Зимското сметање на времето почнува в недела - на што треба да се внимава? - Канал 5

Зимското сметање на времето почнува в недела - на што треба да се внимава?

Oвaa недела на 29 октомври почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад.

Зимското сметање на времето почнува в недела - на што треба да се внимава?

Иако многумина сметаат дека ова „зимско - летно“ сметање е штетно по здравјето и веќе со години се залагаат тоа да се укине, во многу земји сѐ уште е актуелно.

Според лекари и стручњаци, постојат одредени здравствени проблеми поврзани со промената на времето. Имено, истражувањата покажуваат дека тоа ги нарушува природните циклуси на спиење на телото, што може да влијае на психо-физичкото здравје.

Според клиниката „Мајо“, на пр., човечкиот мозок има „биолошки часовник“, наречен и „деноноќен ритам“, којшто работи на 24-часовен циклус. Без разлика дали станува збор за дополнителен час или губење еден час сон, тоа го изместува циклусот на спиење и може на некои луѓе да им го наруши или отежни нормалниот распоред. Имено, нарушениот сон може да доведе до поголема опасност од срцеви болести, сметаат стручњаците.

Губењето на еден час сон во пролетните временски промени е поврзано со зголемување на срцевите и мозочните удари. Испитување од Убиверзитетот Харвард го проучува влијанието на помалку сон врз срцевите заболувања кај глувците. Откриено е дека по 16 недели, кај глувците со нарушен циклус на спиење се развиле поголеми артериски плаки во споредба со глувците со нормално спиење.

Глувците лишени од сон, исто така, имале двојно повеќе циркулирачки нивоа бели крвни зрнца и помали количини хипокретин, хормон битен во регулирањето на спиењето и будноста.

Истражувањата покажаа и зголемување на сообраќајните несреќи во постудените месеци бидејќи возачите се прилагодуваат на времето.

Исто така, важно е да се истакне дека зголемените часови на темнина може да резултираат со лошо расположение кај многумина, како и замор, болки во мускулите и ослабени коски поради недостаток на витамин Д којшто се добива од Сончевата светлина. Некои луѓе доживуваат сезонско афективно нарушување како резултат на пократките денови. Симптомите на ова нарушување вклучуваат постојано лошо расположение, губење на задоволство или интерес за нормални дневни активности, раздразливост, чувство на очај и спиење подолго од вообичаеното. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер