Злосторство во Австрија: Ја убил сопругата, па заспал до неа- ќерката го пронашла телото - Канал 5

Злосторство во Австрија: Ја убил сопругата, па заспал до неа- ќерката го пронашла телото

Жена (44) е убиена во Нојирхен ан дер Енкнах во Горна Австрија, а за злосторството е осомничен нејзиниот сопруг (35), кој заминал да спие по злосторството.

Злосторство во Австрија: Ја убил сопругата, па заспал до неа- ќерката го пронашла телото

Телото на несреќната Силвија, со бројни убодни рани, го пронашла нејзината ќерка од првиот брак, која во саботата наутро дошла да ја посети мајка си, објави ОЕ24.

Се верува дека Силвија и нејзиниот сопруг Мајкл се вратиле дома од забава околу 4 часот наутро, кога избила жестока расправија. Мајкл тогаш наводно грабнал два ножа и ја избодел сопругата до смрт. По злосторството ги спуштил ножевите и заминал да спие.

Кога ќерката на Силвија пристигнала околу 10 часот, ја затекнала страшната глетка на нејзиниот очув како спие покрај телото. Таа го разбудила нејзиниот очув, кој тврдел дека не знаел што се случило и не се сеќава на ништо.

Во куќата во Горна Австрија полицијата пронашла крвави ножеви.

Мајкл е уапсен и одреден му е притвор, а истрагата е во тек.

Поднесено обвинение за силување

Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад и силување согласно член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Поднесено обвинение за силување

На 21 февруари вечерта, со умисла и на сила, спротивно на јасно изразената волја на жртвата, ја присилил на полов однос. Делото го извршил во автомобил, на паркинг во Сопиште, така што најпрво без согласност започнал да ја допира жената, а потоа станал и насилен кон неа затоа што го одбивала.

Ја удирал со боксови и тупаници, па дури и со нога во лицето, предизвикувајќи и телесни повреди – подливи, нагмечување и скршеница на носните коски. Иако му кажала дека не сака да има ништо со него, на сила ја соблекол и ја принудил на полов однос. За цело време оштетената безуспешно се бранела и се обидувала да се оттргне.

Јавниот обвинител, заедно со поднесеното обвинение, до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Во Украина се урна уште еден авион Ф-16

Во Украина утрово се урна воен авион Ф-16, а пилотот се катапултира и е во добра здравствена состојба, соопшти украинското военовоздухопловство.

Во Украина се урна уште еден авион Ф-16

- Според прелиминарните податоци … во авионот се случила невообичаена ситуација. Пилотот го оддалечил авионот од населени места и успешно се катапултира, објави украинското военовоздухопловство на Телеграм.

Исто така се додава падот на авионот не е последица на руски напад.

Украинската армија најави дека ќе формира комисија која ќе го истражува инцидентот.

Тоа е втор пад на авион Ф-16 откако Украина доби борбени авиони од сојузниците на САД минатата година, во рамките на програмата одобрена од администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден. На крајот на август минатата година се урна Ф-16, а пилот загина.

Украина не открива колку борбени авиони добила од сојузниците./МИА

Филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Грузија

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски влезе во официјалната селекција на 5. Striped Tale Animation Festival 2025, што се одржува од денеска до 18 мај во Тбилиси. 

Филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Грузија

-Фестивалскиот тим на својата веб-страница го опишува филмот со следниве зборови: „Вселенска зоолошка градина. Балкански хумор. Хаос на интергалактичко ниво. „Јон Вардар против Галаксијата“ нè носи во една апсурдна мисија за спас на универзумот. Чудовишта, сатира и емоции се судираат во оваа забавна вселенска опера за сите возрасти. Научно-фантастична пародија со срце, вонземјани и автентичен балкански дух, вели режисерот.

Филмот на Цветановски, кој е поддржан од Агенцијата за филм, досега е селектиран на повеќе од десет фестивали, од кои пет се во А и Б листите на најдобри филмски фестивали во светот. /МИА

притисни ентер