УЈП го презема претседателството на IOTA: Македонија ќе ја предводи соработката на европските даночни администрации
2УЈП го презема претседателството на IOTA: Македонија ќе ја предводи соработката на европските даночни администрации
КултураЗлатна маска и други вредни предмети се пронајдени кај охридско Волино Значајни археолошки артефакти се пронајдени во близина на охридското село Волино.Порталот Охрид 1 дознава дека во моментов локацијата, која е на приватен имот е целосно затворена и видни археолози од земјава се на терен. Истиот извор јавува дека е пронајдена златна маска, златници и други значајни предмети. Археолозите се со првичен став дека кога ќе се истражи целиот потег, ќе се пронајдат уште многу артефакти. Инаку, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, утре во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид ќе се обрати на прес-конференција по повод најновите ексклузивни откритија во близина на Волино. На прес-конференцијата, на која ќе бидат изложени ексклузивно сите пронајдоци, ќе присуствуваат и директорите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид и на Археолошкиот музеј од Скопје, Горан Патчев и Славица Бабамова, како и археологот Перо Арџанлиев со дел од тимот археолози.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
МакедонијаМицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литарДа почекаме да Регулаторна комисија излезе со нивните математики, вели Мицкоски.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за подрастично намалување на цените на горивата и дали се очекува стабилизација во Македонија и на глобално ниво со оглед на тоа што околу 55 трговски бродови поминаа низ Ормутскиот теснец, изјави: „Па таа бројка од 55 танкери и не е нешто драматична, имајќи предвид дека на времето таа бројка била и троцифрени на ден. Имајте предвид дека овие танкери додека стигнат до конечните дестинации, ќе поминат можеби и еден месец, можеби и повеќе. Отприлика 25 до 35 дена, додека да стигнат таму каде што треба. Така што очекувам во периодот, цената на барелот да се движи отприлика тука некаде, плус-минус некој долар, околу 80 долари за барел. Јас стојам на ставот дека нашите математики се тие, сега треба да ги видиме кои се математиките на Регулаторната комисија. Но очекувам поевтинување на бензините отприлика 2,5-3 денара и очекувам околу 7 денара намалување на дизелот по литар. Отприлика ова се тоа кое што ние го очекуваме, но да почекаме да Регулаторна комисија излезе со нивните математики.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУЈП го презема претседателството на IOTA: Македонија ќе ја предводи соработката на европските даночни администрацииУправата за јавни приходи го презеде едногодишното претседателство на Интер-европската организација на даночни администрации (IOTA) на свечена церемонија која се одржа во рамките на 30-тото Годишно собрание на организацијата во Будимпешта.Претседателството беше симболично преземено преку церемонијата на примопредавање на знамето на IOTA од в.д. директорката на Националната даночна и царинска администрација на Унгарија, Чила Тамаш Цзинеге, на директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова. Во своето обраќање по преземањето на претседателството, директорката Петрова истакна дека даночните администрации денес се соочуваат со брзи технолошки промени, нови економски модели и растечки очекувања од граѓаните и бизнисите. Таа нагласи дека улогата на IOTA е да им помогне на даночните администрации успешно да ги претворат овие предизвици во можности преку практична соработка, размена на искуства и заедничко градење на капацитети. „IOTA не треба да биде само место каде даночните администрации разговараат за промените, туку место каде заедно ги претвораат предизвиците во конкретни решенија."- истакна Петрова. Веднаш по церемонијата на преземање на претседателството, директорката Петрова го предводеше конститутивниот состанок на новиот состав на Извршниот совет на IOTA, во кој влегуваат Азербејџан, Белгија, Ерменија, Естонија, Романија, Финска, Хрватска и Швајцарија. Во рамките на Генералното собрание на IOTA, директорката Петрова учествуваше во панел дискусија со директорите на даночните администрации на Азербејџан, Естонија, Украина, Унгарија и Хрватска, посветена на стратешките приоритети на даночните администрации и идната улога на IOTA. На дискусијата беше нагласена потребата од забрзување на дигиталната трансформација, како и способноста на даночниците да управуваат со оваа трансформација и да ја зачуваат довербата на јавноста во услови на брзи технолошки и економски промени. IOTA е организација во која членуваат 43 европски земји и две придружни членки, а е поврзана со повеќе меѓународни и глобални организации кои работат на даночни прашања. Преземањето на претседателството на IOTA претставува значајно меѓународно признание за Управата за јавни приходи, препознавајќи ја како активен и кредибилен партнер во европската даночна заедница.Тагови: УЈП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
СветПукање во училиште на Филипините, убиени се три лица (Вознемирувачко видео)Три лица се убиени, а пет се повредени во пукање во училиште на Филипините, соопшти денес филипинската полиција.Повредените се однесени во блиските медицински установи на лекување, објави Ројтерс. Инцидентот се случил во Националното средно училиште „Сан Хозе“ во градот Таклобан, покраина Лејте. Регионалната полициска управа распореди дополнителен персонал во училиштето за да ја обезбеди безбедноста на учениците, персоналот, родителите и околната заедница. At least three students are confirmed dead and five others were injured in a #shooting incident at San Jose National High School in Tacloban City, the #Philippines on Monday. Two suspects, both minors, have been arrested. By Huang Zhengzheng |Video from social media pic.twitter.com/PjnGMH3RVI — CCTV Asia Pacific (@CCTVAsiaPacific) June 22, 2026 Како што е наведено, еден осомничен за нападот е уапсен, додека другиот е сè уште на слобода. Полицијата ги истражува околностите што доведоа до инцидентот.Тагови: пукање Филипините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook