Зибери: ДУИ останува на условот „премиер Албанец", но вратите за преговори не се затворени

 Според информациите со кои располагам, господинот Ахмети останува на идејата јас да бидам идниот мандатар и досега нема отстапување од таа идеја. 

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети останува на ставот дека услов за коалицирање на неговата партија е идејата за „премиер Албанец", но дека сепак сите врати за преговори за формирање на идната влада не се затворени, изјави Насер Зибери, кој пред изборите беше промовиран како кандидат на Демократската унија за интеграција за иден претседател на Владата.

– Според информациите со кои располагам, господинот Ахмети останува на идејата јас да бидам идниот мандатар и досега нема отстапување од таа идеја. Се разбира, не се затвораат сите врати. Впрочем, продуктот создавање парламентарно мнозинство е резултат на преговори и тие преговори ќе ги дадат идните резултати, изјави Зибери .

Според него, Ахмети смета дека државата треба да ги урне последните етнички бариери и да нема резервирана позиција во државата за една или за другата заедница.

– Тоа ќе ги зајакне внатрешните капацитети и државата ќе докаже дека секоја функција е еднакво достапна за секој, додаде Зибери.

Тој вели дека во ДУИ се на ставот оти би било добро да продолжи соработката со досегашниот коалициски партнер, но дека тоа не значи оти е исклучена можноста и за соработка со друг партнер.

– Моја политичка визија за иднината е градење хармонични меѓуетнички односи и на простор каде што секој ќе се чувствува рамноправен. Но, во исто време, и градење надворешна политика како НАТО и ЕУ. Овие се приоритети без кои не се може понатаму, а тоа подразбира дека навистина треба да се залагаме на внатрешен план да изградиме такви инструменти кои ќе обезбедат перспектива за сите граѓани, а на надворешен план некои клучни прашања кои ни гарантираат перспектива за градење европски вредности не можат да бидат доведени во прашање, а не дај Боже и да се поништат – како Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија и други елементи кои одат во функција на градење ваква политика со вакви определби. Овие прашања се темел за градење на иднината на земјата, тука нема простор за преговори. Секој субјект што може да се најде во овие определби е наш потенцијален соработник, вели Зибери.

Околу можноста СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да си „дадат" пратеници и во коалиција со другите албански партии, ДУИ да се остави во опозиција, Зибери вели дека за нив како партија не е најважно дали ќе бидат дел од идната владина коалиција, но додава дека никој нема право да тргува со „главите" на народните избраници.

Тој нагласува дека меѓу партиите на Албанците постои „џентлменски договор" оти оној што ќе добие макар еден глас помалку, ќе се помири со фактот дека ги изгубил изборите и дека „нема да чека на ред кој мандатарот за покана за преговори за составување на идната влада".

– На тој план политичките партии на Албанците имаат еден консензус. Дали ќе опстои, не можам да гарантирам, но секако се свесни за реперкусиите и политичката перспектива која може да им се случи доколку без легитимитет бидат носители на извршната власт, а ДУИ ја потиснат во опозиција. Можноста од преземање пратеници од лево кон десно или десно кон лево, мислам дека би било најлошата услуга што може да ѝ се случи на државата. Ние сме длабоко убедени дека волјата на граѓаните треба да се испочитува и немаат право ниту Заев, ниту Мицкоски, ниту Ахмети да бараат пратеник повеќе за да може да формираат влада. Треба да се почитува и начелото победник со победник, додаде Зибери.

Според него, прв приоритет на новата влада треба да биде „соочување со тешките разорни ефекти од пандемијата на здравствен и економски план".

– Сакаме да ги зајакнеме капацитетите на здравствен план. Тоа да не биде само морална и техничка поддршка, туку и финансиска, не само на градење на капацитети, туку и материјално на луѓето кои први се на штитот од пандемијата, истакна Зибери, нагласувајќи дека минималната плата за медицинскиот кадар со средно образование не треба да не биде под 600 евра.

Тој потенцира дека мора да се врати довербата на граѓаните во правниот систем, за што, според него, прв приоритет треба да биде справување со криминалот и корупцијата.

– Тој процес ќе почне од правосудството, носителите на јавни функции од влада до пратеници и директори на јавни установи и тој процес сметам дека може да ја поправи сликата за носителите на јавни функции. Се има впечаток дека судството често пати своите одлуки ги носи од политички или етнички аспект. Мора судството како трета власт да функционира независно и граѓанинот да има доверба дека кога ќе чукне на вратата на судот, ќе се почитува словото на законот. Тука зборуваме и за воведување на еден посебен суд кој ќе ги преиспитува одлуките за кои засегнатите странки смета дека од политички или етнички побуди се мотивирани одлуките, вели Зибери.

Според него, никој нема да биде поштеден од борбата против корупцијата и таа може да „загрози и функционери на ДУИ".

– Мислам дека враќањето на довербата во владеењето на правото е услов за одење напред. Ние сме на прагот на отворање на преговорите (со ЕУ). Тоа се првите начела за отворање на преговорите. Владеењето на правото е приоритет без кој не може да се оди напред, изјави Зибери. /МИА.

Данскиот крал Фредерик Десетти во прва официјална посета на Шведска

Данскиот крал Фредерик Десетти и неговата сопруга кралицата Мери денеска ја посетија Шведска, што е нивна прва официјална посета во странство откако станаа монарси во јануари годинава.

Кралската двојка беше свечено пречекана во Стокхолм од принцезата Викторија и нејзиниот сопруг Даниел, како и шведскиот крал Карл Шеснаесетти.

Со данските монарси во посета на Шведска се и данските министри за одбрана и за надворешни работи, а најавен е состанок со шведскиот премиер Улф Кристерсон и со претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен.

Почина иконата на аргентинскиот фудбал, легендарниот селектор Меноти

 Во 86. година од живот почина Цезар Луис Меноти стратегот кој на Аргентина и ја донесе првата титула Светски шампион.

Меноти по кариерата на зелениот терен како фудбалер стана уште попознат врвен тренер и селектор на голем број клубови и репрезентации.

Меноти помина голем дел од својата играчка кариера во родната Аргентина и ги носеше дресовите на Росарио Централ, Расинг и Бока Јуниорс. Во текот на 1968 година настапуваше и за бразилски Сантос и му беше соиграч на легендарниот Пеле.

Две години подоцна ја заврши фудбалската кариера и веднаш почна да се занимава со тренерска работа, во која остави многу подлабока трага. Најдобро ќе остане запаметен како селектор на Аргентина, која ја предводеше до првата светска шампионска титула во 1978 година.

Меноти беше селектор на Аргентина од 1974 до 1983 година, а неговата последна работа беше поврзана со аргентинската репрезентација каде беше директор. Покрај Аргентина, раководеше и со Мексико, а успешно работеше и како клупски тренер предводејќи ги Барселона, Атлетико Мадрид, Сампдорија, Бока Јуниорс и многу други клубови.

Бендевска: За ЗНАМ секој човек е важен

За ЗНАМ  секој човек е важен и секој треба го добие своето место во системот во согласност во своите капацитети и вештини.

Носителката на листата на пратеници во ИЕ 5, Весна Бендевска денеска одржа прес конференција на која се осврна на вредностите и принципите за кои ќе се залагаат како вистински претставници на граѓаните, а кои се преточени во програмата за претстојните парламентарни избори „Проглас за достоинствена Македонија“.

Бендевска рече дека Движењето ЗНАМ во оваа кампања веќе се етаблирало како нова политичка опција и сериозна алтернатива на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, по добиената сериозна поддршка од граѓаните во првиот круг од претседателските избори.

„Оваа енергија, оваа сила и синергија значи нов ветер в грб, за два дена заедно да го завршиме започнатото: Македонија, втемелена на Крушевските и АСНОМСКИ постулати, да ја градиме како вистински демократско општество во кое се почитуваат човековите права ислободи без никаква дискриминација. Само такво општество може да се нарече праведно општество“, рече таа и додаде дека клучните вредности кои се основа на идејата за почитување на човековите права се човечкото достоинство и еднаквоста.

Бендевска, исто така, рече дека во нивната Програма се залагаат за посебна заштита на правата на ранливите групи и заедници и лицата со посебни потреби, кои ќе мора да добиваат посебна заштита од државата за да можат целосно да се интегрираат во општеството, како рамноправни индивидуи. Таа потанцира дека секој човек е важен и ќе го добие своето место во системот, во согласност во своите капацитети и вештини.

Бендевска рече дека визијата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за тоа како треба да изгледа државата се темели на неколку вредности и принципи, а тие се: правда за сите подеднакво, обврски кон државата за сите подеднакво; нулта толеранција за корупција и брза и ефикасна борба против организираниот криминал – веднаш; без амнестија за никого што се огрешил по Устав и закон; секој да одговара за кривичните дела што ги направил, а украденото и одземеното од устата на граѓаните мора да се врати назад; под итно да се вратат укинатите одредби од Кривичниот законик со кого и власта и опозицијата си се самоамнестираа од делото – злоупотреба на службена положба и овластување и зголемуљвење на казната за тоа дело на затвор од минимум 10 години; кривичните дела за криминал и корупција нема да застаруваат; да се укине доживотниот мандат на судиите и јавните обвинители, а судиите и јавните обвинители да одат на реизбор секои шест години, бидејќи само така ќе има можност за увид во квалитетот на нивната работа.

„Правда мора да има; без правда нема ниту правна држава, ниту лично и човечко достоинство, а без тоа – нема ни достоинствена Македонија“, рече таа.

Бендевска ја искористи приликата и им го честиташе големиот христијански празник Велигден на граѓаните кои слават и посака здравје, среќа, спокој и благосостојба во секое семејство.

притисни ентер