auto Motor und Sport. Промената ги вклучува и бензинските и хибридните модели, па така Outback, Impreza, Crosstrek и Forester во нивните сегашни верзии постепено ќе исчезнат од понудата. Нивното место ќе го заземат електричните модели развиени во соработка со Тојота. Прв што ќе си замине е бензинскиот Outback Повлекувањето започнува со Outback, чија сегашна верзија со 2,5-литарски атмосферски боксер мотор од 169 КС треба да ја напушти европската понуда подоцна оваа година. Во 2027 година, Impreza, Crosstrek и Forester ќе следат со дволитарски e-Boxer хибриден погон со 136 КС. Ова ќе го остави Subaru во Европа без дизајнот на моторот што стана еден од неговите заштитени знаци. Сепак, ова не е глобално збогување со boxer: брендот продолжува да развива вакви погони за други пазари, меѓу другите во комбинација со целосен хибриден систем. Европските регулативи ги зголемуваат трошоците Како причини за промената, Subaru ги наведува европските ограничувања за просечните емисии на CO₂ и барањата за безбедносни системи и системи за помош на возачот. Прилагодувањето кон тие правила ја отежнува хомологацијата и продажбата за помалите марки на автомобили. За Subaru, кој продава релативно малку автомобили во Европа, инвестирањето во адаптирање на постојните бензински модели станува сè потешко да се оправда. Затоа тие ќе се фокусираат на електричната понуда. Три електрични модели ја преземаат понудата Според сегашниот план, европската понуда од 2028 година ќе се состои од Solterra, Uncharted и E-Outback. Сите три модели се технички поврзани со автомобилите на Тојота: Solterra со bZ4X, Uncharted со C-HR+ и E-Outback со bZ4X Touring. Subaru официјално го најави електричното трио во јули 2025 година, тогаш како проширување на гамата на постојните модели со боксер мотори. Особено го истакна подобрениот погон на сите четири тркала, подолгиот досег и побрзото полнење. Интересно е што името Outback ќе остане во Европа дури и откако бензинскиот модел ќе исчезне.Тагови: Субару Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Србија е уапсена градоначалничка на Вучиќ- пред два дена одбила да поднесе оставка Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ.Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ, објави Индекс, а пренесува агенцијата Анадолу. Сите тројца беа уапсени денес по наредба на Основното јавно обвинителство во Смедерево. Полицијата им нареди притвор до 48 часа, по што треба да бидат испрашани. Неофицијално, апсењата се поврзани со градската депонија Според неофицијални информации од локалните медиуми, апсењата се поврзани со проблемите на градската депонија. Засега не е познато за кои кривични дела се осомничени, ниту што конкретно било спорно во работењето на депонијата. Српските медиуми објавуваат дека апсењата се извршени по наредба на обвинителството, но подетално официјално објаснување за причината за апсењето сè уште не е објавено. Која е уапсената градоначалничка? Јасмина Војиновиќ (55) е членка на Српската напредна партија (СНС), предводена од Александар Вучиќ. Таа стана градоначалник на Смедерево во 2023 година, а претходно имаше неколку позиции во градската администрација. Од март 2023 година, таа е претседател на градскиот одбор на СНС во Смедерево. Пред нејзината политичка кариера, работеше како наставничка во основно училиште. По изборите, таа одби да поднесе оставка Војиновиќ се најде во центарот на вниманието по парламентарните избори во Србија на 25 октомври, на кои СНС ја изгуби власта на државно ниво. По изборите, група локални опозициски активисти влегоа во нејзината канцеларија и побараа нејзина оставка, тврдејќи дека по изборниот пораз на СНС, таа повеќе нема политички легитимитет. Градоначалничката одби да поднесе оставка, а Вучиќ потоа јавно ја поддржа. Денешното апсење досега е поврзано со проблемите околу градската депонија, а не со постизборните настани.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаНова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштолДенеска кратко по 13 часот, во близина на улицата Бежановска во Краков, маж пукал во полицајци, кои одговориле со предупредувачки истрели и го совладале напаѓачот. Во инцидентот нема повредени, јавува Радио Краков. Како што објави полицијата во Краков, полицајците добиле пријава за маж кој се движел низ улицата Бежановска носејќи предмет што личел на огнено оружје. За време на полициската интервенција, мажот почнал да пука кон полицајците. Тие одговориле со предупредувачки истрели, по што напаѓачот го фрлил предметот од кој пукал. Потоа полицајците го совладале и го уапсиле. Осомничен е дека користел пиштол за стартување Според првичните информации, уапсениот најверојатно користел пиштол за стартување, односно оружје што произведува звучен ефект на истрел. Сепак, полицијата нагласува дека точниот вид оружје ќе се утврди по детален преглед. Во инцидентот нема повредени. Полициските екипи се уште се на местото на настанот и ги утврдуваат сите околности на пукањето. Инцидентот се случил пет дена по терористичкиот напад Инцидентот се случил само пет дена по терористичкиот напад во Краков, што дополнително ги зголеми загриженостите за безбедносната состојба во градот. Сепак, во моментов нема информации што укажуваат на поврзаност помеѓу двата настани. Во терористичкиот напад што се случи на 7 ноември на Главниот плоштад во Краков, 24-годишен маж со автомобил влетал на плоштадот, а потоа почнал да пука кон минувачите. Во нападот загинале шест лица, а 15 биле повредени. Напаѓачот потоа се обидел да избега, но бил ранет и уапсен по размена на оган со полицијата. Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook