Златко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селектор - Канал 5

Златко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селектор

На денот кога хрватската репрезентација ќе се врати од Светското првенство, сосема е извесно дека Златко Далиќ ќе ја напушти селекторската позиција. 

Златко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селектор

Најголем фаворит да го наследи е Славен Билиќ, објави порталот „24sata.hr“. Легендарниот хрватски дефанзивец, кој како играч освои бронзен медал на Светското првенство во 1998 година, веќе ги има предводено „Коцкестите“.

Во 2006 година, тој во првиот тим ги вклучи Лука Модриќ, Ведран Чорлука и Едуардо, со кои претходно соработуваше во младата селекција до 21 година.

Квалитетот, искуството и карактерот се издвојуваат како најголеми одлики на Билиќ, па се смета дека тој го поседува „целосниот пакет“ за да го преземе тимот што беше светски вицешампион во 2018 година и освојувач на бронза во Катар во 2022 година.

„Не помалку важно е тоа што Билиќ ја има поддршката од претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, и од директорот на репрезентацијата, Стипе Плетикоса“, се наведува во текстот.

Под водство на Билиќ, Хрватска двапати ја победи Англија во квалификациите на патот до ЕУРО 2008, а драматично загуби во продолжението од Турција на завршниот турнир.

Тој ја водеше репрезентацијата шест години, а потоа беше тренер на Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, каде што беше и играч и успешен менаџер, бидејќи го освои седмото место во Премиер лигата, победувајќи ги Ливерпул и Манчестер Сити.

Во претходните години, Билиќ се занимаваше и со новинарство и ја водеше популарната емисија „Неуспехот на шампионите“, во која ги беше домаќин на најголемите спортисти од регионот, пред сè Новак Ѓоковиќ, Златан Ибраховиќ, Жељко Обрадовиќ и Лука Модриќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Општина Центар  ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување.

„Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина. Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар“, порача градоначалникот Герасимовски.

Анкетата е анонимна, а може да ја пополните на линк: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

На маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат.

Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп.

На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер