ЗНАМ: Дали следниот чекор на СДСМ е напуштање на законодавниот дом, со крајна цел бојкот на следните Парламентарни избори? - Канал 5

ЗНАМ: Дали следниот чекор на СДСМ е напуштање на законодавниот дом, со крајна цел бојкот на следните Парламентарни избори?

Прес Конференција Движење ЗНАМ.

ЗНАМ: Дали следниот чекор на СДСМ е напуштање на законодавниот дом, со крајна цел бојкот на следните Парламентарни избори?

Во изминативе денови сведоци сме на уцени и на еден длабоко неодговорен

и деструктивен однос од страна на СДСМ и Венко Филипче, особено во

контекст на измените на Законот за Влада.

Со овие измени јасно е предвидено дека техничката влада ќе важи за

следните парламентарни избори, а потоа ќе биде укината како модел во

иднина.

Ваквиот модел одамна ја има исполнето својата примарна цел и не постои

како стандард во ниедна современа европска демократија и држава.

Сите тврдења дека техничката влада се укинува веднаш, како и дека ова

решение е донесено без консултации со политичките партии, се обична лага

и претставуваат обид за манипулација со јавноста.

Наместо конструктивност и политичка зрелост во време кога е неопходен

широк консензус, гледаме обиди за блокади, калкулации и партиски игри на

штета на граѓаните.

Последниот потег, заканата за повлекување од работната група за новиот

Изборен законик, е само кулминација на ваквиот пристап.

Јавно прашуваме:

На што се должи овој потег?

- Дали сме сведоци на подготовка за сценарио за целосна блокада на

работата на работната група за Изборниот законик?

- Дали следниот чекор е напуштање на законодавниот дом од страна на

пратениците на СДСМ, со крајна цел бојкот на следните парламентарни

избори?

-Дали вистинската причина е стравот од соочување со граѓаните и од

извесен, катастрофален изборен пораз, по кој, како следствен чекор по

таков катастрофален резултат, ќе следува и потребата од оставка на

Филипче од челната позиција на СДСМ?

- Дали станува збор за однапред смислено сценарио за зачувување на

личните позиции на актуелното раководствона СДСМ предводено од Филипче и

нивните интереси?

- Дали ова е единствениот начин двоецот Филипче-Заев да го задржи

влијанието врз партијата?

- Дали од лукративни причини се турка политика на конфронтација, со

новинари, со видни членови на СДСМ, истакнати поединци, па дури и со

градоначалници и пратеници од нивните редови?

- Дали намерно се изолира партијата од клучните процеси во државата?

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија јасно порачува - државата не смее да

биде заложник на ничии политички калкулации.

Ова е момент кога сите заедно мора да ја издигнеме демократската свест,

да ја зацврстиме одговорноста и да покажеме дека знаеме да носиме одлуки

во интерес на државата.

Македонија заслужува стабилност, достоинство и напредок, и ние ќе

продолжиме да работиме токму за таква иднина.

Упатуваме повик до членовите и симпатизерите на СДСМ:

- Бидете внимателни!

Не дозволувајте да бидете вовлечени во сценарија што водат кон

изолација, кон уништување на партијата, слабеење на институциите и

оттргнување на државата од европскиот пат.

Политиката мора да биде во служба на граѓаните, а не на лични агенди.

Ова раководство на СДСМ ја доведе партијата до историски најнизок

рејтинг, на ниво од едвај нешто над 5%, а со вакви непромислени и

деструктивни сценарија ризикува целосно да ја маргинализира на

политичката сцена.

Затоа, упатуваме апел и до пратениците и градоначалниците од редовите на

СДСМ

- не дозволувајте да бидете инструмент во стратегии што водат кон

слабеење, изолирање и непостоење на партијата.

Не прифаќајте политики што не се во интерес ниту на членството, ниту на

граѓаните.

Целиот товар на ваквите политики ќе падне врз Вас, додека двоецот

Заев-Филипче ќе останат изолирани од политичките последици и ќе

продолжат да делуваат без отчет пред јавноста, уживајќи во моќта на

златните визи, забави и крстарејќи на луксузни јахти.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија се залага и ќе продолжи да работи во

насока за силна, стабилна и европска Македонија.

Македонија во која одговорноста е правило, институциите се почитуваат, а

државниот интерес е над секој личен или партиски интерес.

Запрашан каков е ставот на партијата во однос на Законот за двојно

државјанство, Мемов одговори:

„Најавено е дека ќе има стручна и научна дебата во јавноста по ова

прашање и кога ќе го имаме конечниот текст ЗНАМ ќе се произнесе по ова

прашање во јавноста“.

На прашањето дали е доволно само да се донесе овој закон за пратениците,

бидејќи и во Уставот и во други прописи е дозволено да се има двојно

државјанство, Мемор рече:

„Конзистентен е ставот на ЗНАМ и во однос на Изборниот законик.

Официјален став на ЗНАМ е дека идниот собраниски состав треба да биде со

90 пратеници, да има една изборна единица, изборен праг помеѓу 2 и 3% и

да се промени начинот на финансирање на политичките партии.

Вклучително за ова што вие го прашувате, ако се отвора Уставот, тогаш ќе

треба да се дискутираат и овие прашања“.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејт Мидлтон откри дека го обожавала Горан Иванишевиќ: „Бев фасцинирана од него“

Британската принцеза Кејт Мидлтон откри дека, додека растела, била голем обожавател на хрватскиот тенисер Горан Иванишевиќ, признавајќи дека тој ја фасцинирал. 

Кејт Мидлтон откри дека го обожавала Горан Иванишевиќ: „Бев фасцинирана од него“

Принцезата од Велс зборуваше за својата љубов кон тенисот уште во 2017 година, во документарниот филм на Би-Би-Си „Сју Баркер: Нашиот Вимблдон“, а нејзините изјави повторно го привлекоа вниманието на јавноста.

Осврнувајќи се на своето детство, Кејт откри дека Вимблдон заземал посебно место во нејзиното растење.

„Секогаш го следев Вимблдон. Тој беше дел од моето растење. Мислам дека е неверојатно важен дел од англиското лето и дека ги инспирира младите луѓе, исто како што ме инспирираше и мене кога бев помлада“, сподели принцезата.

Меѓу тенисерите што особено уживала да ги гледа, таа го издвои Горан Иванишевиќ.

„Го обожавав Горан Иванишевиќ; бев фасцинирана од него. Истото важи и за Пит Сампрас, Андре Агаси и Штефи Граф“, призна Кејт, како што пренесува CdM.

Сопругата на Принцот Вилијам, принцезата Кејт Мидлтон уште од детството гаи љубов кон тенисот, а денес е редовен гостин на Вимблдон, каде што често им ги врачува трофеите на победниците.

Во истиот документарен филм, таа откри и дека нејзината мајка, Керол Мидлтон, има свој омилен тенисер.

Станува збор за швајцарскиот ас Роџер Федерер, кон кого нејзината мајка – како што низ шега призна Кејт – чувствува посебна наклонетост. Принцезата додаде дека нејзината мајка веројатно нема да се налути поради ова откритие, напоменувајќи дека Федерер можеби веќе е свесен за тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Студентскиот дом „Стив Наумов“ продолжува да се распаѓа

СДММ е со студентите - Бараме достоинствени услови во домовите и студентски оброк од 200 денари.

СДСМ: Студентскиот дом „Стив Наумов“ продолжува да се распаѓа

Студентскиот дом „Стив Наумов“ продолжува да се распаѓа. Еден месец по реконструкцијата, распад систем. Прво протекуваше вода од сите страни, немаше греење, сега пукна и бојлер.

За среќа, па нема повредени.

Ова ли е домот од А-категорија што го ветуваа Јаневска и Мицкоски?

Влага, прокиснати соби, нема греење, нема топла вода, а сега и пукнат бојлер! Ама затоа двојно се зголеми партиципацијата за сместување. За што плаќаат студентите 6.600 денари месечно?

За дефекти во домот што требаше да биде целосно реновиран!

Што добија студентите? Ништо. Ниту достоинствени услови за живот во домовите, ниту повисок студентски оброк – преживуваат со мизерни 140 денари студентски оброк.

Со вториот ребаланс власта ги скрати парите за образование, за реконструкција и енергетска ефикасна рехабилитација на студентските домови.

Нема повисок студентски оброк. Ете толку им е грижа за студентите. Мицкоски нема пари за младите, затоа што ги троши за своите криминални тендери.

Студентите заслужуваат достоинствен живот.

СДММ е со студентите. Бараме зголемување на студентскиот оброк на 200 денари, тоа е минимумот за пристоен и здрав оброк, за подобри услови за студентите.

Прес конференција на Стефанија Кузмановска, претседателка на СДММ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!

Кого зафркавате и со чија интелигенција си подигрувате кога за само 24 часа сами си ја паѓате сопствената лага? 

ЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!

Како раштиман оркестар сте – што воопшто правите на владина седница, дали министрите воопшто имаат поим што прават другите ресори, или воопшто не ги интересира и се на некој светски конгрес додека ја бламираат целата држава?

На 28 октомври премиерот Христијан Мицкоски се сликаше на гламурозна скапо платена претстава и триумфално ја промовираше апликацијата „м.Услуги“, ветувајќи му на народот крај на шалтерите и дигитални документи на мобилен. Но, само ден подоцна, бледата реалност ја спушти рампата: министерот Стефан Андоновски излезе и ладнокрвно соопшти дека дигиталната лична карта и возачка дозвола не важат при полициска контрола, бидејќи МВР и институциите воопшто не се подготвени!

ЛДП бара јавен одговор на прашањата: Колку народни пари чинеше оваа скапа промотивна фарса за џабе, кога електронските документи на мобилен не можат да се користат на терен? Кој ќе понесе одговорност за оваа скандалозна некоординираност на владата? Ќе понесе ли некој одговорност за ова ново јавно бламирање на премиерот и целата владина машинерија?

Можеби она што треба јавноста да го дознае многу брзо: Дали некој намерно го мести премиерот во сопствената партија, бидејќи ова веќе е чисто лудило – еден ден едно, друг ден друго и тоа за секое живо прашање?

„Ова е врв на несериозност и политичко аматерство! Граѓаните се уморија од евтини ПР-трикови, празни QR-кодови и фешти каде се делат лажни надежи. Додека министрите се сликаат за лајкови, граѓанинот и понатаму мора да ја носи пластичната лична карта за секој случај и да истражува по шалтерите каде што државата е дигитална, а каде заглавена во камено време. Доста со лажни паралелни реалности – или направете функционален систем кој работи за народот, или престанете да го малтретирате со секојдневни бламажи“, вели Цветанка Геговска, членка на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП).

ЛДП бара итна одговорност и престанок на овие евтини дигитални маскаради. Државата не е циркус за промотивни видеа, а граѓаните заслужуваат сериозни институции, а не министерство за чист ПР!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер