ЗНАМ го поддржува предлогот на Мицкоски за вонреден електронски попис, ВРЕДИ денеска гради став - Канал 5

ЗНАМ го поддржува предлогот на Мицкоски за вонреден електронски попис, ВРЕДИ денеска гради став

Предлогот за вонреден електронски попис добива поддршка во владината коалција.. 

ЗНАМ го поддржува предлогот на Мицкоски за вонреден електронски попис, ВРЕДИ денеска гради став

Одлуката на Уставен за укинување на категориите „резидентно“ и „нерезидентно“ население кои се користеа во пописот во 2021 година, отвори политичка дебата за тоа дали и е потрбен нов попис на Македонија? Откако премиерот Мицкоски ја актуелизираше идејата за вонреден електрински попис, неговиот коалициски парнер и претседател на ЗНАМ Максим Димитриевски ја подржа. За Македонија да се изгради како држава мора да располага со реални и точни бројки на населението – вели Димитриевски.

„Ја поздравуваме таа идеја на премиерот и секако очекуваме тој материјал да дојде до нас и веднаш ќе се произнесеме. Да добро е секогаш да знаеме што имаме, кого имаме и со што располагаме во државата и врз основа на тоа да креираме планови за иден можен подобар и поголем развој на државата.“

Според опозициската ДУИ пак, процесот на пописот во 2021 бил законски и транспарентен. Идејата за вонреден попис ја оценуваат како делегитимизација на оној од 2021 со цел да се намали застапеноста на Албанците. Сметаат и дека се успоруваат правата на дијаспората и велат дека секој кој ја поткопва еднаквоста и меѓуетничките односи ке се сноси со одговорност.

„Обвинувањата за незаконитост се намерен обид да се прикрие срамната, неправедна и антиуставна одлука на оваа влада, која без каков било политички легитимитет од Албанците, ја намали нивната процентуалната застапеност. Овој потег, веќе поништен како незаконит, не претставува само техничка или административна грешка, туку тежок политички акт со цел систематско намалување на застапеноста на Албанците, занемарувајќи го придонесот, присуството и правата на дијаспората.“ – велат од ДУИ

Пописот од 2021 година,од ВРЕДИ го оценуваат како една од најголемите институционални неправди извршен врз албанскиот народ во Македонија. Оттаму сметаат дека токму со овој попис биле исклучени од пресметка илјадници Албанци од дијаспората и ја обвинуваат опозицијата за предавтво на Албанскиот народ.

„Со потписот на ДУИ и техничка имлеплементација на СДСМ државниот завод за статистика беше трансформиран во инструмент за манипулација. Ова не беше само грешка, туку цинична племенска пресметка. Нашата дијаспора која со децении ја одржуваше економијата на оваа држава беше третирана како невидлива, како статистички безвредна, како проблем што треба да се избегне. Но зошто? Затоа што дијаспората не можеше да биде контролирана од ДУИ, не можеше да се купат гласови од нивна страна.“

Владата во април формирала работна група за утврдување предуслови за дигитален попис - информира министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој објаснува дека прв чекор е прочистување на базите на податоци за точен и ефикасен процес, а потоа треба да следуваат и потребни законски измени. Ако овие чекори успеат, Македонија ќе биде технички подготвена за дигитален попис и пред предвидениот рок, доколку институциите така одлучат. -вели Андоновски.

YouTube video

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти, од акциза за 7,1

Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти, од акциза за 7,1, а од данокот на моторни возила за 17 отсто.

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти, од акциза за 7,1

Сузбиени организирани криминални мрежи кои вршеле криминални дела со над 230 употребувани автомобили, 230 килограми дрога и 600 килограми анаболици, спречен обид за криумчарење на половина милион евра вредно злато, 30 килограми сребро, над 200 килограми лекови и над 10 илјади килограми суплементи, 400 илјади парчиња цигари и пури. Во 94 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост запленети 180 илјади парчиња стока. Ова се само дел од резултатите што ги реализирала Царинската управа во изминатата година што денеска ги презентираше директорот Бобан Николовски на настанот „Една година резултати“.

Спречени се прекршочни и кривични дела при што евидентирани се вкупно 520 случаи на заплени или двојно повеќе од годината претходно. Поднесени се и 181 кривична пријава за сторени кривични дела против 307 физички и 99 правни лица или, како што нагласи, за четири ипол пати повеќе споредбено со годината претходно кога биле поднесени 42 кривични пријави.

-Ова се историски резултати кои што ќе се паметат во историјата на Царинската управа, истакна Николовски.

Вели дека измината година по направена анализа на состојбите во институцијата работеле на иницирање итни, но одржливи и видливи промени, за поуспешно работење, поголема безбедност, борба против корупцијата, разбивање на организирани криминални мрежи, спречување на криумчарење. Имало зголемени контроли, зголемената професионалност на службите, унапредување на царинските процеси, но и подобрената соработка со компаниите, што, како што рече, резултирало со повисока наплата на приходи во Буџетот.

-Тргнавме силно уште од првиот месец. Денеска Царинската управа претставува еден од главните столбови на кои се потпира државата, симбол за просперитет, симбол за безбедност, рече Николовски.

Зголемените контроли, зголемената професионалност на службите, унапредувањето на царинските процеси, но и подобрената соработка со компаниите, според него, резултирале со повисока наплата на приходи во Буџетот.

-Така во текот на изминатиот период од една година наплативме приходи во висина од над две милијарди евра или речиси 105 милиони евра повеќе од истиот период претходно. Раст на приходите има по секој основ. Приходите од царина бележат раст од 15,2 проценти, од акциза од 7,1 процент, а приходите од данокот на моторни возила бележат раст од 17 проценти. Ова претставува сериозен износ што се влева во Буџетот за повеќе капитални инвестиции, што ја раздвижаа економската активност и водат до повисок економски раст, нагласи Николовски.

На сите гранични премини и гранични терминали, ставен е во функција системот за видео надзор и систем за препознавање на регистарски таблички, еден од најсовремените во Европа, при што снимките од системите претставуваат и веќе се користат како доказен материјал во предистражни постапки на Царинската управа, како и други истражни органи.

Според директорот на Царинската управа, напредокот во борбата против корупцијата е веќе мерлив и признаен.

- Годинава ДКСК во извештајот за 2024 година не оцени на високо петто место од вкупно 72 институции во спроведување на политики за интегритет, при што особено се забележани подобрувања во делот на идентификуваните точки на ризици од корупција, како и преземени конкретни чекори за спречување судир на интереси меѓу кои и изречени дисциплински, но и откази за царински службеници кои постапувале спротивно на законите, рече директотот на Управата.

Во изминатиот период, нагласи Николовски, заеднички покажавме дека институциите можат да бидат двигател на позитивни промени кога се водат со визија, а тимската работа е ставена во прв план.

-Не зборуваме веќе за индивидуални успеси – Царинската управа стана симбол на институционален капацитет што колективно испорачува резултати, рече Николовски.

На настанот присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски, министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Трајко Славески, вицепремиери, министри, директори, пратеници, претставници на бизнис заедницата.

Приведени тројца возачи, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди

Полициски службеници во изминатите 24 часа во три различни контроли лишиле од слобода тројца возачи, кои управувале возила под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни незгоди. 

Приведени тројца возачи, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди

Против нив, како што иниформираат од МВР ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово вчера во 5:30 часот во с.Јосифово, валандовско, го лишиле од слобода Т.Ј. (52) од с.Удово, валандовско. Околу 04.20 часот на регионалниот пат Р-1105, кај с.Јосифово, валандовско, управувајќи патничко возило „опел корса“ со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, по што се оддалечил од возилото, кое целосно изгорело. Во несреќата, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово, а при проверка било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,19 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово.

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка денеска во 07.00 часот на магистрален пат А2 во село Гиновци, општина Ранковце, го лишиле од слобода М.Ц. (38) од Радишани, скопско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мазда“, кое го управувал М.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.13 промили алкохол во крвта.

Полициски службеници од ОВР Берово вчера во 07.50 часот на регионалниот пат Делчево-Берово, во с.Смојмирово, беровско, го лишиле од слобода А.Н.(30) од с.Црник, пехчевско. При вршење увид по претходно случена сообраќајна незгода, полициските службеници констатирале дека А.Н. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил приведен и задржан во полициска станица, информираат од МВР.

Видео: Салма Хајек речиси падна поради високите потпетици

Мегапопуларната актерка Салма Хајек се појави на Неделата на модата во Париз и тоа беше доволно јавноста да заборави на се друго.

Видео: Салма Хајек речиси падна поради високите потпетици

Секогаш духовита и шармантна, Салма ја избра ревијата на Баленсијага за да блесне во полн сјај. Таа воодушевува и кога е во бикини и кога е во елегантни фустани, едноставно не може да ја скрие својата харизма.

Таа никогаш нема да се откаже од своите вртоглаво високи потпетици, дури и по цена на паѓање, како што може да се види во едно видео кога актерката поради високите потпетици кои заглавија во тротоарот се сопна, но сепак остана на нозе.

Имено, потпетицата на Салма се заглави меѓу коцките на тротоарот, но за среќа сè заврши добро.

притисни ентер