Златко Мојсоски ја заврши ракометната кариера, но ќе остане во Струга да му помага на клубот - Канал 5

Златко Мојсоски ја заврши ракометната кариера, но ќе остане во Струга да му помага на клубот

 По повеќе од 25 години ракометна кариера, стружанецот Златко Мојсоски одлучи да заврши со активно играње ракомет.

Златко Мојсоски ја заврши ракометната кариера, но ќе остане во Струга да му помага на клубот

Кариерата, како што вели, ја почна и ја заврши во својот роден град, каде го одигра првиот натпревар на 14 години.

- Размислував да одиграм уште една сезона за ракометниот клуб Струга, но, организмот сам му кажува на секој спортист кога е доста. Не сакав да форсирам ништо, едноставно сега е вистинското време затоа што годините си го направија своето, изјави Мојсоски за МИА.

За него, нагласи, невозможно е да издвои клуб во кој ги поминал најубавите моменти во кариерата, затоа што, како што рече, секој клуб му донел искуство, успеси и пријателства кои што траат и ден денес. Сигурен е дека ќе остане во Струга да му помогне на клубот да го одржува својот континуитет.

- Навистина не можам да издвојам еден клуб, секој ми донесе посебно искуство во играчка и во финансиска смисла. Многу спортски радости на победи, но и тага кога имало порази. Она што е најважно во овој момент е тоа што стекнав пријатели за цел живот. Завршив со играчката кариера, но не завршив со РК Струга, ќе останам да му помогнам на мојот матичен клуб во секоја можна смисла, истакна Мојсоски.

Покрај во РК Струга, Мосјоски во својата кариера бил дел од ракометните клубови Пелистер, Тиквеш, Вардар, Металург, Прилеп, Работнички, Еурофарм Работник, Бутел..., а зад себе има настапи и во македонската репрезентација на Европски и Светски првенства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: „Жешката“ Алесандра Амброзио обожува бикини

Една од нјаубавите жени на светот во последните две децении, шармантната Алесандра Амброзио повторно предизвика вистински  хаос на мрежите.

Фото: „Жешката“ Алесандра Амброзио обожува бикини

Уште од почетокот на сезоната на бикини, секоја нејзина објава на Инстаграм на радост на фановите е токму во таа насока.

Позната по својата совршена става и бразилска убасексапилната Алесандра Амброзио и овој пат успеа да привлече внимание.

Се чини дека оваа убавица веќе некое време ужива во жешките летни денови, кои вклучуваат серија атрактивни бикини.

На Инстаграм, каде што е често активна, ги информира своите обожаватели за актуелните настани во нејзиниот живот, а неодамна покажа како ужива на плажа со својот партнер.

На фотките убавата Алекс гордо позира во бикини кои ги истакнуваат нејзините облини за што доби само позитивни коментари од своите обожаватели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сексипилна водителка покажа како се подготвува за Светското првенство

Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, наскоро доаѓа, а спортските новинари ширум светот ќе имаат полни раце работа.

Фото: Сексипилна водителка покажа како се подготвува за Светското првенство

Италијанските новинарки доминираат во спортскиот свет, а по Дилета Леота, уште една убавица го привлекува вниманието на јавноста.

Станува збор за новинарка по име Елеонора Инкардона.

Се чини дека италијанската спортска новинарка Елеонора Инкардона решила да ги „наполни батериите“ за претстојното првенство, а за тоа морала да отпатува во Египет.

Таа сега објави фотографии од одморот на Инстаграм, а своите верни обожаватели ги почасти со жешки сцени.

На фотките, секси водителка позира во бикини, а во прв план се нејзините облини во мали бикини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан веќе не се крие: Ја објави првата заедничка фотографија со новото момче

Најпознатата американска старлета, Ким Кардашијан и големиот шампион од Формула 1, Луис Хамилтон, повеќе не кријат дека се во врска.

Ким Кардашијан веќе не се крие: Ја објави првата заедничка фотографија со новото момче

По месеци шпекулации за нивната врска, Ким и Луис ја испратија најјасната порака досега - нивната романса стана јавна.

На почетокот на јуни, Ким објави серија фотографии од својот секојдневен живот на својот Инстаграм профил, а посебно внимание привлече еден момент забележан додека вози велосипед низ улиците на Њујорк.

Видеото и фотографиите го прикажуваат како се обидува да направи заедничко селфи со Луис Хамилтон, по што накратко ја губи рамнотежата, што предизвика смеа кај присутните.

Ова е нивната прва заедничка објава на социјалните мрежи, а доаѓа кратко откако за прв пат беа видени заедно на јавен настан. На почетокот на мај, тие заедно присуствуваа на бродвејската претстава „Страв од 13“, а откако го напуштија театарот, фотографите ги фотографираа држејќи се за раце.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер