3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Плазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
КултураЗимско издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион од 17 до 26 јануариОд 17 до 26 јануари ќе се одржи зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион. Станува збор за заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали - Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал, Филмски фестивал Херцег Нови и ИФФК „Браќа Манаки“. Публиката од земјите чии фестивали се членки на Мрежата, ќе може бесплатно да погледне пет регионални наградувани филмови. Дел од програмата ќе бидат „Екскурзија“ на режисерката Уна Гуњак, „М“ на Вардан Тозија, „Набљудување“ на Јанез Бургер, „Работничката класа оди во пеколот“ на Младен Ѓорѓевиќ и „Само кога се смеам“ на Вања Јураниќ. Како што соопштија од „Браќа Манаки“, програмата почнува во петок, 17 јануари, со бесплатна проекција на филмови во кината во Сараево, Белград, Хецег Нови, Љубљана, Загреб, Битола и Скопје, а потоа, од 18 до 26 јануари сите филмови ќе бидат достапни онлајн на ондеманд платформата на линкот „https://ondemand.kinomeetingpoint.ba/“. Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион е единствена можност за публиката во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија и од нашата држава бесплатно онлајн да ги погледне наградуваните филмови. Почетокот на програмата ќе го означат проекциите на филмот „Екскурзија“ на Уна Гуњак во 3Д киното на Центарот за култура во Битола и во кино салата на Кинотеката во Скопје на 17. јануари во 20 часот. Дејството на филмот го следи Иман (Асја Зара Лагумџија) која додека нејзиниот клас во деветто одделение се подготвува за екскурзија, го привлекува вниманието на едно постаро момче. По играта на вистината и предизвикот, низ училиштето се шири гласина дека Иман е бремена. Ќе ја загрози и екскурзијата. Иман се наоѓа во бура од очекувања и ограничувања, предизвикани од настани кои се надвор од контрола. Улогите во филмот ги толкуваат: Асја Зара Лагумџија, Наѓа Спахо, Маја Изетбеговиќ, Медиха Муслиовиќ, Изудин Бајровиќ и Мухамед Хаџовиќ. „Екскурзија“ е првиот долгометражен филм на Уна Гуњак, која е наградена на Сараевскиот филмски фестивал со „Срцето на Сараево“ за најдобар краток филм „Кокошка“ во 2014 година, и со наградата на Европската филмска академија за најдобар краток филм. Како што е најавено, еден час пред почетокот на проекцијата во Кинотека ќе биде отворена изложба на сите досегашни 45. плакати од 45-те изданија на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. По завршувањето на проекцијата во Кинотека, публиката ќе има можност да поразговара со кинематограферот на филмот „Екскурзија“, Матијас Пилц. На програмата е и македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија, дистописки психолошки трилер за растењето. Ова е трето зимско издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, организирано со цел да ги промовира и направи повидливи квалитетните регионални филмски остварувања, а прво во кое е вклучен ИФФК „Браќа Манаки“ и прво кое се одржува и во нашата држава и чии филмови на ондименд платформата се достапни и за македонската публика. Мрежата на фестивали од јадранскиот регион е поддржана од потпрограмата МЕДИА на програмата Креативна Европа на ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
БалканГрција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожаротДенес во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, избувна пожар, кој зафати ниска вегетација.Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“. Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација. Западен Пелопонез моментално е под висока пожарна тревога. Извор: Б92Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени. Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаГруби останува во куќен притвор до 13 септемвриПоранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август. Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.Тагови: Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter