ЛДП: Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за жените
1ЛДП: Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за жените
312.000 луѓе беа евакуирани од концерт во Велика Британија откако беше пуштена „непозната супстанца“ (ВИДЕО)
ЖивотЗима како во деветтиот векВо Подмосковје започна необичен и опсежен експеримент што го спроведуваат љубителите на историските реконструкции: 24-годишно момче треба да се откаже од сите современи достигнувања и половина година да живее како во средниот век, без Интернет, без струја и без облеката од ова наше време.Целта на експериментот е да се утврди како функционираат во практика добро познатите средновековни орудија и што се случува со човекот што на определено време доброволно се изолирал од останатиот свет и заминал „во минатото“. Гаџети од 9 век Ден пред почетокот на експериментот Павел ги трга современите работи што во следната половина година нема да ги користи. Ги пакува Ајпадот и Ајфонот, селотејпот и кибритот... Наместо сите овие работи, Павел со себе „во минатото“ ќе ги земе средновековните алатки: кремен и огнило со кои ќе пали оган, тока, чешел со кој, како што тврди Павел, можат да се исчешлаат вошки, точило, старински ножици со пружина, парче восок со кое ќе го подмачкува конецот (оти така при шиењето подобро минува низ кожата) и „секирата како најважна алатка“. „Со секирата може да се направи сѐ што треба, а ако не можете, секирата ќе ви послужи со неа да ги направите сите неопходни алатки“, објаснува Павел. „Многу предмети не се менувале со векови“, вели Павел, восхитувајќи ѝ се на секирата. „Нашите предци пронашле оптимална форма“. Сите средновековни „гаџети“, освен секирата, Павел ги ниже на кожен појас со кој се опашува, оти тогаш сѐ уште не постоеле џебови. Време е да се запали огнот. Павел зема кремен, огнило и стара крпа, која ќе послужи како трат. Би требало да пламне од првата искра. Долго го трие каменот од огнилото, но трутот никако да се запали. Кришум го пали со запалка. Уште денес може така „да се извлече“, но веќе утре нема да ја има запалката. Живот без пченка, компир и домат Тој може да лови зајаци и лисици во околните шуми, но само со помош на стапица, како во средниот век. Средновековната куќа, реконструирана според археолошките ископини, се наоѓа на само 45 километри од Москва, покрај прометниот Јарославски автопат. Необична глетка за околината на Москва: низ дворот трчаат кози и кокошки, а црвенобрадиот селанец во старинска кошула и кожни чизми се обидува да запали оган. Тоа е Павел Сапожников, главниот учесник во експериментот. Тој ќе помине половина година сам на новгородскиот имот од 9 век, реконструиран според археолошките ископини, на менито ќе има храна што се јадела пред илјада години, и ќе мора да ја преживее руската зима без централно греење. Бадник и Божиќ на руски начин Во центарот на имотот се наоѓа долга куќа со три простории. Во средината е просторијата во која ќе живее Павел. Во неа има мала печка и клупа прекриена со кожа од животни наместо кревет. На плафонот виси сушена риба и печурки, а во аголот се наоѓа каца со кљуква и со сланина. Во собата се чувствува остар мирис на риба, но организаторите на експериментот велат дека таа треба да стои на топло. Тука е и амбарот полн со различни житарки што им биле познати на Европејците во 9 век. Нема пченка, зашто неа ја донел Колумбо кога ја открил Америка, а тоа се цели 500 години подоцна. Последната собичка во куќата служи како кокошарник и обор за кози. Организаторите на експериментот на Сапожников му обезбедиле продукти и живина за определено време. Тој, исто така, може да лови зајаци и лисици во околните шуми, но само со помош на стапица, како во средниот век. „Нѐ интересираше како може човек да ги преживее есента и зимата, годишните времиња во кои храната е оскудна, а денот е кус“, објаснува иницијаторот на проектот Алексеј Овчаренко. Проектот ќе трае до 22 март, кога според словенскиот календар настапува рамноденицата и започнува новата година. Но, Павел не се плаши од студенилото, туку од „гладот за информации“: животот без книги, без весници и без Интернет. Како да преживее козата без мешана храна Време е да се запали огнот. Павел зема кремен, огнило и стара крпа, која ќе послужи како трат. Би требало да пламне од првата искра. Долго го трие каменот од огнилото, но трутот никако да се запали. Кришум го пали со запалка. Уште денес може така „да се извлече“, но веќе утре нема да ја има запалката. Организаторите на експериментот ќе го следат не само однесувањето на Павел Сапожников туку и состојбата на неговите кожни обувки. Една од задачите е да се провери издржливоста на средновековните обувки. Проектот е поврзан со експерименталната археологија. „Сакаме да провериме низа дребулии од секојдневниот живот: колку често мора да се крпат волнените чорапи, колку скии и ножеви се потребни, колку е издржлив покривот со животински кожи“, објаснува иницијаторот на проектот. Во рамките на проектот ќе бидат набљудувани и домашните животни. Кога беа доведени на имотот, козите давале по литар и пол млеко дневно. Сега, кога повеќе не добиваат мешана храна (концентрат) и антибиотици, даваат двојно помалку млеко. „Сакаме да провериме колку ќе се промени количеството на млеко кај козата и големината на кокошкините јајца. Дали козите и кокошките во следната генерација ќе бидат поситни? Како на нив ќе влијае пасењето и отсуството на хемија во исхраната?“, вели Овчаренко. Експериментот има и социолошки аспект. Организаторите сакаат да утврдат како му влијае осаменичкиот живот на човекот. „Павел намерно го 'испративме во минатото' сам. Одвојувањето од современите реалии и понирањето во минатото така ќе бидат поефектни“, објаснува Овчаренко. „Доколку би имал соговорник, неминовно би се допреле некои современи теми.“ Логично продолжение на реконструкцијата Павел не е факултетски образован. Завршил четири години медицински факултет (потесна специјалност – давање прва помош за време на незгоди и катастрофи), а потоа го напуштил и ѝ се посветил на историска реконструкција, која станала негово занимање. Најблиските го поддржуваат во тоа. Неговата свршеница Ирина му помага да го среди имотот. Вели дека и таа била подготвена да му се придружи, но организаторите на експериментот решиле поинаку. Во рамките на проектот ќе бидат набљудувани и домашните животни. Кога беа доведени на имотот, козите давале по литар и пол млеко дневно. Сега, кога повеќе не добиваат мешана храна (концентрат) и антибиотици, даваат двојно помалку млеко. „Тој самиот го избира својот пат. Тука е посигурно отколку во Москва, иако не се сложувам со неговата одлука вака да потроши половина година од својот живот. На крајот на краиштата, човек секогаш може да се образува и да направи кариера“, вели мајката на Павел, која исто така се вика Ирина. Не се плаши од тоа што нејзиниот син „во цутот на младоста“ се осудува себеси на доброволно заробеништво. Со оглед на тоа дека експериментот е тежок, психофизичката состојба на Павел ќе се следи. Зад оградата на имотот ќе го набљудува личност што ќе го опишува неговиот секојдневен живот, но нема да смее да контактира со Павел. Еднаш месечно ќе биде организиран ден за посета. Тогаш ќе доаѓаат лекар и психолог, кои ќе ја оценуваат психофизичката состојба на Павел, а исто така ќе можат да го посетат и членовите на неговото семејство и роднините. Во меѓувреме, тие ќе можат да се информираат за неговиот живот преку блогот што ќе го пишуваат „набљудувачите на секидневноста на Павел“ од експерименталниот тим. За овој необичен експеримент ќе биде снимен и филм, чиј главен јунак ќе биде самиот Павел Сапожников. Според организаторот, експериментот чини околу 2 милиони рубли (62 илјади американски долари). /Извор: Руска реч/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за женитеОва не е прашање на политички препукувања, туку трагична реалност во која можеа да бидат превенирани смртни случаи, тешки последици, скршени семејства и трауми.Народот вели „ни срам, ни перде“, а токму така денес изгледа ВМРО-ДПМНЕ кога по трагичните убиства не само на Ајнет во Битола и Билјана Кириќ во Богданци, туку на Рамајана, Танкица, Ивана и нејзината ќерка, и многу други, излегува со соопштенија и зборува за превенција и заштита на жените. Со кој морал, со кој образ и со кое чувство на политичка надмоќ раководството на ВМРО-ДПМНЕ се претставува како партнер на младите и жените во спречувањето на насилството, кога во Собранието двапати – не еднаш, туку двапати – го одби предлог-законот на Либерално-демократската партија (ЛДП) за воведување електронски нараквици за следење на насилниците? „До кога ќе ги слушаме жените како молат да не бидат убиени а добрите предлог-закони ќе бидат во фиока? Доста со тоа „решете си го проблемот дома“, токму зад тие четири ѕида жени секојдневно живеат во страв, трпат насилство, молат за помош, а некои никогаш не излегуваат живи! Ова е насилството што го нормализиравме во Македонија“, вели претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. Ова не е прашање на политички препукувања, туку трагична реалност во која можеа да бидат превенирани смртни случаи, тешки последици, скршени семејства и трауми. Наместо да пишуваат празни соопштенија и да се кријат зад половични решенија кои со месеци ги држат заглавени во собраниските фиоки уште од летото, власта имаше конкретен, сеопфатен предлог доставен од ЛДП – закон кој прецизно уредува не само воведување на електронската нараквица, туку и начинот на нејзина употреба, случаите во кои е задолжителна и итните мерки за заштита на жртвите. Да имаше ЛДП самостојно мнозинство во Собранието, овој систем одамна ќе беше функционален и ќе спасеше човечки животи, но во вакви услови неопходна е парламентарна поддршка. Затоа порачуваме: имате мнозинство во Собранието, веднаш прифатете го и изгласајте го предлогот на ЛДП! Престанете да испраќате лицемерни соопштенија додека институциите и јавноста секојдневно се соочуваат со сѐ повеќе пријави за насилство кое завршува трагично. Секое ваше ново оправдување без конкретни дела само го зголемува гневот кај граѓаните. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Најголемата победа на општеството е секое дете да добие можност да победи во живототОбраќање на премиерот Мицкоски - Oдбележување на 80год. од формирањето на Домот за деца без родители.„Почитувани претставници на институциите, Почитувано раководство и вработени во Детскиот дом „11 Октомври“, Почитувани згрижувачки семејства, Драги пријатели, Постојат институции чија вредност не се мери само со годините на нивното постоење, туку со човечките судбини што ги промениле, со надежта што ја вратиле и со иднината што помогнале да се создаде. Една таква институција е Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје. Осум децении традиција, човечност и посветеност. Осум децении во кои генерации деца пронашле сигурност, поддршка и можност да изградат подобар живот. И зад сето тоа стои една голема човечка мисија – ниту едно дете да не биде оставено само пред предизвиците на животот. Денес одбележуваме значаен јубилеј, но истовремено ја потврдуваме и нашата заедничка одговорност кон оние на кои најмногу им е потребна поддршка. Затоа што силата на една држава не се мери само преку економските резултати, изградените патишта или големите инвестиции. Нејзината вистинска сила се препознава и во начинот на кој се грижи за најранливите, во солидарноста што ја покажува и во можностите што ги создава за секој свој граѓанин. А грижата за децата е највозвишениот израз на таа одговорност. Почитувани, Ниту едно дете не ги избира околностите во кои ќе се роди, ниту предизвиците со кои ќе се соочи. Но секое дете има право на достоинствено детство, на образование, на љубов и на можност да ги оствари своите соништа. Токму затоа постојат институциите и токму затоа државата има обврска да обезбеди услови во кои животните околности нема да ја предодредуваат иднината на детето. Во изминатите осум децении, Детскиот дом „11 Октомври“ бил многу повеќе од установа за згрижување. Тој бил место на кое се градела доверба, се надминувале животни тешкотии и се создавале нови почетоци. Денес, со современите форми на згрижување, со станбените единици и со поддршката на згрижувачките семејства, оваа институција продолжува да ја развива својата мисија, ставајќи ги во центарот индивидуалните потреби, достоинството и благосостојбата на секое дете. И тоа е суштината на современата социјална заштита. Да не гледаме само на обезбедувањето сместување и основна грижа, туку на создавањето вистинска семејна атмосфера, на емоционалната сигурност, образованието, личниот развој и подготовката за самостоен живот. Особена благодарност денес заслужуваат згрижувачките семејства, луѓето кои со својата хуманост покажуваат дека семејството не го создаваат само крвните врски, туку и љубовта, пожртвуваноста и чувството на припадност. Вие сте доказ дека големите човечки дела често се случуваат далеку од очите на јавноста, во секојдневните разговори, во грижата за училишните обврски, во охрабрувањето по неуспехот и во радоста за секој детски успех. Вашата улога е незаменлива, а нашата обврска како институции е да ви обезбедиме поддршка, стручна помош и услови во кои ќе можете успешно да ја исполнувате оваа благородна мисија. Драги пријатели, Како претседател на Владата, сакам да нагласам дека грижата за децата без родители и без родителска грижа не е само прашање на социјална политика, туку прашање на нашата човечка и национална одговорност. Нашата цел е да градиме систем кој нема само да ги заштитува децата, туку ќе ги охрабрува да ги развиваат своите способности, да стекнуваат знаења и вештини и да станат самостојни, успешни и рамноправни членови на општеството. Посебно внимание мора да посветиме на преминот од згрижувањето кон самостојниот живот, затоа што вистинскиот успех на системот не се мери само со грижата што ја обезбедуваме денес, туку и со можностите што ги отвораме за утре. Образованието, професионалното оспособување, вработувањето и социјалната интеграција мора да бидат дел од еден поврзан и одржлив пристап. Тоа е насоката во која треба да се развива нашиот систем на социјална заштита. Систем кој ќе препознава потенцијал наместо ограничувања и кој на секое дете ќе му даде можност да успее. Во таа мисија, неизмерно значење имаат и вработените во Детскиот дом „11 Октомври“. На сите педагози, психолози, социјални работници, негуватели и останати вработени сакам да им изразам искрена благодарност за нивната професионалност и посветеност. Вашата работа бара многу повеќе од стручност. Таа бара трпение, разбирање, човечност и секојдневна подготвеност да бидете потпора во најважните моменти од детскиот развој. Можеби резултатите од таа работа не се секогаш видливи во јавноста, но тие остануваат трајно запишани во животите на луѓето на кои сте им помогнале. И тоа е најголемото признание што една професија може да го добие. Почитувани присутни, Нелсон Мандела рекол дека не постои појасен одраз на душата на едно општество од начинот на кој тоа се однесува кон своите деца. Во оваа мисла е содржана и нашата најголема обврска. Да изградиме Македонија во која секое дете ќе има можност да расте без страв од иднината, да се образува, да напредува и да го пронајде своето место во општеството. Татковина во која човечноста ќе биде темел на институционалното дејствување, а солидарноста вредност што нè обединува. Затоа што секое дете во себе носи неисцрпен потенцијал. Меѓу децата за кои денес се грижиме се идните лекари, наставници, инженери, уметници и луѓе кои утре ќе ја градат нашата држава. Нашата задача е да им ги отвориме вратите кон таа иднина. Драги пријатели, Осумдесет години се голема историја, но уште поголема е одговорноста што таа историја ни ја остава. Да го зачуваме највредното од минатото, да ги унапредиме можностите на сегашноста и да создадеме подобри услови за генерациите што доаѓаат. Затоа што домот не го прават ѕидовите, туку љубовта. Семејството не го определува само потеклото, туку и грижата. А иднината не ја одредуваат околностите во кои сме родени, туку можностите што ги добиваме и силата со која ги остваруваме. И затоа нашата порака денес е јасна. Ниту едно дете не смее да биде заборавено. Ниту еден детски сон не смее да биде однапред изгубен. И ниту една животна судбина не смее да остане без шанса. Зашто иднината на Македонија не започнува со големите зборови и ветувања. Таа започнува со малите детски чекори, со подадената рака, со стекнатата самодоверба и со вербата дека утрешниот ден може да биде подобар. И токму затоа, најголемата победа на едно општество е кога секое негово дете ќе добие можност да победи во сопствениот живот. Нека е честита осумдесетгодишнината на Детскиот дом „11 Октомври“. Да живеат нашите деца! Бог да ја благослови Македонија! Ви благодарам.“ - изјави Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Свет12.000 луѓе беа евакуирани од концерт во Велика Британија откако беше пуштена „непозната супстанца“ (ВИДЕО)Илјадници луѓе беа евакуирани од концерт во најголемата затворена арена во Велика Британија откако беше пуштена „непозната супстанца“, а неколку лица пријавија несакани ефекти, соопшти утринава полицијата.Околу 12.000 луѓе присуствуваа на неделната вечерна свирка на американскиот рапер Дон Толивер во арената „Кооп Лајв“ во Манчестер, северозападна Англија. Итните служби беа повикани по „пријави за луѓе во толпата кои страдаат од последици од непозната супстанца“, соопшти полицијата во Манчестер, која прогласи голем инцидент на местото на настанот. „Неколку лица беа третирани на лице место, а едно е однесено во болница во овој момент“, изјавија од полицијата на Манчестер, додавајќи дека полицијата се обидува да „разбере за што станува збор“. Регионалната служба за брза помош соопшти дека прегледала повеќе од 50 лица на местото на настанот, вклучувајќи некои кои пријавиле „симптоми на очите и респираторниот систем“, а на местото на настанот е извршена и „деконтаминација“. Thousands of people were evacuated from Manchester's Co-op Live arena on Sunday night during a Don Toliver performance. The evacuation happened after an 'unknown substance' was released, with one person being taken to hospital and more than 50 people treated. 🔗 https://t.co/i31pRuUQTu — Sky News (@SkyNews) November 23, 2026 Тагови: концерт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter