КултураЗијах Соколовиќ - лауреат на 24. ФКТ „Ристо Шишков“Босанскиот актер Зијах Соколовиќ е годинашниот лауреат на 24.Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица кој заврши вчера. Актерот познат како „крал на монодрамата“ го доби медалјонот со ликот на Шишков и парична награда од 1.500 евра. Струмичката публика имаше можност да го види како дел од претставата „Мечка“ во десет сцени за џез трио работена по текст на Чехов. Претставата е подготвувана една година, а на штиците што живот значат во ист состав се игра 20 години наназад. Соколовиќ моментално работи на Факултетот за драмски уметности во Австрија, а за него оваа награда значи многу. - Ова што го прави фестивалот во чест на големиот актер зборува за тоа дека актерството има своја бесконечност, а тоа што јас како актер ја добив оваа награда нема крај и ова за мене е почеток на еден нов актерски живот. Немав чест да го запознаам Шишков додека играв претстави во Македонија, но оваа награда од актер за актер е совршенство, рече Соколовиќ. Смета дека за да биде успешен, денешниот актер треба пред се да посвети на театарот, да биде близок кон гледачите без разлика дали е на сцена или на телевизија. - Се повеќе актери денес се посветуваат токму на таа комуникација со публиката. Денешниот актер треба да биде најнапред образован, не само да биде физички поготвен да пее да игра и да зборува повеќе јазици, туку и толку добро едуциран да своите лични способности ги претвара во различни средства кои се потребни за режијата на претставата. Неговата замисла и интелегенција требда да бидат средство за појава пред јавноста, додаде Соколовиќ. Посебното жири на НЕТА додели и други награди. наградата за млад актер ја доби Милош Пејовиќ, за улога во претставата „Адам и Ева“, за современ сценски израз награден беше Димитар Ѓеорѓиевски, за улога во претставата „Обѕирни се во гнев“. Награда за машка улога беше доделена на Зоран Караиќ за улога во претставата „Перикле“, за женска улога се Ирмена Чичикова, за улогата во претставата „Нирвана“. Награда за колективна игра заврши во рацете на актерската екипа од претставата „Перикле“. Режисерот Мартин Кочовски за претставата „Човекот кој не знаеше да каже не“, ја доби наградата за современа интерпретација. Наградата за режија и за претстава доби режисерот Слободан Унковски за претставата „Солун град на духови“ со која беше заокружено ова издание на фестивалот. И специјална награда за дебитантски настап им е доделена на студентите од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТТА Скопје, од класата на проф. Мето Јовановски. На фестивалот за камерен театар, во конкуренција беа 14 театарски претстави со околу педесетина актерски остварувања од повеќе земји на Балканот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16