Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград
2Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ФудбалЗидан во одбрана на РоналдоНајдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо се наоѓа во голгетерска криза.Португалецот сезонава има постигнато само еден гол во шпанска Примера, а шест во Лигата на шампионите. Иако Роналдо не е во голгетерска форма, сепак тренерот на Реал, Зинедин Зидан смета дека Португалецот одлично си ја врши работата. - Медиумите секогаш гледаат негативно, а јас поинаку од нив. Роналдо асистираше за голот на Иско. Сите знаеме дека тој е најсреќен кога дава голови, но и сега е среќен. Сепак и без да постигне гол тој одлично си ја врши работата, изјави Зидан. Роналдо се мачеше да се впише во листата на стрелците и на последниот натпревар против Лас Палмас, кој Реал Мадрид го доби 3:0, но асистираше при погодокот на Иско. Минатата сезона Роналдо постигна вкупно 37 голови во сите натпревари, додека во најефикасната негова сезона 2014/2015 постигна вкупно 60 голови за Реал./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПотопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на БугаријаБугарија денеска примила повик за помош од товарен брод што тонел во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, соопшти Министерството за транспорт.Бродот „Бетул 8“, кој пловел под сомалиско знаме и на кој имало 12 членови на екипажот, превезувал три тони пченица и пловел од Романија кон Египет. Од Министерството за транспорт не наведоа што се случило со посадата. Два бугарски, еден романски и еден турски брод се упатени кон местото на настанот, се додава во соопштението. Причината за инцидентот не е јасна, но во изминатите неколку недели имаше низа смртоносни напади со беспилотни летала врз бродови во близина на бреговите на Бугарија и Романија, за кои се верува дека се поврзани со војната во Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДеветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во БелградДеветнаесетгодишен државјанин на Македонија е уапсен под сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибек, во Белград.Осомничениот бил приведен на границата со Хрватска, додека се обидувал да ја напушти Србија, објавија српските медиуми.. По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, на А. А. му е одредено задржување до 48 часа поради сомнение за обид за убиство и недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи. Според сомненијата, на 8 август минатата година, на улицата „Народни херои“ во Белград, осомничениот испукал повеќе куршуми од пиштол кон Ненад Алајбеговиќ, кој во тој момент се наоѓал во своето возило.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ФудбалЛукаку се повлече од репрезентацијата на БелгијаБелгискиот напаѓач 33 годишниот Ромелу Лукаку денес преку социјалните мрежи, го објави крајот на својата репрезентативна кариера, која трае 16 години. Од неговиот прв повик во националниот тим на 3 март 2010 година, кога имаше само 16 години, Ромелу го носеше дресот на репрезентацијата 135 пати и постигна 94 гола. Со оваа импресивна статистика, тој е најдобриот стрелец на сите времиња за „Црвените ѓаволи“. „Шеснаесет години. Во текот на овие 16 години, дадов сè што имав за националниот тим. Доживеав секакви емоции што можат да се замислат“, напиша Лукаку на Инстаграм, придружувајќи ја објавата со серија фотографии од неговата репрезентативна кариера. Во текот на својата репрезентативна кариера, Лукаку настапи на четири Светски првенства и три Европски првенства. Тој беше клучен играч во белгиската „златна генерација“ – тим кој со години беше меѓу најдобрите во светот и подолго време го држеше првото место на ранг-листата на ФИФА. Во моментов настапува за турскиот клуб Фенербахче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55