Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
1Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
ЖивотЗмија во авион предизвика принудно слетување во Јужна АфрикаНа лет од Блумфонтејн до Преторија во Јужноафриканската Република, пилотот Рудолф Еразмус морал принудно да слета поради жолта кобра на седиштата во авионот. На приватниот авион „Бичкрафт барон 58“ имало четворица патници (и змијата). Присуството на таква влечуга во авионот, иако секогаш шокантно и застрашувачко за сите, не е невообичаено. Инаку, двајца вработени во аеро-клубот „Ворчестер“, од каде што првпат полетал авионот, потврдиле дека претходно ја забележале змијата под леталото и дека се обиделе да ја фатат, но безуспешно - таа избегала. Еразмус потоа се обидел да ја најде змијата пред да полета авионот, но бидејќи ја немало, претпоставил дека таа се извлекла од леталото. Пилотот вели дека не се чувствува „посебно“ по својот смирен и присебен потег и слетувањето. - Мислам дека пофалбите се малку претерани, бидејќи и моите патници останаа присебни и смирени, додаде тој. Каснувањето од жолта кобра може да биде смртоносно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.Веќе со месеци говориме за српскиот свет што го води СДС, преку Башановиќ и Милјан Шчекиќ, а Филипче и другарите само испорачуваат. Доказ за тоа дека Филипче и СДС слугуваат на српскиот свет е токму оваа фотографија, едно од многуте соопштенија коишто Башановиќ и Шчекиќ ги пишуваат за СДС, ама не го владеат добро македонскиот јазик, па затоа честопати се забележуваат и печатни грешки. Она што го слушате од Филипче кога ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, впрочем е насока од српскиот или бугарскиот свет за кого Венко одработува. СДС со Филипче и Заев поради многу контроверзии со кои се соочуваат, мораат да се продадат на некој друг, бидејќи тука во Македонија не ги сакаат. Едниот криминалец со тапија, а другиот без. Наместо да се заангажираат за Македонија, тие работат за уништување и потчинување на државата, работејќи за странски служби. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
МакедонијаЃорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза - победи зеленилото наспроти бетонизацијатаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска заеднички официјално го пуштија во употреба новиот мега парк „Бутелска оаза“.- Бутел доби ново зелено срце. Место што ќе им припаѓа на граѓаните, ќе зближува генерации и ќе создава спомени. Има посебна радост кога дадениот збор ќе стане место исполнето со детска смеа. Се сеќавам, кога ја подготвувавме програмата за Скопје, Дарко побара да изградиме парк десет пати помал од овој што денес го отвораме. Ги разгледавме можностите и решивме да направиме многу повеќе - еден од најголемите мега паркови во Скопје, каков што Бутел заслужува. Денес, таа одлука е реалност пред нашите очи. На просторот каде што се планираше бетонизација, сега има огромна зелена површина, реквизити за најмладите, пешачки зони и фитнес зони за рекреација. Место за првите детски чекори, за младите и нивните дружења, за семејните прошетки и за спокојните утра на нашите пензионери. Простор за сите генерации. Простор за секој граѓанин – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека за одржување на зеленилото, целиот комплекс има сопствен систем за наводнување со техничка вода. - Создаваме парк со услови за долгорочно и одржливо одржување, за во неговата убавина да уживаат и генерациите што доаѓаат. Секое засадено дрво е влог во почист воздух. Секоја нова зелена површина е придонес за помалку урбана жештина. Секој нов парк е повеќе простор за здравје, рекреација и поквалитетен живот. Тоа е Скопје за кое работам. Град во кој секое маало е важно, секоја општина добива внимание и секој граѓанин заслужува уреден и достоинствен простор за живот. Бутел ја доби својата оаза. Скопје доби уште една причина за гордост. Да ја чуваме, затоа што ова е наше заедничко богатство – рече Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски нагласи дека со гордост може да каже дека ветеното за Бутел за неговиот четиригодишен мандат е реализирано уште во првата година и посака новиот мега парк „Бутелска оаза“ да биде полн со живот, детски џагор и убави моменти.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоОд утре до вторник претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дождПод влијание на циклонска активност од утре до вторник (03.11.) времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. . Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m2. Во Скопје, од утре до вторник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе бидат пообилни. За целиот прогнозиран период во Скопската Котлина се очекува да наврне над 40 l/m2 дожд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24