Значајни културни содржини на одбележувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на Св.Климент Охридски - Канал 5

Значајни културни содржини на одбележувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на Св.Климент Охридски

Значајни културни содржини во насока на одбележување на 1100-годишнината од упокојувањето на големиот мисионер, Св. Климент Охридски, ќе реализираат Министерството за култура и институциите од областа на културата заедно со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Значајни културни содржини на одбележувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на Св.Климент Охридски
На денешното претставување на културните содржини на прес-конференција во МАНУ, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска рече дека на 8 август во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе биде отворена изложбата на копии на фрески насловена како „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“ која претставува пресек на врвните творечки и уметнички прикази на светителот низ минатото.

Таа заедно со претседателот на МАНУ, Таки Фити, денеска ја посети изложбата, која од 30 јуни е отворена во МАНУ, а претходно беше во Рим и сега е збогатена со три нови портрети.

Според министерката, изложбата која МАНУ ја организира во соработка со Заводот за заштита на спомениците и музеј Охрид, ќе овозможи посетителите да се запознаат со впечатливите прикази на ликот на Св. Климент во црквите во Македонија, Грција, Албанија и Србија, портретите во црквите во Костур и Москополе, како и други вредни претстави кои сведочат за мисијата на првиот словенски епископ, како и за пробивноста на неговиот култ на овие простори под патронатство и закрила на Охридската архепископија.

На изложбата, нагласи, свое обраќање ќе има академик Цветан Грозданов, кој е врвен познавач на оваа тематика во науката и уметноста.

Таа рече дека истиот ден, 8 август, во рамки на нашиот најзначаен интернационален фестивал „Охридско лето“ на Античкиот театар ќе се одржи и Свечена академија посветена на Св.Климент Охридски по која ќе следува концерт на симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро Борјан Цанев.

- Во рамки на наменски подготвената програма на концертот ќе бидат изведени обработки на македонски црковни напеви, како и обработки на најубавите македонски народни песни аранжирани од композиторот Сони Петровски. Солисти на концертот ќе бидат нашите светски реномирани оперски пејачи Ана и Игор Дурловски, кои ќе настапат и со женскиот камерен хор Херувими. Уверена сум дека со овој настан соодветно ќе го одбележиме овој историски датум и достоинствено ќе му оддадеме почит на ликот и делото на Св.Климент Охридски, кој зазема значајно место во нашата колективна материјална и духовна меморија, рече Канческа Милевска.

Програмските содржини, потенцира Канческа Милевска, се дел од богатата програма која оваа година под покровителство на претседателот на Република Македонија, МАНУ и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, а во соработка со министерствата за култура, образование, Македонската православна црква, високо-научните институции во државата, градот Охрид и др. установи ќе се реализира на национално ниво во насока на одбележувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на големиот мисионер Свети Климент Охридски.

Потсети дека Министерството за култура годинава организираше уште еден навистина екслузивен настан во рамки на честувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил во Рим“, каде во понтификалниот универзитет „Урбанијана“ беше отворена ексклузивната изложба „Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност“.

- Изложените 38 дела, оригинални икони, фреско-копии и тематски фотографии од нашето непроценливо наследство кои се поврзани со безвремениот лик и делото на Св. Климент беа провокација за преку 5.000 посетители во вечниот град, кои со голем интерес го проследија ова претставување на Република Македонија. Оваа изложба во моментот е изложена во МАНУ, а ќе биде претставена и пред учесниците на Светската верска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог која Министерството за култура оваа година по четврти пат ќе ја реализира во Република Македонија, во Битола од 3 до 5 ноември, рече Канческа Милевска.

До крајот на годината, нагласи, ќе се реализираат уште неколку културни настани: По успешните претставувања во Кралскиот музеј во Мариенмонт, Белгија и во Ватиканските музеи во националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” во втората половина на годината ќе биде претставена изложбата „Словенските ракописи од Македонија од 13-19 век“, која е приказ на илјадагодишната писмена традиција на нашето тло.

- Во септември во оваа установа ќе се одржат работилници од Млад Светиклиментов универзитет, предавања за глаголица и рачно производство на хартија (традиционални занаети и вештини), а во декември, ќе се одржи и традиционалната научна средба посветена на свети Климент Охридски, додаде министерката Канческа Милевска.

Претседателот на МАНУ, Таки Фити рече дека изложбата на Глаголицата од авторите проф.Трајче Блажевски и проф.Фехим Хусковиќ на 7 август ќе биде претставена во Куќата на Уранија, т.е. во Научниот и уметнички центар на МАНУ во Охрид. Според него, ова ќе биде добра можност изложбата „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“ и изложбата на Глаголицата, покрај граѓаните на Охрид и на Република Македонија, да ги видат и гостите од академиите на науките од повеќе земји, кои ќе бидат присутни на централната манифестација во Охрид.

- На 8 август во 19 часот во соработка со МПЦ ќе се одржи Молебен пред гробот и моштите на Свети Климент на Плаошник. Една од целите на ова чествување е да го афирмираме сесловенскиот карактер на делото на Свети Климент Охридски, неговиот придонес за словенската цивилизација и нејзиното значење во европски рамки, посочи Фити.

Додаде дека по повод чествувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски, МАНУ подготвува две капитални изданија: „Епоха св.Климент Охридски“, јубилејно тротомно издание, дел од макропроектот „Историја на културата на почвата на Македонија“, чиј раководител е академик Георги Старделов и Сесловенски ракописи од Македонија во странски ракописни збирки X-XIX век, книга 1 од академик Ѓорги Поп-Атанасов.

Директорот на НУ Охридско лето, Оливер Арсовски на прес-конференцијата наброја дел од делата кои ќе бидат изведени на концертот: „Оца и сина“ од Манасиј Поп Тодоров, „Тропарот на Свети Климент Охридски“ од Јане Коџабашија...

Директорот на Македонската опера и балет, Игор Дурловски, кој е оперски солист, укажа на кој начин стигнале до варијантата да обработуваат македонски народни песни со симфониски оркестар.

Посочи дека идејата им била првично од италијанските канцони односно наполитанските песни кои многу често оперските пејачи знаат да ги изведуваат во белканто стил и сметале дека може македонски народни песни кои имаат посебна уметност во себе, да бидат исто така обработени за симфониски оркестар и за пеење кое делува малку поинаку од сите останати концерти кои досега сме ги слушале со преработка на македонски народни песни.

- Убеден сум дека ќе имаме одличен концерт, одлична програма и прекрасни аранжмани, додаде Дурловски. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски

Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

​Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите

Дури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин.

​Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите

Енергетските пијалаци се популарни меѓу децата и тинејџерите, а нивната консумација дополнително ја поттикнуваат социјалните мрежи, инфлуенсерите и рекламите, кои ги претставуваат како брз начин за зголемување на енергијата и концентрацијата.

Една лименка енергетски пијалак од половина литар може да содржи дури 55 грама шеќер – што одговара на приближно 11 ќесички шеќер од по пет грама. Покрај шеќерот, овие пијалаци често содржат големи количества кофеин, како и други состојки, на пример таурин, ароми и бои. Дури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин.

Немир, анксиозност и срцеви проблеми

Педијатрите предупредуваат дека редовната консумација на енергетски пијалаци може да предизвика низа непријатни симптоми: забрзано или силно чукање на срцето, чувство на немир и анксиозност, како и треперење.

Консумирањето на овие пијалаци кај младите го нарушуваат срцевиот ритам, предизвикувајќи проблеми со спиењето, како и симптоми на анксиозност или напади на паника. Младите развиваат толеранција кон кофеин, што значи дека телото се навикнува на неговото дејство, па лицето ќе почне да пие сè поголеми количини за да го постигне истото ниво на будност.

Рекламите што ги привлекуваат младите луѓе

Една од причините за популарноста на енергетските пијалаци е нивниот начин на рекламирање. Шарените пакувања, соработките со инфлуенсерите и врските со видеоигрите, спортот и забавата создаваат впечаток дека ваквите пијалаци се неопходен дел од активниот живот. Дополнителна забуна се верзиите без шеќер, кои понекогаш се перципираат како поздрав избор. Сепак, елиминирањето на шеќерот не ги елиминира ризиците поврзани со кофеинот, особено кај децата и адолесцентите.

Во Македонија сè уште нема активна законска регулатива што ја ограничува или забранува продажбата на енергетски пијалаци на малолетници, иако во собраниска процедура во минатото беа поднесувани предлози и иницијативи за изменување на законите со цел да се воведе ваква забрана за лица под 18 години.

Забраната за продажба е само еден аспект од превенцијата. Важно е да се разговара со младите за тие да ги разберат последиците од ваквата консумација. Некои ги пијат од љубопитност, други за да се вклопат во друштвото на врсниците, а некои поради замор, стрес или тешкотии со концентрацијата.

Сепак, преку Извештај на Институтот за јавно здравје, се препорачува воведување на даноци за засладени пијалаци, строги правила за обележување и ограничување на рекламите за производи со висока содржина на шеќер и кофеин. Од таму препорачуваат, особено за младите лица, водата да биде прв избор, потоа чајот и домашно цедениот сок без додаден шеќер, младите да имаат доволно сон, редовна исхрана и физичка активност.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Знаци дека во домот имате стеници и чекори што мора да ги преземете веднаш

Стениците се многу здодевни штетници кои предизвикуваат чешање доколку ве каснат, предизвикувајќи алергиски реакции и секундарни инфекции на кожата.

Знаци дека во домот имате стеници и чекори што мора да ги преземете веднаш

Според стручните лица од Bed kingdom, ова се знаци на кои треба да обратите внимание, пренесува Мирор.

Чудна миризба: Стениците испуштаат необичен мирис, а експертите објаснуваат: „Еден од раните знаци на наезда од стеници е чуден мирис на застоено во спалната, дури и кога нема очигледна причина за тоа – како на пример, куп валкана облека. Кога стениците се загрозени, испуштаат таканаречени феромони за тревога, кои имаат слаб мирис на малини, коријандер или нешто слично. При сериозни наезди, овој мирис може да се измеша со мирисот на мртви стеници и отфрлени чаури, создавајќи мирис што потсетува на 'рѓа.“

Каснувања: Ако се разбудите со „црвени каснувања што чешаат“, тоа може да биде знак за присуство на стеници. Тие обично се хранат со крв во текот на ноќта, често каснувањата се во групи или поединечни. Според стручните лица, тие генерално не се опасни, но некои луѓе може да бидат алергични – доколку забележите отоци, побарајте лекарска помош.

Јајца: Јајцата на стениците тешко се забележуваат бидејќи се ситни – долги се само 1 мм – но можете да барате сè што наликува на мали зрна ориз во вашиот кревет. Тие можат да се залепат на различни површини, најчесто по должина на рабовите и споевите на душекот или зад наслонот на креветот.

Обвивки: „Стениците се „преслекуваат“ неколку пати во текот на својот животен циклус, што значи дека отфрлената кожа може да варира по големина“, објаснуваат експертите. „Можете да ги препознаете по нивниот жолтеникав, проѕирен изглед на рабовите, наборите и процепите на душекот, па дури и на други места, како што се пукнатини во ѕидовите или во мебелот.“

Дамки од крв: Откако ќе завршат со хранењето, од телото на стеницата може да истече крв доколку ја згмечите додека спиете – на пример, при ненадејно движење или превртување во креветот. Ако забележите вакви траги, а нема друга очигледна причина за нив, најверојатно тие се знак за наезда.

Темнокафеави траги: Мали, темни дамки од изметот на стениците со големина на врв од молив може да се појават на душеците, чаршафите, наслоните за глава, па дури и на ѕидовите. Бидејќи се многу помали од дамките од крв, тие се потешки за забележување. Исто така, тие испуштаат слаб мирис на 'рѓа, што придонесува за непријатна, застоена миризба.

Живи стеници: Возрасните единки се долги околу 5 мм и имаат тенденција да се кријат на најразлични места, почнувајќи од самиот кревет па сè до неговата околина. Со малку труд, тие можат да се забележат, што е прв чекор кон нивно отстранување.

Ако забележите некои од овие значи, постелнината, навлаките и облеката за кои се сомневате дека биле изложени на стеници, исперете ги на висока температура согласно упатствата за одржување. Темелно извакуумирајте ги достапните процепи и рабови на душекот, а содржината безбедно одложете ја во затворена кеса.

Избегнувајте прскање на креветот со случајно избрани хемикалии или преместување на потенцијално заразените работи од една во друга просторија. Ако најдете живи стеници или јасни знаци за нивно присуство, најдобро е да повикате служба за дезинсекција.

Стениците може да се појават и во уредни домови, најважно е што порано да се препознаат зашто проблемот полесно се решава пред да се прошират низ целиот дом.

Извор: vecernji.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер