Златна потковица на „Астерфест“ за данскиот филм „Ивалу“ - Канал 5

Златна потковица на „Астерфест“ за данскиот филм „Ивалу“

Најдобар филм на 18.издание на Филмскиот фестивал „Астерфест“ е „Ивалу“ на авторите Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен од Данска, кој го доби фестивалското гран при - Златната потковица.

Златна потковица на „Астерфест“ за данскиот филм „Ивалу“

Сребрената потоковица ја доби филмот „Еж“ на авторот Д. Митри од САД, а бронзената му е доделена на „Штипење“ на авторките Еми Патмор и Ана Дворжак од Австралија.

Наградата „Ѓорѓи Абаџиев“ за сценарио ја доби авторката Александра Кардалевска за македонскиот филм „Сценарио“, а наградата „Ацо Алексов“ за режија на авторот Дејан Ангелов за филмот „Задача“.

Одлуките за наградите едногласно ги донесе жирито во состав Гоце Ристовски, писател и универзитетски професор, д-р Дрита М. Фазлија, филмски продуцент и универзитетски професор и Мили Чумиќ, филмски продуцент и дистрибутер од Велика Британија.

Награда за филм од македонска продукција е доделена на „Звукот на тишината“ на Анастасија Лазарова Пилинг, а награда за студентски филм доби „Новиот почеток“ на Тања Симоновска.

Специјална награда за современ третман на традиционалните семејни вредности доби филмот „Ирско збогување“ на авторите Том Беркли и Рос Вајт од Велика Британија.

Специјална награда за инвентивен ведар пристап на теми што говорат за глобалната состојба на психоза во современиот свет доби македонскиот филм „Тале и Корона“ на Томислав Алексов, а специјална награда за придонес во разоткривањето на ефектите од алтернативниот уметнички креативен пристап наспроти конвенционалниот живот му е доделена на македонскиот филм „Лука“ на авторот Ице Виранов.

По доделувањето на наградите, беше прикажан филмот „Сонцето не грее на сите страни“ на Глигор Кондовски.

Фестивалот продолжува вечер со проекцијата на реставрираната верзија на долгометражниот игран филм „Планината на гневот“ во знак на 5-годишнината од смртта на Љубиша Георгиевски и 55 години од продукцијата на филмот, со Ристо Шишков во главната улога.

Годинашново издание на „Астерфест“ завршува утре со проекцијата на унгарскиот шеесетминутен „Звучен кафез“ на Корнел Силаги (Игор Бухаров), во чест на лауреатката Каталин Ладик, во повремена придружба на Георги Трајков со акустична гитара. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЕ: Минералното богатсво на Македонија со долгорочна развојна рамка до 2046 година

Македонија преку долгорочен план ќе создаде услови за подобро искористување на својот геолошки потенцијал и негово претворање во инвестиции, индустриски развој, нови работни места и поголема додадена вредност за домашната економија.

МЕ: Минералното богатсво на Македонија со долгорочна развојна рамка до 2046 година

Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година ги утврдува приоритетите за современи геолошки истражувања, одговорно користење на минералното богатство и создавање услови за долгорочни вложувања.

Македонија располага со разновиден геолошки потенцијал, меѓу кој се олово, цинк, бакар, злато, антимон и никел, како и мермер, травертин, гранит и варовник.

Еден од главните приоритети е поголем дел од економската вредност да се создава во земјата. Тоа подразбира поголема поврзаност на рударството со домашното производство, развој на преработувачки и други индустриски капацитети и примена на современи технологии.

Подобреното геолошко истражување ќе овозможи попрецизно утврдување на потенцијалот и навремено планирање на идните вложувања. Со тоа се отвора простор за нови деловни активности и јакнење на домашните производни капацитети.

Паралелно, се поставуваат повисоки стандарди за заштита на животната средина, транспарентност и заштита на јавниот интерес. Стратегијата е усогласена со европските политики, вклучително и Европскиот акт за критични суровини, што создава можности за поголемо вклучување на Македонија во европските индустриски синџири.

Документот е подготвен преку стручна соработка на Македонската академија на науките и уметностите и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со учество на експерти и консултации со релевантни институции и стручната јавност.

Стратегијата е донесена од Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува долгорочна рамка за развој на геолошките истражувања и рударството до 2046 година.

Со овој документ се создава основа минералното богатство да не биде само предмет на експлоатација, туку двигател на домашната индустрија, инвестициите и долгорочниот економски развој, со одговорно управување и зачувување на животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Надал најави враќање на теренот!

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Шпанецот, Рафаел Надал би можел повторно да заигра на тенискиот терен, иако по завршувањето на својата професионална кариера призна дека не му недостига премногу тенисот.

Надал најави враќање на теренот!

По повод десетгодишнината од неговата тениска академија на Мајорка, Шпанецот минатата сабота организираше ревијален турнир на кој учествуваа Енди Мареј, Карлос Моја, Доминик Тим, Марат Сафин, Давид Ферер, Ришар Гаске и Фабио Фоњини. Легендарниот Шпанец, освојувач на 14 титули на „Ролан Гарос“, повторно го зеде рекетот в раце по тој повод и навести дека би можел да се врати на теренот преку ревијални мечеви.

„Во одреден момент повторно ќе играм ревијални мечеви, сакам да го сторам тоа. Подготовките бараат одреден напор, бидејќи телото треба да се доведе во соодветна состојба. Мислам дека е тоа нешто што треба да го пробам, но сакам да живеам ден за ден и да не размислувам премногу однапред“, изјави Надал, а пренесе „Л'Екип“.

Иако неговото тело претрпе бројни повреди во текот на кариерата, Надал очигледно не ја затворил целосно вратата за враќање на теренот, па макар и на ревијални натпревари.

„Сè уште чувствувам блага болка секој ден; исто така е точно дека имав операција и морав да вградам мала протеза во раката – тоа не е пријатно, но морав да го направам. Сепак, точно е и дека силната болка што долго време ме мачеше целосно исчезна, а тоа имаше многу позитивно влијание врз мојата ментална состојба. Психолошки се чувствувам подобро, имам помалку проблеми од порано и повеќе уживам во животот. Сето тоа е многу важно“, заклучи Надал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна таван во супермаркет во Јужна Кореја, десетици повредени

Најмалку 38 лица се здобија со полесни повреди откако дел од гипсениот таван се урна во супермаркет во јужнокорејскиот град Даегу, соопштија денеска локалните противпожарни служби.

Се урна таван во супермаркет во Јужна Кореја, десетици повредени

Тие потврдија дека уште 66 лица биле евакуирани од објектот по уривањето, за кое било пријавено во 10:16 часот по локално време, пренесува „Јонхап“.

„Девет лица се пренесени во болници на лекување. Иако постои можност бројот на повредени да се зголеми, итните служби на терен проценија дека е малку веројатно некој да се здобил со сериозни повреди“, изјави претставничката на противпожарната служба, Јун Џонг-ми.

Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг соопшти дека на официјалните лица им било наложено да вложат максимални напори за спасување на луѓето и да обезбедат детален и брз одговор на оваа несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер