Змија излегува од возило во Австралија, додека возеле по автопат (ВИДЕО) - Канал 5

Змија излегува од возило во Австралија, додека возеле по автопат (ВИДЕО)

Оваа глетка може да се доживее само во Австралија.

Змија излегува од возило во Австралија, додека возеле по автопат (ВИДЕО)

Многумина се на мислење дека средбите со диви животни се вообичаени во Австралија. И главно се во право, а тоа го поткрепува и следното видео кое го снимила Кери Џенкинс додека таа и нејзиниот партнер се возеле по автопат. Додека возеле, од делот на моторот излегла змија.

Се вовлекла низ предниот капак на моторот и прелетала над хаубата на местото каде што на некои автомобили гледаме значки на марки на автомобили, па дури и соодветни „скулптури“ како трокрака ѕвезда. Бидејќи не можеле да запрат, змијата продолжила да се извлекува за време на возењето, а потоа неконтролирано се лизгала по хаубата.

@kerryjenkins32 We were on holidays at Darlington Beach, 30kms north of Coffs Harbour, travelling home to Forster. We had been on the road for 250ks, 30ks from home on the Pacific Highway, when we noticed a little yellow head. I grabbed the phone & started recording. We didn't know what to do! We assumed it would just fly off, & didn't think it would have held on for so long. We knew the turn off wasn't far away, & wanted to be safe off the highway before we pulled over. Once we pulled over we could see it was still hanging onto to the front grill. It slid onto the ground & then back up into the under motor. A fellow helped us look, with no success. You can see in 2nd video. We continued to drive home, and looked again on and off over the next few hours. With a torch we ended up seeing him, and my son tried to catch him and get him out and he darted back into the motor. Again unsuccessful. We waited overnight and I've looked again in the morning and found nothing. I would have assumed he got out and escaped. 4.13pm today 5th Dec 2022 my partner just popped the bonnet (unfortunately without videoing) and he was sitting on top of the motor, my partner dropped the bonnet afraid (massive snake phobia) I opened it back up and we could see his tail sliding back into a crevice. #windscreenviper #treesnake #ridealong #burnthecar #stuckinmycar #snakesoftiktok #hitchhiker #snake ♬ original sound - Kerry Jenkins

Кога конечно стигнале на излезот од автопатот и ја намалиле брзината, змијата успеала да ја контролира позицијата и можело да се види дека е видно вознемирена, исто како и патниците во автомобилот кои не се смириле откако првпат ја виделе змијата. И кога конечно застанале, змијата се вратила на безбедното место во моторниот простор. Добрата вест е што не се работи за отровна змија. Откако стигнале дома, се обиделе да ја најдат змијата. Ја виделе неколку пати, но не можеле да ја избркаат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер