КултураЗлатна „Камера 300“ за унгарскиот кинематографер Маќаш ЕрделиУнгарскиот кинематографер Маќаш Ердели во чии раце беше камерата во филмот „Синот на Саул“ е годинашен освојувач на наградата златна „Камера 300“ – највиското фестивалско признание на ИФФК „Браќа Манаки“ кој синоќа заврши во Битола.Со одлука на меѓународното стручно жири предводено од режисерот Ришард Ленчевски, сребрената „Камера 300“ му припадна на кинематограферот Адам Аркапо кој учествуваше во филмот „Магбет“, додека за камерата во филмот „Земја и сенка“, бронзена „Камера 300“ доби кинематограферот Матео Гусман. Пред филмофилите во Битола беше доделена и специјална награда која му беше врачена на кинематограферот Мортеза Геиди од Иран за филмот „Нахид“, додека пак „Мала златна камера 300“ за најдобар краток филм доби Горан Наумовски за филмот „Долу од рајот“. На 36. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ за прв пат беа доделни наградите „Бона Деа“ и „Златен Манаки“. Во програмата „Нов европски филм“, наградата „Бона Деа“ за најдобра фотографија ја доби португалецот Васко Вијана кинематографер на филмот „Планина“, а наградата „Бона Деа“ за најдобар филм беше доделена на екипата што го сними филмот „Овни“. Во програмата „СЕЕ Камера“ наградата „Златен Манаки“ за најдобар кинематографер ја доби словенецот Милош Срдиќ за филмот „Шумите се сеуште зелени“, додека награда „Златен Манаки“ за најдобар филм беше доделена за турскиот филм „Сивас“. Ноќта на награди и признанија за високи достигнувања во светската кинематографија ја одбележаа и посебните гости на фестивалот, чешкиот кинематографер Јаромир Шофр и српскиот режисер и кинематографер Божидар Бота Николиќ кои добија награди златна „Камера 300“ – за животно дело. - Тоа што го доживеав во Битола е наверојатно. Јас 47 години ја работам оваа работа и мора да ви кажам дека нема нити една место во светот каде што кога ќе излезете на улица ќе ве застанат и ќе ве прашаат за камерата и снимањето на еден филм. Битола е единственото место на светот каде што наместо за некој актер или за филмот ќе ве прашаат за кинематографијата и кинематограферите и затоа е значаен овој голем фестивал, истакна гостинот од Србија Божидар Бота Николиќ за време на синоќешното свечено затворање на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежностиЈавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија. На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки? Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура. Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МетеоПроменливо облачно и релативно топлоВремето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 12. ноември 2026 година Дневен хороскоп за четврток 12. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е ден во кој не само што ќе бидете забавбни , туку и со љубезниот став и однесувањето ќе ги придобиете сите околу себе. Кариера Ќе успеете да се договорите за се , зашто нема да бидете тврдоглави , а другата страна ќе има поопуштен став. Здравје и совет Прошетајте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидете да ги игнорирате грижите и да се сконцентрирате на она позитивбнотио што постои во вашата врска. Кариера Не измислувајте чудни изговори за да избегнете одговорност. ова за вас е голема шанса. Прифатете го предизвикот. Здравје и совет Однесувајте се позрело. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Со помош на добрите пријатели , ќе најдете пат како повторно да го освоите срцето на саканата личност. Кариера Ќе чувствувате дека на работа ви е се понапорно , зашто барањата се поголеми , а тука е и притисокот што се засилува. Здравје и совет Правете редовни паузи. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се замислувате во некоја друга улога , поинаква од онаа во која живеете. Најмногу би сакале да побегнете , но немате каде. Кариера Некои денеска ќе земат мала пауза ,з а да ги соберат мислите и да се доведат вом ред. Оние кои работат , нека се држат до редовните должности. Здравје и совет Не одете преку своите граници . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во вториот дел од денот ќе бидете подготвени на различни лудости со кои ќе ја збунувате саканата личност. Кариера Не инсистирајте да биде нешто по ваше , зашто нема да ве разберат. Одработете го она што морате и бидете трпеливи. Здравје и совет Мал душевен немир. Овен 21.3-20.4. Љубов Задоволни сте од својот сегашен однос со личноста која ви се допаѓа. Наоѓате многу заеднички интереси. Кариера Малку работи сега може да ве запрат . Ги совладавте сите лекции и можете истите да им ги држите на другите. Здравје и совет Бидете она што сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Мали нестабилности во односите со саканата личност ќе бидат поврзани со доминацијата. набргу ќе се договорите. Кариера Ќе изгледа како да сте многу позрели од своите шефови. Ако треба , тактично посоветувајте ги како понатаму. Здравје и совет Пијте повеќе вода. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе се чувствувате доколку не прифаќате , ниту пак барате некаква обврска во личнит еодноси. Кариера Денеска веројатно ќе ви опадне концентрацијата за посериозни задачи. Оние кои имаат поопуштена работа, ќе поминат добро. Другите нека внимаваат. Здравје и совет Наспијте се. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска семејството ќе бара од вас дополнителен ангажман. Партнерот ќе има разбирање. Кариера Најдобри ќе се искажете во кореспонденција и соработка со другите. Оние јкои учат , ќе имаат успеси. Здравје и совет Само немојте да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Со задоволство ќе споделувате се со другите , па така и со саканата личност. Денеска нема да се одвојувате. Кариера Пофалбите ви се пријатни и ве поттикнуваат на натаможни предизвици. Истовремено, други бараат помош од вас. Здравје и совет Помогнете со вашето знаење. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се однесувате таинствено и на тој начинќе ја привлечете другата страна. Сепак станува за вистинска измама. Само глумите мистерија. Кариера Влегувате во нова деловна фаза кога се ќе поминуваа поопуштено. Подготвени сте за отворена соработка со сите. Здравје и совет Уживајте во нежните соништа . Вага 24.9.-23.10 Љубов Мнгумина и денеска добро ќе се забавуваат , а вљубените навистина ќе уживаат. Ќе бидете задоволни. Кариера Она што го работите на вас ви изгледа лесно и едноставно , но тоа не го мислат и другите околу вас. Помогнете им. Здравје и совет Нема потреба за брзање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34