Почнува новото поглавје за младите на ЗНАМ: Мила Петрушевска избрана за претседателка на Клубот на млади
1Почнува новото поглавје за младите на ЗНАМ: Мила Петрушевска избрана за претседателка на Клубот на млади
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
2Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ЗдравјеЗЛС: Државата нема луксуз да губи лекари специјализанти– На анкетата која ја спроведовме пред оваа панел-дискусија, дури 70 отсто од испитаниците изјавија дека би останале во рамките на својата држава доколку имаат загарантирано работно место. Под мотото „Иднината сега“, Здружението на лекари специјализанти синоќа одржа панел-дискусија на која беа споделени мислења за одливот на медицински кадар надвор границите на државата, предлог-решенија за запирање на трендот и зајакнување на здравствените капацитети. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти д-р Александра Георгиева како организатор на синоќешната трибина рече дека најголем број на младите лекари специјализанти би останале во државата доколку имаат загарантирано работно место. Таа посочи три предлози кои би придонеле до забавување на одливот на лекари и здравствени работници. – На анкетата која ја спроведовме пред оваа панел-дискусија, дури 70 отсто од испитаниците изјавија дека би останале во рамките на својата држава доколку имаат загарантирано работно место. Затоа предлагаме во Законот за здравствена заштита, кој во моментот е во Собрание и веќе трпи измени, да се вметне правото на загарантирана плата и дежурства за приватните специјализанти. Друг горлив проблем е едукацијата и кариерниот развој како втора најбитна причина за миграција. Тука ЗЛС предлага креирање на програма за едукација во странство на специјализанти, но и млади специјалисти. Третиот предлог е редизајнирање на критериумите за вработувања, особено во терцијарното здравство, преку формирање на работна комисија во рамките на Министерството за здравство, составена од претставници на Млада, Министерство за здравство и здруженијата на млади лекари, која ќе креира предлог-измени, кои би се имплементирале во тек 2023 година, изјави Георгиева од на Здружението на лекари специјализанти. Министерот за здравство Беким Сали смета дека подобрување на условите во здравствените установи е една од мерките кои ќе го спречат или намалат одливот на стручни кадри надвор од земјава. – Ние како министерство реализиравме набавка на нова медицинска опрема и подобри услови со цел да ги задржиме лекарите и да го спречиме одливот на лекарите. Посебен фокус ставаме на доусовршување и обука на кадар на лекари, конкретно на лекари од Тетово кои ќе менторираат во шест области од здравството. Ние како министерство сме посветени и работиме за промена на Законот за здравствена заштита и регулирање на правото за дополнителна дејност и стимулација на нови лекари со посебен фокус на младите лекари кои основаат сопствени здравствени установи. Се надевам дека со овие мерки и други на кои работиме ќе успееме да го намалиме одливот на здравствени работници надвор од земјава, истакна министерот Сали. Преку видеообраќање на панел-дискусијата се вклучи и претставничка и шефица на канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје д-р Ане Јохансен, која смета дека за да се реши ова одлевање на здравствени кадри мора да се креираат и промовираат стручни кадри колку што е реалната потреба во државата. – Треба да креираме политики кои го промовираат задржувањето на здравствените работници но од иста важност треба да ни бидат и стратегиите за создавање на квалитетни работни места кои даваат фер плата. Исто така државите каде има одлив на мозоци не треба да дозволат вишок на дипломирани студенти во одредени струки и треба да најдат решение за неусогласувањето на вештините коишто се стекнуваат на факултетите и вештините коишто се потребни на пазарот. Со други зборови треба да се поклопат побарувачката и понудата на работни места и вештини, посочи Јохансен во видеообраќање. Панелистите споделија планови и стратегии за задржување на младите лекари во земјата и овозможување на стабилен, одржлив и силен здравствен систем. Проф. д-р Бојан Јоксимовиќ смета дека здравствените работници државата не треба да ги гледа како ресурси туку како капитал и во нив треба да се инвестира. – Доколку човекот се третира како капитал вреди многу повеќе од тоа доколку истиот се третира како ресурс. Ако сакаме да вложуваме во подобар свет и доусовршување ќе мора да обезбедиме услови за промена. Најдобрите таленти ги привлекува способноста, местото каде тие можат да напредуваат, да научат нешто ново и да направат подобар свет. Наше е тоа да им го обезбедиме, порача Јоксимовиќ. Проф. д-р Венко Филипче, претставник на фондацијата Заев – Едно општество, порача дека неговите приоритети како поранешен министер за здравство биле унапредување на условите како зголемување на плати за лекарите, здравствените работници и секако специјализантите кои во најголемата здравствена криза понесоа голем товар работејќи рамо до рамо со повозрасните лекари. – Овој настан би го искористил да го најавам првиот конкретен проект, а тоа е обезбедување на стипендии за пет специјализанти во ИРКАД центарот за експериментална хирургија. Неслучајно ги одбравме специјализантите како еден од приоритетите во нашата работа како фондација. Вложувањето во нив е влог во поквалитетни услуги, експертиза и знаење, но и задржување на ова знаење тука во Македонија. Регионот се бори со одлив на лекари и специјалисти и ова мора да биде наш приоритет како држава. За да ги задржиме лекарите и здравствените работници тука, ние мора да имаме конкурентни услови за работа како во европските земји. Треба да им понудиме соодветна поддршка и усовршување, конкурентни плати и услови во клиниките и почитувана позиција во општеството. Едноставно немаме луксуз да губиме здравствени работници, рече Филипче на панел-дискусијата за одливот на медицински кадар вон границите на државата. Професорката д-р Ана Данева Маркова посочи дека иднината на здравиот и стабилен здравствен систем зависи од сегашноста и она кое се креира денес. Таа, земајќи го фактот на негативната промена на демографијата, рече дека потребата за здравствени работници ќе стане поголема. – Се прогнозира дека демографијата на Републиката ќе продолжи значително да се менува во периодот 2021 – 2030 година, што ќе влијае врз здравствените потреби и побарувачката. Тоа значи дека значително ќе се покачи бројот на луѓе постари од 65 и постари од 75 години, коишто се главните потрошувачи на здравствените услуги. Оваа т.н. демографска „темпирана бомба“ веќе имаше сериозен ефект во неколку европски земји и ваквиот ефект ќе се почувствува и во Северна Македонија. За да се воздигне статусот и положбата на здравствениот работник во промоцијата на здравствениот систем треба да се разрешат поголем број на клучни прашања. Подобрувањето на здравствената состојба и менувањето на здравственото однесување не е задача само за здравствениот сектор, туку мора да биде дел од кохерентна владина политика којашто ќе ги опфати сите аспекти на социјална, економска и фискална политика, рече Данева Маркова. Панелистите потенцираа дека потребни се системски промени и борба, но да се остане дома, да се создава и зајакне здравствениот систем во сопствената држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНејмар направи хаос во Бразил- соиграчите мораа да го задржуваат (ВИДЕО)Бразилскиот фудбалер Нејмар (34) предизвика голем инцидент за време на натпреварот помеѓу Сантос и Баија (1:1) во 32-то коло од бразилското првенство. Ѕвездата на Сантос беше исклучена по судир со Родриго Нестор, а потоа се обиде физички да го нападне противничкиот фудбалер. Во тоа беше спречена од другите играчи, кои мораа да ја смират ситуацијата на теренот. Конфликтот започна во 31-та минута, кога Нестор го фаулираше Нејмар. Бразилецот луто ја фрли топката кон противникот, кој падна на тревникот. Нејмар потоа се обиде да ја подигне, по што дојде до туркање на играчи од двата тима. Судијата Савио Переира Сампајо му покажа жолт картон на Нејмар. Веќе на полувремето, Нестор го обвини Нејмар дека го навредил во интервју за Sportv. Тој рече дека играчот на Сантос му упатил низа навредливи зборови, но не сакаше да открие што точно му рекол. „Тој знае што ми кажа. Тоа беше големо непочитување кон мене и дресот на Баија. Мислам дека како играч е идол за сите, но денес тој потфрли како личност со своето однесување. Никогаш не би рекол нешто такво. Не сакам да ги повторувам неговите зборови, има многу луѓе и деца кои го гледаат ова“, рече Нестор. Нејмар доби црвен картон и се обиде да го нападне Нестор Кавгата продолжи пред почетокот на второто полувреме. Нејмар повторно му се приближи на Нестор и му ја покри устата со раката за време на разговорот. Играчот на Баија веднаш го извести судијата, кој по интервенцијата на ВАР ја прегледа снимката и му покажа директен црвен картон на Нејмар. Neymar loses his temper and tries to assault a Bahia player by u/cocacolapepsifanta in soccer Одлуката е донесена врз основа на таканареченото правило Винисиус Јуниор, воведено во Бразил за да се спречи прикривање на навреди и расистички испади за време на натпреварите. Според ова правило, играч може да биде исклучен ако за време на конфронтација со противничкиот играч намерно ја покрие устата за да скрие што зборува. Нејмар целосно го изгуби трпението откако беше исклучен. Тој не сакаше веднаш да го напушти теренот, а потоа тргна кон Нестор, кој беше заштитен од неговите соиграчи и други играчи. Поради целиот инцидент, паузата помеѓу полувремињата траеше повеќе од 25 минути. Погледнете го видеото од инцидентот ТУКА. Нејмар: Сепак ќе го фатам По напуштањето на теренот, Нејмар ја објасни својата верзија на настаните и призна дека направил грешка кога ја покрил устата со раката. „Бев на средина од теренот, се шегувавме и се смеевме, а потоа отидов да разговарам со Нестор. Направив грешка со ставањето на раката преку устата, но дури и не му реков ништо сè уште, а тој веќе ја крена раката. Тоа е најголемата подлост во фудбалот. Но, сепак ќе го фатам“, рече Нејмар. Подоцна, тој се огласи и на социјалните мрежи. Им се извини на навивачите на Сантос и призна дека исклучувањето било оправдано, но го обвини Нестор за злоупотреба на правилото против расизмот за да му даде предност на својот тим. „Она што Нестор ми го направи денес е многу сериозно. Ова правило е создадено за борба против расизмот, а тој сакаше да го искористи за да добие предност на натпреварот. Не му реков ништо. Секако дека се навредувавме и провоциравме, но тоа е дел од фудбалот. Она што го направи беше навистина злобно“, рече Нејмар. Поради исклучувањето и третиот жолт картон, Нејмар ќе ги пропушти следните два натпревари на Сантос, против Палмеирас и Ред Бул Брагантино. Сантос го заврши натпреварот со нерешен резултат 1-1. Баија поведе со голот на Лучано Џубе, а домаќините добија бод со голот на Луан Перез во судиското продолжение.Тагови: Нејмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочнува новото поглавје за младите на ЗНАМ: Мила Петрушевска избрана за претседателка на Клубот на младиМладите не се само иднината на Македонија. Тие се нејзината енергија, нејзиниот глас и силата што може да донесе нови идеи, поинаков пристап и вистински промени. Токму со таа порака, на Пелистер денеска се одржа Првата изборна конференција на Клубот на млади на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, на која за претседателка беше избрана Мила Петрушевска, магистер по правни науки од областа на казненото право и членка на Советот на Општина Куманово. Конференцијата претставува важен чекор во организациското јакнење на Движењето и отворањето ново поглавје во организирањето на младите. Формирањето на Клубот на млади е дел од Акцискиот план на ЗНАМ, со јасна цел, создавање организиран, активен и функционален младински подмладок, во кој младите ќе имаат простор да ги изразат своите ставови, да предлагаат иницијативи и непосредно да учествуваат во креирањето на политиките и насоките на Движењето. Обраќајќи им се на делегатите, новоизбраната претседателка Мила Петрушевска истакна дека довербата што ја добила ја доживува пред се како одговорност, со визија за младинска организација што ќе биде присутна меѓу младите, ќе ги слуша нивните потреби и ќе создава можности за нивен личен и професионален развој. „Мојата цел е да изградиме подмладок во кој младите нема само да бидат присутни на фотографии и настани, туку навистина ќе учествуваат, ќе предлагаат идеи и ќе имаат можност да влијаат врз одлуките. За мене е важно да не бидам само претседателка која ќе стои пред младите, туку некој што ќе стои зад нив, зад нивните идеи и иницијативи“ порача Петрушевска. Таа нагласи дека нејзин приоритет ќе биде градењето цврста младинска структура, со активности на терен, едукација, обуки и конкретна поддршка за младите, со цел секој да добие можност да го покаже својот потенцијал и активно да придонесува во заедницата. На конференцијата се обрати и претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, кој ја истакна важноста на младите како активни учесници во политичкиот и општествениот живот и потребата од создавање простор за нови генерации лидери. Тој порача дека силата на едно политичко движење не се мери само според резултатите што ги постигнува денес, туку и според луѓето што ги подготвува да ја преземат одговорноста утре. „На младите не треба само да им ја препуштиме иднината, треба да им дадеме можност уште денес да ја создаваат. ЗНАМ сака млади луѓе со свои ставови, со храброст да предлагаат, со знаење да преземат одговорност и со енергија да ги претворат своите идеи во конкретни резултати“ истакна Димитриевски. На Првата изборна конференција беше избрано и Координативното тело на Клубот на млади, кое заедно со претседателката ќе работи на поставување јасна организациска структура, утврдување приоритети и реализација на активности насочени кон поголемо младинско учество. Со формирањето на Клубот на млади, ЗНАМ испраќа јасна порака дека младите не се декор на политиката, ниту публика што треба само да ги следи одлуките на другите. Тие се луѓе со идеи, знаење, амбиција и право да бидат дел од процесите што ја обликуваат нивната иднина. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПоследното писмо на Меган Маркл до татко ѝ, обвинет за педофилија- знаела што се случува Британската војвотка од Сасекс Меган Маркл во последното писмо што му го испратила на својот татко Томас Маркл, со кого го прекинала контактот, изјавила дека е свесна за обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца.Британската војвотка од Сасекс Меган Маркл во последното писмо што му го испратила на својот татко Томас Маркл, со кого го прекинала контактот, изјавила дека е свесна за обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца што му биле упатени, нагласувајќи дека одлуката да одбие контакт со своите деца ја донела за да ги заштити, пренесува британскиот весник The Sun, повикувајќи се на извори. Според весникот, Меган го испратила писмото до нејзиниот татко во декември 2025 година, додека тој бил на болничко лекување на Филипините, по ампутација на ногата поради компликации предизвикани од згрутчување на крвта. Во писмото, како што се наведува, таа вели дека нема да му дозволи да се сретне со нејзините деца и дека повеќе нема да биде во контакт со него. Весникот наведува дека во писмото Меган упатила сериозни обвинувања против нејзиниот татко, вклучително и наводи за неговото наводно непримерно однесување кон малолетниците и дека била свесна дека случајот се разгледува. Томас Маркл моментално е под истрага поради сомнеж дека поседува материјал кој прикажува сексуална злоупотреба на деца, што тој го негираше, пишува Сан. Според весникот, спорниот материјал наводно бил пронајден во неговиот дом на Филипините, во неколку кутии. Неговиот син Томас Маркл Јуниор, полубрат на војвотката од Сасекс, изјави дека дошол до материјалот и дека случајот го пријавил во надлежните институции во Соединетите Американски Држави. Сан известува дека на 10 јули, Томас Џуниор го пријавил случајот во Федералното истражно биро (ФБИ), Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца и полицијата во државата Пенсилванија, каде што порано живеел неговиот татко. Томас Маркл постариот ги отфрли обвинувањата во изјавата што ја даде за Дејли Меил во петокот. Меган Маркл проговори за случајот во изјава за магазинот People во која изјави дека е длабоко потресена од информациите кои се појавија и дека нејзините мисли се со сите деца кои можеби биле повредени. Таа исто така изјави дека во 2018 година, писмо со вознемирувачки наводи против нејзиниот татко било испратено до лондонската Метрополитен полиција и службата задолжена за заштита на членовите на кралското семејство и другите заштитени лица. Меган и нејзиниот сопруг, принцот Хари, имаат две деца, седумгодишниот син Арчи и петгодишната ќерка Лилибет. Томас Маркл не присуствуваше на нивната венчавка во мај 2018 година, кога беше придружувана по патеката од кралот Чарлс III. Според магазинот People, Меган за писмото со обвинувања дознала по венчавката, а потоа, како што наведува извор запознаен со случајот, и било советувано да не зборува за тоа јавно за да не се загрози евентуалната истрага. Изворот додаде дека таа е загрижена и за правните последици од јавното изнесување непотврдени тврдења.Тагови: Меган Маркл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook