Златан Ибрахимовиќ објави снимка без маица и се пофали со тетоважите (ВИДЕО) - Канал 5

Златан Ибрахимовиќ објави снимка без маица и се пофали со тетоважите (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ објави неколку фотографии од својот зимски одмор на Инстаграм.

Златан Ибрахимовиќ објави снимка без маица и се пофали со тетоважите (ВИДЕО)

Посебно внимание привлече со фотографија на која позира свртен со грб, гледајќи кон снежниот планински пејзаж. Неговите тетоважи, кои го покриваат речиси целиот грб, дојдоа во прв план.

Отстрани неколку тетоважи

Ибрахимовиќ и претходно привлече внимание со тетоважите, чиј број се намали со текот на годините. Имено, порано неговото торзо беше покриено со имиња на луѓе кои подоцна ги отстрани.

„Имав 15 тетоважи на моето тело. Тоа беа привремени тетоважи и тоа беа имиња на луѓе кои се гладни и немаат што да јадат. Ги отстранив сите, но тие луѓе се уште се таму, се уште се гладни. Каде и да се појавам, луѓето ме препознаваат и навиваат за мене.

Никој не навива за нив. Да можев, ќе го напишев името на секој човек кој нема услови за живот. Тие тетоважи се потсетник - кога ќе ме видите мене, ги гледате нив“, изјави еднаш Златан за медиумите за своите тетоважи, со кои сакаше да го привлече вниманието кон Програмата за храна на Обединетите нации, која се бори против гладот ​​во светот.

Животот по фудбалот

Да ве потсетиме дека Златан Ибрахимовиќ ја заврши својата играчка кариера во 2023 година во дресот на Милан, клубот каде што остави длабока трага. За време на неговата брилијантна фудбалска кариера, тој играше за европски гиганти како што се Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ и Манчестер Јунајтед, а кратко се испроба и во американската МЛС лига, играјќи за ЛА Галакси.

Откако ги закачи фудбалските копачки, краток период ја имаше улогата на советник во рамките на администрацијата на Милан, а познато е и дека е еден од ко-сопствениците на шведскиот клуб Хамарби ИФ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Енди Бурнам: „Путин не успеа“

Британскиот премиер Енди Бурнам потврди дека Велика Британија поседува докази оти рускиот претседател Владимир Путин се мешал во гласањето на референдумот за Брегзит.

Енди Бурнам: „Путин не успеа“

Раководителот на одделот за Блискиот Исток при британското Министерство за надворешни работи, Стивен Даути, денес изјави дека обидот на Путин не успеал.

Според британскиот весник „Телеграф“, Даути изјави дека Кремљ не успеал во својот наводен обид да го поткопа референдумот за Брегзит, одржан на 23 јуни 2016 година, кога 51,9 отсто од гласачите го поддржаа излегувањето од ЕУ, а 48,1 отсто сакаа Британија да остане во Унијата.

Неговите коментари уследија откако Барнам изјави дека постојат докази оти Русија се мешала во референдумот од 2016 година и дека е важно улогата на Кремљ да биде „јасно и официјално евидентирана“.

Сепак, британскиот премиер не кажа дали обидите биле успешни или кој ги открил, ниту пак потврди дали лично видел какви било докази што би го поткрепиле тоа тврдење.

Даути изјави дека Кремљ не успеал во обидот да влијае врз гласањето во 2016 година, додавајќи дека резултатот од гласањето за Брегзит е валиден.

„Тие секако се обидоа. Јасно е каков е исходот од референдумот. Знаеме каков беше резултатот. Не мислам дека успеаја во своите напори. Не мислам дека успеаја во обидите да ги поткопаат нашите избори“, рече Даути.

Барнам во неделата изјави дека, по пристигнувањето во Даунинг стрит, побарал проценка за улогата на Кремљ во гласањето во 2016 година и тогаш добил „јасен одговор дека имало мешање“. Оваа изјава на британскиот премиер ги поткрепува шпекулациите дека тој планира да го искористи наводното руско мешање како изговор за повторно одржување на референдумот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - Скопје повторно се обединува во најголемата еко-акција досега!

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во среда, во 11:00 часот, продолжува најмасовната акција за чистење на Скопје.

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - Скопје повторно се обединува во најголемата еко-акција досега!

- Љубовта кон Скопје се гледа во делата. Во секој исчистен парк, во секое уредено маало, во секој човек што одлучил да даде свој придонес за градот во кој живее. Повторно со илјадници волонтери, во сите скопски општини, со силна волја да покажеме колкава промена можеме да направиме кога работиме заедно. Ќе чистиме на повеќе од 50 локации - паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите. Секое маало е важно. Секој дел од Скопје заслужува внимание, грижа и чиста околина – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во акцијата за чистење на Скопје повторно ќе се вклучат општините, градоначалниците, учениците и сите граѓани што сакаат да вложат дел од своето време за заедничко добро.

- Луѓе од различни генерации и професии, обединети околу желбата за почисто, поубаво и поздраво Скопје. Ве повикувам да ни се придружите. Повикајте ги соседите, пријателите и колегите. Да се собереме таму каде што секојдневно живееме, се движиме и ги создаваме спомените. Да се погрижиме за местата каде што играат нашите деца и да им покажеме што значи да се биде одговорен кон својот град. Затоа што секое дете што ќе види возрасен како се грижи за околината, добива пример што вреди повеќе од илјада изговорени зборови. Како што најавивме, овие акции ќе се одржуваат двапати месечно. Ќе бидеме упорни, ќе се собираме повторно и ќе градиме традиција на заедништво и одговорност. А вистинскиот успех ќе биде кога грижата за чистотата ќе продолжи и меѓу две акции, секој ден, во секое маало. На неодговорноста ќе одговориме со личен пример. На секое несовесно фрлање отпад ќе му се спротивставиме со свест, истрајност и илјадници луѓе решени да го чуваат својот град. Но, и со одговорност. Верувам во скопјани. Во нашата солидарност, во нашата енергија и во решителноста да направиме нешто добро што ќе остане и по нас. Во среда, да ги засукаме ракавите и да покажеме колку силно може да биде Скопје кога неговите луѓе ќе се обединат. За чисти маала, за здрави деца, за град на кој ќе бидеме горди. Да оставиме пример, не ѓубре! – истакна Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојкоски на „Un forum of mayors 2026 во Женева: Ѓорче Петров пример за успешна меѓународна соработка

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, учествува на Форумот на градоначалници на Обединетите нации – UN Forum of Mayors 2026 во Женева, како единствен претставник од Македонија.

 Стојкоски на „Un forum of mayors 2026 во Женева: Ѓорче Петров пример за успешна меѓународна соработка

Учеството на овој меѓународен форум претставува можност за претставување на општинските искуства и постигнувања, размена на добри практики со градоначалници од различни земји и развивање партнерства за идни заеднички проекти.

Општина Ѓорче Петров ја гради меѓународната соработка како важен дел од својот локален развој. Преку партнерства и учество во меѓународни иницијативи, општината го зајакнува својот капацитет за реализација на проекти, воведување нови решенија и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Присуството во Женева отвора дополнителни можности за соработка во областите на одржливиот развој, климатската отпорност, уредувањето на јавните простори и унапредувањето на јавните услуги. Целта е стекнатите знаења и воспоставените контакти да придонесат кон конкретни активности и проекти во Ѓорче Петров.

Со учеството на UN Forum of Mayors 2026, Ѓорче Петров ја потврдува својата определба за отворена, активна и посветена локална самоуправа, која преку меѓународна соработка создава нови можности за своите жители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер