Златници стари 1.400 години пронајдени во христијански манастир во Јудејската Пустина - Канал 5

Златници стари 1.400 години пронајдени во христијански манастир во Јудејската Пустина

Тековните археолошки истражувања ги спроведува Единицата за археологија во соработка со Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.

Златници стари 1.400 години пронајдени во христијански манастир во Јудејската Пустина

Два златника и прстен од византискиот период, стари околу 1.400 години, се пронајдени на археолошкиот локалитет Хирканија, во Јудејската Пустина, околу 17 километри југоисточно од Ерусалим, на територијата на денешниот Западен Брег, соопшти Одделението за археологија при Цивилната управа на ЦОГАТ (COGAT).

Манастирот Хирканија бил напуштен кон крајот на 8. или почетокот на 9. век од нашата ера, додека пак артефактите датираат од периодот меѓу 4 и 7 век, наша ера. На едната страна од златниците се прикажани крстови, додека на другата се наоѓа портретот на византискиот цар Ираклиј, кој владеел од 610 до 641 година, објави, Тајмс оф Израел.

Тековните археолошки истражувања ги спроведува Единицата за археологија во соработка со Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, а ова откритие, иако не е наведено кога точно биле пронајдени предметите, беше јавно објавено на Бадник според Грегоријанскиот календар. Според Бенјамин Хар Евен, раководителот на археолошката единица, ова откритие претставува значајно сведоштво за византискиот период и ранохристијанската традиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Првиот ден на „Октоберфест“ во сенка на инцидент

Првиот ден на „Октоберфест“ во сенка на инцидент. Посетители виселе наопаку, итните служби веќе згрижиле 600 лица.

Видео: Првиот ден на „Октоберфест“ во сенка на инцидент

Посетителите на „Октоберфест“ во Минхен виселе наопаку околу пет минути за време на една атрактивна панаѓурска вожња, а причината за инцидентот сè уште е непозната, пренесе ДПА.

Откако се симнале од високиот тобоган,неколку лица, главно помлади, се пожалиле на блага вртоглавица и проблеми со циркулацијата.

По кратка лекарска контрола, сите се вратиле на фестивалот на пивото.

Службата за итна помош соопшти дека првиот ден од 191-виот „Октоберфест“ згрижила околу 600 пациенти.

Најголемиот фестивал на пивото во светот беше отворен вчера и ќе трае 16 дена, сè до 4 октомври.

https://www.instagram.com/reel/DdeZBufocli/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Григор Димитров: „Новак Ѓоковиќ ми призна дека се чувствува празно“

Најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров ги откри деталите од разговорот со најтрофејниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Григор Димитров: „Новак Ѓоковиќ ми призна дека се чувствува празно“

Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров се единствените преостанати членови на „старата гарда“ и сè потешко им е да најдат мотивација откако Роџер Федерер, Рафаел Надал, Енди Мареј, Стен Вавринка и Гаел Монфис ги закачија рекетите на клинец...

Ривалството што имавме можност да го следиме повеќе од една деценија беше само по себе инспирација за играчите. Бугаринот, кој е голем пријател со српскиот ас, неодамна откри што му кажал Ѓоковиќ за повлекувањето на Федерер и Надал, со кои ги водеше најголемите битки на АТП-турнејата.

Тој призна дека се чувствува исто и дека му недостасува жарот што го имал додека се натпреварувал против најдобрите играчи во овој спорт.

„Морам да бидам искрен. Веќе неколку години сум прилично дистанциран од сè што се случува на АТП-турнејата. Сè уште се натпреварувам, но веќе не ги следам случувањата во мојот спорт, ниту пак сум упатен во нив. Целиот мој живот се вртеше околу тенисот, а сега малку ме растажува сознанието дека дури и не ги познавам повеќето од активните играчи“, изјави Димитров.

Во моментов, само 10 од најдобрите 100 играчи во светот се постари од 30 години, а само шестмина имаат 35 или повеќе години. Григор признава дека се чувствува осамено... „Годините можеби се само бројка, но во нашиот спорт имаат огромно влијание. Не се работи само за она што се случува на теренот, туку и за интеракцијата со другите за време на турнирот.“

Со години, Димитров беше еден од играчите кои им создаваа големи проблеми на „големата тројка“ и уживаше во тој натпреварувачки дух и во улогата на аутсајдер.

„Дел од мене си замина од тенисот кога Федерер и Надал се повлекоа. Знам дека и Ѓоковиќ се чувствува исто, бидејќи разговарав со него за тоа. Се потсетивме колку беше возбудливо да се соочуваме со постојаните предизвици на таа ера“, рече тој и истакна: „Да се ​​соочуваш со тројцата најдобри играчи на сите времиња речиси секоја недела беше неверојатно чувство, а во моментов е невозможно да доживеам нешто слично. Не сакам да навредам никого од сегашните играчи, но за мене ерата на 'големата тројка' секогаш ќе претставува најголем предизвик со кој може да се соочи еден тенисер“, изјави Бугаринот, кој успеа да стигне до третото место на АТП-листата и да освои девет титули во ерата на „големата тројка“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, двајца загинати , тројца повредени

-Две лица загинаа, а тројца се повредени во тешка сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје.

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, двајца загинати , тројца повредени

Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ управувано од М.М. (65) и автомобил „опел корса“ управуван од С.Н. (27) – двете со скопски регистрации. По наредба на јавен обвинител, возачот на „мерцедесот“ е приведен

В о тешка сообраќајна несреќа што вчеравечер околу 21:35 часот се случила на автопатот Куманово-Скопје, во атарот на село Агино загинале две лица загинаа, а тројца се повредени .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер