1Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
2Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
ЕкономијаЗлатото ја проби границата од 5.000 долари за унцаЦената на златото денеска првпат во историјата се проби над нивото од 5.000 долари за унца, со што го продолжи својот тренд на раст, бидејќи инвеститорите бараат побезбедно засолниште за својот капитал поради геополитичките тензии.Растечката тензија меѓу САД и Европската Унија за Гренланд предизвика неизвесност на светските финансиски пазари минатата недела, па цената на златото силно порасна. Утрово, сепак, таа се зајакна за дополнителни 0,9 проценти, на 5.029 долари за унца. Минатата година цената на благородниот метал скокна за 64 проценти благодарение на намалувањето на каматните стапки во САД, падот на курсот на доларот, побарувачката од централните банки и рекордните приливи на пари во фондовите. „Проценуваме дека оваа година цената на унца злато би можела да достигне 6.400 долари, а просечната цена би можела да биде 5.375 долари“, изјави независниот аналитичар Рос Норман, пренесоа британските медиуми.Тагови: златото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаЈакимовски: Да се подготвиме најдобро што можеме и да ја потврдиме првата позиција во групатаМакедонската селекција е на чекор од обезбедување на првото место, Ирска е следниот предизвик.Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија влегува во завршниот дел од подготовките за последните два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Пред избраниците на селекторот Жозе Мариа Берокал се дуелите со Ирска и Луксембург, натпревари кои ќе ја одредат конечната позиција на табелата во групата „А“. Македонската селекција е на чекор од обезбедување на првото место, а целта е со нови победи да се потврди лидерската позиција и пласманот во главната квалификациска фаза. Нашиот национален тим полека се комплетира, а од вчера на подготовките во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје е и Андреј Јакимовски. Репрезентативното крило очекува тежок натпревар против Ирска, но верува во квалитетот и подготвеноста на македонскиот состав. „Не очекува еден од најбитните натпревари досега. Со победа против Ирска ќе го обезбедиме првото место во групата и затоа мора да се подготвиме најдобро што можеме. Имаме нов играч во репрезентацијата, хемијата во тимот е добра и останува на нас да победиме“, вели Јакимовски. Ирска во Скопје ќе пристигне со променет состав, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред средбата. „Ќе биде тешко, затоа што Ирците доаѓаат со нова екипа. Со пет-шест нови играчи. Не знаеме колку се тие добри играчи и како играат, но останува на нас да го добиеме натпреварот“, додава македонскиот репрезентативец. За разлика од претходниот февруарски циклус, националниот тим овојпат има повеќе време за подготовка и за запознавање со барањата на новиот стручен штаб. „Имаме доволно време да се запознаеме со она што го бара селекторот, со неговиот систем и начин на работа. Работиме напорно секој ден и засега работите одат одлично“, истакнува Јакимовски. Пред официјалните натпревари од ФИБА „прозорецот“, Македонија ќе одигра уште една контролна средба. Утре од 18:00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје следува проверка против Бугарија. Сепак, главниот предизвик е дуелот со Ирска на 2 јули, по што на 5 јули следува гостувањето кај Луксембург – последниот натпревар од овој циклус.Тагови: Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
МакедонијаМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нотаМинистерот потврди дека бугарскиот амбасадор во земјава веќе бил повикан на разговор каде што му бил изразен висок степен на незадоволство.Македонија очекува темелна истрага од Бугарија за протекувањето на дипломатската нота со лични детали и маршрутата на патување на сопругата и малолетниот син на премиерот, ова е невиден дипломатски преседан и агресија врз нашите семејства со цел да не оттргнат од нашиот пат, оцени шефот на дипломатијата - Тимчо Муцунски. Министерот потврди дека бугарскиот амбасадор во земјава веќе бил повикан на разговор каде што му бил изразен висок степен на незадоволство. Кога се случи инцидент пред амбасадата токму на таа држава од каде има протечено тој инцидент, ние веднаш јавно осудивме, институциите во најбрз можен рок постапија и веднаш искомунициравме со претставниците на соседна Бугарија. И најмалку што очекувавме е таков проактивен пристап од *нивна* страна, но бидејќи немаше, ние побаравме средба. // Оставете ги нашите семејства, имајте барем некој минимален степен на почит.- Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија Иако Брисел налага усвојување на Акцискиот план за малцинствата како и резултати од Историската комисија, според Муцунски, ова не се единствените прашања кои соседна Бугарија ги толкува како европски. Тој додаде дека за акцискиот план, иако од официјална Софија всушност немало суштински забелешки истиот не бил прифатен, а Историската комисија не може да има резултати се додека на Македонија и се наметнува, како што рече, туѓа реалност. -Од гледна точка на тоа што го работеле експертите, еве можам да ви кажам дека јас не гледам некоја суштинска пречка од страна на соседна Бугарија, не би можел да ви идентификувам суштинска пречка.// Ако се бара Гоце Делчев да кажеме дека е бугар, нема да постигне резултат историската комисија. Ако се бара Јане Сандански да кажеме дека не бил македонец, туку бил бугар и се борел за некоја форма на македонска автономија но во рамките на Бугарија, мислам тоа се небулози и нереални состојби. - Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија Министерот Тимчо Муцунски на отчетот за сработеното во првите две години од неговиот мандат, повтори дека Владата останува посветена на реформите и на барање на достоинствено решение надвор од билатерализацијата на европскиот пат. Без очекуваните гаранции, земјава нема да спроведе уставни измени, посочи Муцунски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
МакедонијаФилипче: Загрозен Вториот пензиски столб – нема пари во буџетот па ќе се трошат заштедите?Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конферениција нагласи дека изјавите на Мицкоски за вториот пензиски столб отворија сериозна загриженост кај граѓаните кои со години издвојуваат средства за својата пензиска иднина.Филипче, предупреди дека контрадикторните ставови на премиерот создаваат неизвесност и страв кај и побара власта да одговори дали е загрозен Вториот пензиски столб и дали поради немање пари во буџетот ќе се трошат заштедите. „Многу луѓе се исплашени и загрижени од изјавата на премиерот во која тој изјави дека многу луѓе ќе бидат разочарани од тоа што ќе донесе Вториот пензиски столб. Тој дури изјави дека му било и жал што воопшто столбот бил воведен. Мицкоски во 2024 година рече дека пензискиот систем е стабилен и дека дупката во Фондот за пензиско осигурување ќе постои сè додека вториот столб не почне посилно да исплаќа пензии, а сега кажува дека не знае што ќе донесе, што ќе донесат резултатите од уплатите во вториот пензиски столб“, рече Филипче. Претеседателот на СДСМ, посочи дека ваквите изјави дополнително ги вознемируваат граѓаните кои своите средства ги уплаќаат во вториот пензиски столб со очекување дека тие ќе им обезбедат сигурност во пензионерските денови. „Граѓаните ко ишто ги уплаќаат парите таму, сега се во една голема неизвесност и се поставува прашањето дали премиерот има намера преку државните механизми да интервенира во тој буџет во кој што луѓето си уплаќаат за да имаат доволно пари за деновите, годините во пензија и на тој начин да го оштети. Значи луѓето се исплашени дали воопшто сега ќе ги добијат тие пари назад и што точно се крие зад изјавата на премиерот“, рече Филипче. Тој додаде дека наместо сигурност и грижа за пензионерите и идните пензионери, власта испраќа пораки што ја поткопуваат довербата во системот и внесуваат дополнителна несигурност кај граѓаните. „Тоа е уште еден многу тежок удар врз граѓаните. Дали воопшто оваа власт и премиерот се грижат за оваа категорија на граѓани и дали ќе си дозволат да им ја одземат надежта на луѓето дека ќе имаат мирни пензионерски години. Сите овие политики, лажни ветувања, префрлање на товарот врз обичниот граѓанин е огромна штета којашто се нанесува врз стотици илјади пензионери“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook