Зимата е потопла со книга во рацете – особено ако е препорачана од пријател! - Канал 5

Зимата е потопла со книга во рацете – особено ако е препорачана од пријател!

Ќе биде ли ова среќна година со моменти вредни за паметење, зависи само од едно – ќе најдеме ли во современата бркотница време за драгоцените моменти - за своите пријатели, за книгата и за себе.

Ништо не може да ги замени миговите на среќа и спокојство кога сме задлабочени во добра книга, кога читаме и ги препознаваме редовите на својот живот во книгата, ги откриваме своите вистини во туѓата приказна и создаваме нов пријател во авторот на книгата кој можеби никогаш нема да го запознаеме, но никогаш нема да го заборавиме.

Веднаш по ова откритие, восхитени од него, ја препорачуваме книгата на најдобриот пријател.

- Знаеш кога ти велев дека нешто недостига? Ана Бунтеска тоа истото го зборува во „Колку е потребно за среќа“! Солзи ми потекоа...

Така живее книгата!

Од пријателите и меѓу пријателите. Од нив и за нив. Така ги наоѓаме, така ги купуваме, така ги позајмуваме, така ги подаруваме. Не можеме да подариме непрочитана книга. Книгата за подарок значи многу! Не открива какви сме, што сакаме кому да кажеме, каква порака да испратиме!

Врати се на корените – ќе му порачаме на пријателот кој постигнал многу во животот но се загубил по тој пат, со книгата „Пет агли“ на Нобеловецот Марио Варгас Љоса. Те сакам и ти си мојот живот, ќе му порачаме на оној што ни е во срцето, со книгата „Острово“ од Меша Селимовиќ, за да измамиме насмевка кога тој ќе се препознае во редовите „поубави можеби има, но подраги не...“.

На оној што простува и жеднее за правда, ќе му ја препорачаме „Жена во бело“ од Тони Морисон – да види дека не е осамен иако е меѓу ретките во светот!

Никој не го прочитал Кундера само за себе – ако го разбрал, сигурно го препорачал на тој што знае дека ќе го разбере исто така, или поинаку, но ќе пронајде голема вистина за себе во неговите дела.

Книгата и пријателството одат заедно – прво ни станува пријател авторот на книгата кој подобро го кажал она што смаите го чувствуваме, а потоа истата книга ни го зацврстила пријателството со оној кому сме му ја препорачале. Затоа за нас не беа изненадување резултатите од анкетата која Клубот Матица ја спроведе од јуни до декември, и во која на прашањето – што влијае на вашата одлука на избор за книга, 42 % од читателите одговорија – препораката од пријател!

На саемот на книгата „Книга во секој дом“ што веќе 17 години го одржува и организира Клубот Матица на Булеварот на Книгите, ќе најдете 300 000 наслови од домашната и странска продукција. Саемот е во тек и ќе трае до 31 јануари, а книгите ќе можете да ги купите со љубов, со попусти од 10 до 80%.

Ова е вашата можност повторно да се нурнете во светот на книгата, да се уверите зошто Вера Калин беше прогласена за најчитан млад автор, да го прочитате романот „Макар уште еднаш“ кој Ксенија Николова го пишуваше три години скиицрајќи го главниот лик. Покрај домашните автори, на Саемот ќе ги најдете и најновите остварувања на светски познатите Баркли, Каризи, Рајли, Љоса, Зафон, Лејкер, Ноухаус, Содерберг, Сарамаго, Кобен и многу други. Направете го својот избор, консулирајте ги своите пријатели, а потоа и вие препорачајте и подарете, бидејќи нема поубав подарок од книгата која кај вас предизвикала восхит!

Во деновите што следат, ако сте ги читале Вера Калин, Ксенија Николова, Ана Бунтеска, Евгениј Хоуп, Марија Лозаноска, Јован Илиески и Драган Јованов, ќе можете и да се запознаете со нив – организираме денови за средба на овие автори со читателите.
Книгата е испирација и учител. И пред се пријател, со кој ќе поминете драгоцени моменти на осознавање на животот, со кој ќе го најдете одговорот на прашањето – што е навистина важно!
Повелете, ве очекуваме!

Од 20 до 31 јануари на саемот на книгата „Книга во секој дом“!

Клуб Матица
Бул. Климент Охридски бр.23
Булевар на Книгите







Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масакрот во Краков ќе се истражува како терористички напад, напаѓачот сѐ уште не е испитан

Полската државна обвинителска канцеларија објави дека ќе го истражи масакрот во Краков, во кој вчера беа убиени шест лица, како кривично дело од терористичка природа. 

Масакрот во Краков ќе се истражува како терористички напад, напаѓачот сѐ уште не е испитан

Тоа е важен нов развој во истрагата за нападот, кој, заедно со трите тела пронајдени во домот на напаѓачот, го доведе вкупниот број на мртви на девет.

Портпаролот на Окружното обвинителство во Краков, Томаш Вашчук, изјави за TVP Info дека денес обвинителството планира формално да отвори истрага и правно да го квалификува нападот како терористички прекршок.

Ова сè уште не значи дека терористичкиот мотив е потврден. Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат што го навело 24-годишниот Михал О. да изврши крваво дивеење.

Напаѓачот сè уште не е испрашуван, го чува полицијата

Вашчук, исто така, откри дека поради сериозните повреди, напаѓачот сè уште не е испрашуван, ниту е извршено формално апсење против него во процедурална смисла.

Михал О. е во болница откако беше ранет од полицајци за време на интервенцијата. Тој беше подложен на операции и цело време беше чуван од полицајци.

„Доколку неговото здравје се подобри доволно за да можеме да преземеме процедурални чекори, ќе го сториме тоа“, рече Вашчук.

Тој додаде дека може да му се изрече доживотна казна затвор за кривичните дела за кои се товари.

Тие го истражуваат неговото минато и можните врски

Истражителите продолжуваат да испитуваат локации поврзани со нападот и собираат снимки од камерите за надзор за да ги реконструираат движењата на напаѓачот.

Поточно, ќе бидат истражени неговото минато, личните односи и околностите под кои го стекнал оружјето. Според досегашните информации, 24-годишникот имал дозвола за поседување оружје и претходно не бил казнет.

Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Киервински претходно изјави дека напаѓачот имал многу радикални ставови. Беше спомената и можна врска со крајно десничарски идеологии, но досега не е потврдено дека тие биле мотивот за нападот.

Девет мртви поврзани со масакрот

Да ве потсетиме дека 24-годишникот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Тој убил шест лица и ранил уште 15, вклучувајќи двајца полицајци кои помогнале да го запрат.

По пукањето, полицијата пронашла уште три тела во неговиот дом во Островјец Свјетокржиски. Потврдено е дека станува збор за негови родители и сестра. Околностите на нивната смрт се исто така под истрага.

Полска прогласи дводневна национална жалост како одговор на трагедијата, а во Краков жалоста ќе трае до среда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужас во рингот: Прекинат е меч поради страшна деформација на главата на боксерот (ВИДЕО)

Англискиот боксер Зак Милер влезе во рингот со големи амбиции и желба да ја освои британската титула во перо категорија, но неговиот меч против Гали Паувар заврши на начин што ги шокираше љубителите на боксот. 

Ужас во рингот: Прекинат е меч поради страшна деформација на главата на боксерот (ВИДЕО)

По десет рунди и драматични сцени во рингот, тепачката беше прекината поради страшниот оток на главата, кој целосно го промени изгледот на неговото лице.

Борбата за слободниот шампионски појас се одржа на боксерски настан, чии главни актери беа Џошуа Буатси и Вили Хачинсон. Пуар беше поактивен во поголемиот дел од натпреварот, но пресвртот дојде по ненамерниот судир на глави.

Над окото на Милер почна да се создава огромен хематом кој од минута во минута стануваше се поголем. Веќе на крајот од седмата рунда последиците беа застрашувачки. На лицето му се појавил голем оток, додека дополнителна загриженост предизвика расекотина над другото око.

Ситуацијата набрзо дополнително се влошила. Уште еден огромен хематом се појавил на спротивната страна од главата, а двата отоци продолжиле да растат. Во деветтата рунда беше побарана лекарска проценка, но Милер доби дозвола да ја продолжи борбата.

Не се откажа и покрај страшните повреди

Во десеттиот круг сцените станаа уште подраматични. Отоците толку многу ја искривиле главата на боксерот што судијата повторно го повикал докторот на ринг. Овој пат немаше дилема - по краток преглед беше препорачано прекинување на тепачката и итна медицинска помош.

Бидејќи повредите настанаа како резултат на ненамерен судир на глави, победникот беше решен според картоните на судиите. Паувар славеше со едногласна техничка одлука. Така 24-годишникот стигна до титулата британски шампион во перо категорија, додека Зек Милер и покрај големата желба и упорност мораше да се задоволи со пораз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!

Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во резолуцијата на Либералната интернационала усвоена изминатата недела на конгресот во Бангкок. 

ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!

Резолуцијата истакнува дека 78% од македонската економија е поврзана со европската и дека претворањето на евроинтеграцијата во подвижна цел за Македонија и за земјите кандидатки води кон слабеење на европските позиции.

Предлозите од оваа резолуција носат директни решенија за секојдневните маки на македонските граѓани и бизниси – крај на повеќечасовните чекања за камионџиите на границите поради новиот ЕЕС-систем, ослободување од дополнителни такси за влез во ЕУ како новиот ЕТИАС-систем, слободно движење и работа ширум Европа, како и силна економска ињекција преку фондовите што ќе го подобрат стандардот на граѓаните.

ЛДП во континуитет истакнува дека е потребна редовна координација на меѓународните секретари и раководствата на партиите кои имаат членство во меѓународните и европските политички семејства за да се промовираат координирани национални позиции. Водењето надворешна политика водена исклучиво од интересите на една партија е погрешно и штетно.

На овој значаен настан, Емил Кирјас ја доби силната доверба и реизбор за потпретседател на светското либерално семејство, потврдувајќи го угледниот македонски глас на меѓународната сцена.

„Од либералите имаме постојана, директна и сесрдна поддршка. Тоа е последица на напорна работа, блиски контакти, искрени односи и непоколебливо држење до вредностите. Тоа државата мора да го искористи сега, а не утре,” изјави по усвојувањето на резолуцијата потпретседателот на ЛИ, Емил Кирјас.

“Како народ и како нација немаме луксуз да чекаме подобри времиња преку илузорни странски гаранции. Градењето функционална, правична, некорумпирана и здрава држава, со самозаштитни клаузули за европската иднина и економскиот просперитет, мора да биде заедничка обврска за сите. Мора да ја промениме реалноста во која доминираат манипулациите и празните говори, наместо конкретните резултати“, додаде Кирјас.

ЛДП останува отворена да ги поддржи вистинските државни интереси кои водат кон итно деблокирање на европските интеграции и конкретни придобивки за македонските граѓани и македонскиот бизнис.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер