ЗНАМ: Ахмети како екс соработник на КОС да не биде пример за партијата ВРЕДИ - Канал 5

ЗНАМ: Ахмети како екс соработник на КОС да не биде пример за партијата ВРЕДИ

Во целост го разбираме однесувањето на колегите од Вреди кога е во прашање спроведувањето на законите во Македонија.

ЗНАМ: Ахмети како екс соработник на КОС да не биде пример за партијата ВРЕДИ

Понесени од досегашното самовластие на функционерите на ДУИ во институциите на македонската држава, овозможени од вазалската и неспособна власт на СДСМ, а исто така и во периодот на владеењето на владата на Груевски, со што создадоа слика за ДУИ дека се незаменливи и можат се'.

Вреди се обидуваат да ги копираат ДУИ и продолжуваат по истиот терк, демонстрирајќи моќ од позиција на власт преку прекршување на законите и Уставот на Македонија.

Движењето ЗНАМ-За наша Македонија јасно ги искажа своите политички ставови во преговорите со ВМРО ДПМНЕ за составување на владиното мнозинство преку дефинирање на принципите за функционирање на владата.

Првиот принцип е функционирање врз основа на почитување на Уставот и законите и секогаш јавно ќе реагира кога ќе има прекршување на истите.

Во врска со прашањата со етничките заедници во Македонија, тие се апсолвирани преку целосната имплементација на Охридскиот Рамковен договор.

Треба да престане наративот од коалицијата ВРЕДИ дека Македонија е бинационална држава во која живеат две мнозинства и повеќе малцинства, како и тенденцијата на креирање на паралелни квази институции.

Движењето ЗНАМ-За наша Македонија секогаш ќе ги потсетува коалиционите партнери во владата дека Македонија е држава на македонскиот народ и сите граѓани од етничките заедници што живеат во неа, врз рамноправна основа со еднакви права и обврски кон државата.

Деновиве сме сведоци на изјави на претседатели на македонски партии претставници на албанската етничка заедница во однос на опстанокот на македонската држава и народ.

Како прво, еден од најголемите соработници на КОС во бивша Југославија, Али Ахмети, да не се секира за опстанокот на македонскиот народ, најголем гарант за тоа се Македонците каде и да се.

Наместо да отвара навредувачки и националистички теми денеска кога државата се стреми кон ЕУ, а новата власт се обидува да го поправи сето тоа што тие го срушија со дваесет и две годишното владеење, нека се потруди да си го исчисти дворот во партијата од корупција и криминалот на својата фамилија.

Второ, во јавниот настап на потпретседателот на владата Изет Меџити и неговата изјава со квалификации дека Движењето ЗНАМ-За наша Македонија е националистичка партија, која има антиалбанска доктрина ја сметаме како обид за спинување и манипулација со цел избегнување одговорност за спроведување на законите.

Господинот Меџити предолг период беше во редовите на ДУИ, време е да излезе од таа матрица.

Очигледно е дека идол му е Али Ахмети, наша препорака е да си остане само Изет.

Истакнувањето на знамињата на етничките заедници е уредено со закон и никој не е над законот вклучувајќи го и Вицепремиерот Меџити, или пак за него е навредливо државното, македонското знаме да биде со поголема големина од останатите иако е пропишано со закон?!

Знамињата на сите етнички заедници кои живеат во Куманово, а се истакнати во кабинетот на Димитриевски се согласно законот и од почит кон сите нив иако не е законска обврска, не служат за да навредат некој, туку да ги испочитуваат сите етнички заедници.

Тоа е мултиетницизам и взаемно почитување кое ние од движењето ЗНАМ го практикуваме и негуваме.

На господата од ВРЕДИ сакаме да им укажеме дека колку побрзо сфатат дека нивна држава е Македонија, а не Косово, толку подобро за нив, во спротивно ќе завршат и пред да почнат, ќе разочараат многумина кои очекуваат да се различни од нивните предходници а тоа ќе се потврди на следните локални избори.

Нека се договорат кој од претседателите на партиите во Вреди го кажува официјалниот став на нивната коалиција, затоа што вака делуваат како раштимуван оркестар без диригент.

На крајот, една порака и до Вреди и до ДУИ.

Никогаш повеќе Македонците нема да се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствената држава!

Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија е гарантот за тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Заедно го креираме буџетот на Општина Карпош за 2027 година

Вашиот глас е важен. Вашите идеи, предлози и барања можат да станат конкретни проекти и активности што ќе го подобрат секојдневието во нашата општина. 

О. Карпош: Заедно го креираме буџетот на Општина Карпош за 2027 година

Општина Карпош ги повикува сите граѓани активно да се вклучат во Форумот за граѓански буџет за 2027 година и заеднички да ги утврдиме приоритетите за развој.

Форумите ќе се одржат во холот на општинската зграда, во периодот од 15:00 до 17:00 часот, според следниот распоред:

I БУЏЕТСКИ ФОРУМ – ВЛАЕ, ЗЛОКУЌАНИ И БАРДОВЦИ • У.З. Влае 1 • У.З. Влае 2 • У.З. Злокуќани • М.З. Бардовци

II БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КАРПОШ И ТАФТАЛИЏЕ • У.З. Карпош 1 • У.З. Карпош 2 • У.З. Карпош 3 • У.З. Карпош 4 • У.З. Тафталиџе 1 • У.З. Тафталиџе

III БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КОЗЛЕ, МЛЕЧЕН И НЕРЕЗИ • У.З. Кузман Јосифовски-Питу (КЈП) • У.З. Пецо Божиновски-Кочо (ПБК) • У.З. Владо Тасевски (Млечен) • У.З. Нерези

Да креираме заедно затоа што најдобриот буџет е оној што ги одразува вистинските потреби на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црвено-жолтите против Словенија по премиерни бодови во Б сегментот од Лигата на нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва од 20-45 часот на арената Тоше Проески во Скопје  против незгодната селекција на Словенија, го игра последниот натпревар од групната фаза во сегментот Б од  Лигата на нации. 

Црвено-жолтите против Словенија по премиерни бодови во Б сегментот од  Лигата на нации

Избраниците на Седлоски на дуелот против Словенија ќе се обидат да стигнат до првиот бод освоен сезонава во Лигата на нации.

По гостувањето во Шкотска, македонската репрезентација се враќа пред домашната публика со желба за позитивен резултат и достојно затворање на настапот во групата. Словенија е добро познат противник, а меѓусебните дуели низ годините носат интересна фудбалска приказна.

Македонија и Словенија досега одиграле осум меѓусебни натпревари, а билансот е на страната на нашата репрезентација. Имаме четири победи, два нерешени резултати и два порази, со вкупна гол-разлика 13:9.

Последниот меѓусебен натпревар, одигран на 29 септември во рамките на Б Лигата на нации, заврши со победа на Словенија од 2-0.

Историјата на меѓусебните пресметки започна на 13 октомври 1993 година во Крањ, кога Македонија го одигра својот премиерен меч како национален тим, а тоа воедно беше прв натпревар против Словенија и забележа убедлива победа од 4:1.

Само пет месеци подоцна, на 23 март 1994 година, двете селекции повторно се сретнаа, овојпат во Скопје. Македонија славеше со 2:0 и ја потврди добрата традиција против словенечката репрезентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џон Мекинро: „Ве интересира ли кога Ѓоковиќ ќе се пензионира? Еве, ќе ви кажам.“

Легендата на светскиот тенис Џон Мекинро открива кога најтрофејниот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ би можел да се повлече од тенисот, осврнувајќи се на неговите моментални предизвици и планови.

Џон Мекинро: „Ве интересира ли кога Ѓоковиќ ќе се пензионира? Еве, ќе ви кажам.“

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, воопшто нема добра сезона. Всушност, 2026 година можеби е една од најлошите во неговата кариера, иако тој успеа да собори неколку рекорди и да победи на турнирот во Пекинг.

Сезоната за него започна добро – го видовме во финалето на Австралија Опен – но оттогаш следеа многу падови, а релативно малку успеси. Како резултат на тоа, тој не успеа да се пласира на Завршниот мастерс во Торино, а доживеа и пад на АТП-листата (се наоѓа дури на 12-тото место во светот), што ќе му создаде проблеми и пред почетокот на следната година.

Сепак, знаеме дека тој е во години кога повеќе се зборува за пензионирање отколку за спортски цели.

Иако српскиот тенисер не го најави крајот на својата кариера, многумина со години се обидуваат да погодат кога тој ќе стави крај на играњето.

Сега се огласи и легендарниот Џон Мекинро, со кого Ѓоковиќ имаше необичен однос во текот на кариерата. Мекинро прво го бранеше, па го критикуваше, а неодамна присуствуваше на промоцијата на документарен филм за кариерата и животот на „најголемиот на сите времиња“ – што сугерира дека односите меѓу нив се подобрени. Затоа, можеби вреди да се слушне што има да каже тој..

„Како прво, Новак Ѓоковиќ има 39 години, што во тенисот – вклучувајќи го и мојот случај – е далеку над границата до која стигнуваат повеќето играчи. Не сакате да дојдете во ситуација во која се прашувате: ’Зошто престанав, кога можев да освојам уште нешто?‘ Токму со тоа се соочува Новак во моментов“, изјави Мекинро, предвидувајќи дека Ѓоковиќ ќе ја заврши кариерата следната година.

„Тој стигна до финалето на Австралија Опен и веројатно размислува: ’Можеби можам да освојам уште една титула‘. Дали ќе се пензионира во 2027 година? Изгледа дека тоа би можело да се случи наскоро. Би рекол дека е сосема реална можност, но сепак – почекајте уште малку.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер