МакедонијаЗНАМ ја почна процедурата за кандидати за советнициЗа кандидати за градоначалници во тек се разговори со ВМРО-ДПМНЕ. Централниот одбор на движењето ЗНАМ - За наша Македонија на синоќешниот состанок донел одлука за отпочнување на постапка за евидентирање кандидати за советници за престојните локални избори, додека за кандидатите за градоначалници во тек се разговори со нивниот владин партнер, ВМРО-ДПМНЕ, кои очекуваат да завршат до крајот на месецот, по што ќе бидат соопштени имињата. Како што информираше денеска на прес-конференција портпаролот на партијата, Никола Мемов, во моментов се одвиваат разговорите за кандидати за градоначалници и за општините и за градот Скопје со ВМРО-ДПМНЕ, при што извесно е дека на изборите ќе настапат самостојно и за кандидатите за градоначалници и за советничките листи, односно онаму каде што кандидат ќе има ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ нема да има и ќе ја даде поддршката за истиот. -Централниот одбор во проширен состав синоќа донесе одлука за отпочнување на процедура за советници, како за општините, така и за Градот Скопје. За градоначалници во тек се разговори со ВМРО-ДПМНЕ, кои очекуваме да завршат до крајот на месецот. Разговараме за повеќе оштини, дефинирано е за Куманово, неколку во Скопје и повеќе помали општини низ цела држава. Кога ќе завршат разговорите, кога ќе имаме конечен договор со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ низ процедурите на партиските органи ќе ги дефинираме кандидатите и ќе ги соопштиме во јавноста, нагласи Мемов. Истакна дека ставот на ЗНАМ е дека на изборите ќе настапат самостојно, но со целосна взаемна поддршка и соработка со ВМРО-ДПМНЕ. -Ставот на ЗНАМ е дека на овие избори ќе настапиме самостојно и на советничките листи и за кандидати за градоначалници. Таму каде што ќе имаме кандидат на ЗНАМ, тој ќе биде во договор со ВМРО-ДПМНЕ поддржан од нивна страна и тие таму нема да имаат кандидат, значи ќе имаме целосна взаемна поддршка уште во првиот круг, нагласи Мемов. На синоќешната седница на партискиот Централен одбор биле донесени одлуки за вториот бран активности, кои ќе се одвиваат под мотото „Со срце за нашата општина“, а донесена е и одлука за назначување на генералниот секретар на партијата, Горан Минчев за шеф на Централниот изборен штаб. -Ова е продолжение на она што веќе го направивме, успешната кампања „Заедно повеќе знаеме“ – кампања што не донесе само резултати, туку доверба, надеж и чувство дека народот повторно има со кого. Во изминатиот период, ги посетивме сите населени места. Се сретнавме со стотици граѓани. Ги слушавме реалните проблеми, не преку извештаи, туку директно од луѓето, нивните маки и надежи. Ниту една теренска активност не беше маркетинг. Се беше искрено, се беше вистински разговор, се беше, народ и движење, лице во лице, рече портпаролот Мемов. Истакна дека со „Со срце за нашата општина“ не значи само дека ќе бидат присутни, туку дека заедно со граѓаните ќе ја создадат најавтентичната, најчесната и најреалната програма за претстојните локални избори, посетувајќи го секој град, секое населено место. -Доста беше со празни ветувања и маркетиншки балони. Ние не ветуваме што не можеме да оствариме. Што ќе ветиме – тоа ќе го реализираме! Затоа што нашата политика не се темели на желби на моќници, туку на реални потреби на граѓаните! ЗНАМ веќе покажува резултати. Покажавме дека може да се води поинаку, чесно, праведно, храбро. На локалните избори оваа есен, граѓаните ќе имаат вистински избор, да го поддржат овој искрен, решителен пристап за промена - Македонија во која законите важат за сите, каде што секој има право, но и одговорност, додаде тој. Во однос на процедурата за кандидати за советници, рече дека критериумите се јасни и недвосмислени, односно потребни се етички капацитет, јасна заложба за заштита на државните интереси, почитување на сите етнички заедници и посветеност на европските вредности. Мемов информираше и дека на 29 јуни Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ќе го одржи Вториот изборен Конгрес, на кој ќе бидат избрани претседател на партијата, нов состав на Централниот и Надзорниот одбор, со полн четиригодишен мандат. -Тоа нема да биде само формална процедура – тоа ќе биде пресвртница. Потврда дека ЗНАМ влегува во нова фаза - уште поорганизирана, уште посилна и уште поодлучна да ја промени Македонија. Ветуваме чесност, ветуваме борба, ветуваме резултати и нема да застанеме додека секоја општина не стане вистинско место за достоинствен живот, рече Мемов. Тагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18
Шоу бизЕва Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жениПо повод Денот на еднакви плати за жените од латиноамериканско потекло, кој се одбележува на 8 октомври, актерката и режисерка Ева Лонгорија преку социјалните мрежи го сврте вниманието кон јазот во платите во САД.Во својата објава, таа истакна дека жените од латиноамериканско потекло во просек заработуваат само 53 центи за секој долар што го заработуваат белите мажи кои не се од латиноамериканско потекло. Жените имигранти се соочуваат со уште полоша ситуација Лонгорија објасни дека оваа бројка се однесува на сите вработени жени од латиноамериканско потекло, вклучително и на оние што работат сезонски или со скратено работно време. Покрај објавата, таа сподели и своја фотографија на која носи бела маица со слоган за зајакнување на жените, како и неколку инфографици што го илустрираат јазот во заработката. View this post on Instagram A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) Според еден од инфографиците, жените имигранти се во уште понеповолна положба, бидејќи заработуваат само 43 центи за секој долар што го заработуваат мажите земени за статистичка споредба. Лонгорија исто така објави фотографија од група жени кои протестираат за своите права и држат транспаренти.Тагови: Ева Лонгорија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизРијана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни Се чини дека Ријана цело време чувала голем дел од својата музика за себе.38-годишната пејачка откри за време на преносот во живо на TikTok за нејзиниот бренд Fenty Beauty на 7 октомври дека има околу 170 необјавени песни, објави Пипл. Ова им даде на обожавателите увид во тоа колку музика собрала за време на нејзината долга пауза од објавување на целосен албум. Зборувајќи за нејзината необјавена работа, Ријана рече: „Ако има 10 производи во сеф, тогаш имам најмалку 17 сефови.“ Откритието доаѓа додека обожавателите продолжуваат со нетрпение да го очекуваат нејзиниот деветти студиски албум, кој треба да го наследи ANTI од 2016 година. Долгата пауза на Ријана од сцената е една од најгледаните и најочекуваните во историјата на поп музиката. Нејзиниот последен студиски албум донесе хитови како Work, Needed Me и Love on the Brain. Сепак, пејачката јасно стави до знаење дека не ја оставила целосно музиката зад себе. Во август, нејзиниот партнер, раперот A$AP Rocky (38), потврди за време на гостувањето во „Шоуто на Џејсон Ли“ дека Ријана се вратила во студиото и работи на нов материјал. Кога го прашале дали е виновен за нејзината долга пауза, раперот одговорил: „Никако. Таа е во студиото во моментов. Да, го кажав тоа. Извини, бејби.“ Потоа додаде: „Човече, таа работи. Готви нешто, не се шегувам. Човече, ова ќе ме доведе во неволја.“ Ријана претходно зборуваше за плановите за нејзиниот деветти албум. Минатата година, таа за Harper’s Bazaar изјави дека конечно го „открила кодот“ за музичката насока на целиот проект. Таа рече: „Ова време поминато подалеку од музиката мора да има влијание врз она што сите ќе го слушнат следно. Мора да вреди. Мора да биде важно. Морам да им покажам дека вредеше да се чека. Не можам само да издадам нешто просечно.“ Таа, исто така, наговести дека звукот на албумот нема да биде она што публиката го очекува: „Нема да биде ништо што некој го очекува. И нема да биде комерцијален или радио-пријателски. Ќе биде токму таму каде што мојата уметност заслужува да биде токму сега.“ Во годините по ANTI, Ријана беше посветена на градење на својата модна и козметичка империја преку нејзините брендови Fenty Beauty и Savage X Fenty. Таа триумфално се врати на сцената во 2023 година со настап на полувремето на Super Bowl LVII, каде што изведе голем број од своите најголеми хитови, а исто така откри дека е бремена со своето второ дете. Ријана и Асап Роки го добија својот прв син, RZA, во 2022 година, по што следеше нивниот син Рајот во 2023 година, а нивната ќерка Роки се роди во 2025 година.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18
ТехнологијаБезос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“Во Вашингтон се кројат големи планови – САД имаат намера не само да се вратат на Месечината, туку овој пат и да останат таму.Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, кој е и основач на компанијата за вселенски летови „Блу Ориџин“, неодамна зборуваше за американските медиуми за патувањата до Месечината. „Овој пат одиме на Месечината за да останеме“, изјави Безос, додавајќи дека тоа нема да биде „само уште една мисија од која се враќате дома“. „Ќе изградиме вистинска, одржлива база од која ќе можеме да ја истражуваме Месечината и да откриваме интересни работи“, додаде Безос. "The Moon is a gift." @JeffBezos on building a Moon base: "NASA is really focused on the Moon now." "I've been focused on the Moon for a really long time and have been saying, 'Let's do the Moon and then do Mars.'" "It's kind of step by step, but do the Moon first." Via @CNBC @andrewrsorkin @blueorigin @NASAMoonBase — Jawwwn (@jawwwn_) October 8, 2026 Тој истакна дека мисијата на Месечината во 1969 година барала инвестиција од околу 3% од БДП на САД и наведе дека „луѓето ќе можат да летаат до Месечината уште во 2028 година“. „Мораме да ја победиме Кина во ова и верувам дека ќе успееме“, рече Безос. Тој исто така го изрази своето уверување дека Месечината – до која, како што напоменува, може да се стигне за три дена – ќе послужи како клучна логистичка станица за идните човечки мисии до Марс. Извор: Б92Тагови: месечината Џеф Безос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter