ЗНАМ: На 19 октомври ќе ја добиеме најголемата награда - честа да го предводиме Куманово и во следниот мандат - Канал 5

ЗНАМ: На 19 октомври ќе ја добиеме најголемата награда - честа да го предводиме Куманово и во следниот мандат

На преполниот Градски плоштад во Куманово, вечерва Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, заедно со граѓаните, одржа конвенција.

ЗНАМ: На 19 октомври ќе ја добиеме најголемата награда - честа да го предводиме Куманово и во следниот мандат

На преполниот Градски плоштад во Куманово, вечерва Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, заедно со граѓаните, одржа конвенција на која ги промовираше кандидатот за градоначалник, Максим Димитриевски и листата со 31 кандидат за членови на Советот на Општина Куманово. Лидерот на ЗНАМ најави убедлива победа уште на 19 октомври, во првиот круг на локалните избори.

„Мириса на победа, и тоа убедлива победа уште во првиот круг. Видлива е енергијата што ја имаме, енергија која нè влече напред. Се гледа како младоста и искуството се здружуваат за да се оствари примарната цел – Куманово да продолжи да се менува и да стане уште подобро место за живеење. ЗНАМ го знае и веќе го прави тоа.“

Димитриевски пред граѓаните порача дека тој и неговиот тим во изминатите осум години покажале и докажале дека со чесност, искреност, посветеност, отчетност и постојана работа секогаш се стигнува до успешен резултат, потенцирајќи дека во овој период успешно се реализирани повеќе од 800 проекти.

„Пред некој ден на јавниот сервис беше објавена последната анкета за тоа како предизборно стојат работите во наше Куманово. Знаете како стојат? Бројките покажуваат убедливо водство и во трката за градоначалник и во изборната борба за советничките листи. На уште непочната кампања, граѓаните знаат кој ја заслужува нивната доверба и за кога треба да го дадат својот глас. Е тоа е успех, тоа е доказ дека ЗНАМ не е кампањска партија туку автентично движење! Од народот и за народот!“, рече Димитриевски.

На конвенцијата беа претставени и дел од планираните проекти за наредните четири години. Програмата на ЗНАМ предвидува стотици проекти во сите области, кои ќе донесат уште подобар живот во Куманово, и ќе го направат регионален економски центар и најсредена општина во Македонија.

Димитриевски испрати порака до противкандидатот од СДСМ.

„Пред некој ден слушам еден од моите противкандидати вели дека ќе го ослободел Куманово. Од кого ќе го ослободиш? Па, ти и твоите со години го имавте фамилијарно заробено нашиот град. Мешетаревте, правевте разно-разни комбинаторики, ништо не работевте и го оставивте Куманово запустено. Ти беше дел од групата што го запусти Куманово и сега ќе си го ослободувал.“

Пред присутните на Градскиот плоштад во Куманово се обрати и носителката на советничката листа на Движењето ЗНАМ, Ивана Ѓорѓиевска.

„Заедно со Максим Димитриевски ќе работиме на засилено учество на младите и жените во јавниот живот. Тоа го покажуваме со нашата советничка листа. Нам не нѝ требаат квоти за да ја докажеме рамноправноста, ние веќе ја живееме. Половина од нашата листа се жени. Голем дел се млади луѓе со визија, со енергија, со идеи за модерно Куманово. Млади луѓе кои мора да научат дека политиката е одговорност, а локалната политика е образ, а не привилегија“, нагласи Димитриевска.

Кандидатката за советничка, Мила Петрушевска испрати порака до младите во Куманово:

„Ветувам дека правата, потребите и интересите на младите луѓе ќе бидат достоинствено застапувани и претставени од моја страна во Советот на Општина Куманово, и како идна советничка ќе се залагам секогаш да има поддршка, простор и шанса за секој млад човек.“

Максим Димитриевски е во трка за трет мандат за градоначалник на Куманово. Движењето ЗНАМ - За наша Македонија има свој кандидат за градоначалник и во општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, како и советнички листи во 53 општини и Град Скопје, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. 

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај.

„Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа.

Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби.

„Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола.

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката.

Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа.

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец.

Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски.

Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива.

Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер