ФудбалЗидан пред мечот со ПСЖ: Не ми е гајле за мојата иднинаТренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан покажа самодоверба пред првиот дуел со Париз Сен Жермен во осминафиналето од Лигата на шампионите, која ќе се одигра утре на „Бернабеу“.- Немам што да докажувам против ПСЖ. Да, јас сум од Марсеј, постои историско ривалство со ПСЖ, но мислам за Мадрид - ПСЖ, рече тренерот на „белите“ на денешната прес-конференција. - Задоволен сум што имаме можност да играме ваков тип на натпревари. Нема тензии. Се подготвувавме добро во текот на неделата, како и секогаш. Секогаш постои напнатост, но тоа е нормално. Сите вежби и сите натпревари се важни. Не ми е гајле за мојата иднина, рече тој. - Не, ова не е финале, тоа се два натпревари во Лигата на шампионите. Утре ќе го видиме Мадрид против ПСЖ, а не Нејмар против Кристијано. Роналдо постигна големи работи, има пет „Златни топки“, не можам да ги споредувам. Сите знаеме што прават на теренот, призна францускиот специјалист. - Двата тима имаат еднакви шанси - 50:50. Двата тима имаат шанси да одат понатаму, рече Зидан. Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело пак е сигурен дека „белите“ не треба да се концентрираат само на големата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар во утрешниот дуел. - Ќе биде грешка ако мислиме само за Нејмар или само за напаѓачите на противникот, изјави Бразилецот на денешниот прес. - Не сум кажал дека Нејмар ќе игра во Реал Мадрид. Реков дека тоа може да се случи еден ден. Разменивме СМС со него, но не зборувавме за фудбал, призна тој. - Ние знаеме што треба да направиме утре. Имавме време да се подготвиме. Дуелот ќе биде многу тежок. Секое скандирање од нашите трибини ќе биде важно, секој аплауз е од помош, рече уште Марсело. Дуелот започнува утре од 20:45 часот на теренот на „кралскиот“ клуб./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багажДвегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот. Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони. Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата. Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага. Извор: Б92Тагови: аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕОТоварен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“. „Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами. 🚨 JUST IN: First video of the damage following a tarmac collision between a UPS 767 and Copa Airlines 737 at Miami International Several injuries reported on the Copa 737 But thank God this wasn’t more severe 🙏🏻 https://t.co/dAootpX9Hm — Nick Sortor (@nicksortor) November 15, 2026 Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот. Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.Тагови: авион Мајами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветЕксплозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута. ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец. Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар. Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив. 🚨🇮🇷 Another day, another oil tanker IN FLAMES in the Strait of Hormuz, with Iran's Revolutionary Guards releasing footage of the burning vessel. Tehran says the tanker was attempting to pass through the strategic waterway without authorization. Writer: Oliver https://t.co/wqbwoEpDXV — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 14, 2026 Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00