Јаневска до родителите: Без ваш ангажман, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство ќе биде неефикасна
2Јаневска до родителите: Без ваш ангажман, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство ќе биде неефикасна
3СДСМ: Црна Гора со 3,2 милијарди евра а Македонија со само 67 милиони евра, за кои реформи и пари зборува Кочовска?
Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
1Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
РакометЖРВ Вардар четири месеци без Хмирова Ракометарката на македонскиот првак ЖРК Вардар Татјана Хмирова четири месеци ќе отсуствува од ракометните терени. Врз Хмирова беше извршен оперативен зафат на повреденото десно рамо во Хрватска. Повредата беше присутна подолг период и операцијата беше начин се реши овој здравствен проблем. - По прегледаните снимки и врз досегашните искуства со овие повреди, Хмирова ќе отсуствува од терените најмалку четири месеци, бидејќи потребна е внимателна рехабилитација. Таа постојано ќе биде под мониторинг на медицинскиот тим, објавено е на официјалната интернет страница на клубот, со надеж дека Хмирова ќе биде подготвена за вториот дел од сезоната во Лигата на шампионите. Руската интернационалка во дресот на Вардар е втората ракометарка, која пред стартот на Лигата на шампионите сезонава е оперирирана откако претходно и Французинката Алисон Пино имаше операција на коленото. ЖРК Вардар во недела со натпреварот во Подгорица против Будуќност ја почнува новата сезона во Лигата на шампионите. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистески во посета на повеќе центри на Агенцијата за вработување Процесот тече без проблеми, пристигнати преку 4.400 апликации.Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денес посети повеќе регионални канцеларии на Агенцијата за вработување, каде изврши увид во процесот на аплицирање за јавните повици од мерката за Претприемништво - Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година. Во текот на денот, заедно со Даниела Димовска, Директорка на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Весна Пешова, заменик директор на Агенција на Вработување, претставници на општините и пратеници беа посетени центрите во Велес, Штип, Кочани, Виница и Берово каде вработените во центрите информираа за текот на пријавувањето зана јавниот повик. - Вработените во центрите на АВРМ ме информираа дека процесот тече без проблеми и поголем застој, сите граѓаните можат слободно да аплицираат со нивните идеи за да отворат сопствен бизнис. Интересот за мерката е исклучително голем и до почетокот на денот пристигнати се речиси 4.400 апликации. Ја користам оваа прилика да апелирам до сите заинтересирани да се пријават и да ги искористат бенефитите кои како Влада им ја нудиме за отворање на сопствен бизнис – кажа заменик-министерот Ристески. За време на посетите заменик-министерот Ристески им се заблагодари на вработените за нивната работа и дополнителни напори овие две недели додека се активни јавните повици. Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk. Јавните повици траат до утре, 3 јули 2026 година.Тагови: Марјан Ристески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска до родителите: Без ваш ангажман, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство ќе биде неефикаснаВрсничкото насилство може да запре само ако сите, и институции и наставници и целата заедницата, се ангажираме со целосна сериозност. Но, посебно важна е улогата на родителите. Недостасува поголема грижа и посветеност од многу семејства кон своите деца. Не од сите, но од многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво растење. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на едукативниот панел за родители и старатели на ученици на тема врсничко насилство, што денес се одржа во Домот на културата „11 Октомври“ во општина Гази Баба. „Последниот случај на врсничко насилство покажа деца со недостиг на емпатија и со изобличени вредности. Едни се изживуваат врз дете, а други стојат настрана, снимаат и се забавуваат, наместо да му помогнат и да го заштитат. Ова насилство е аларм за целото општество. Тоа е плод на недостиг на воспитна врска меѓу родителите и децата“, рече Јаневска, додавајќи дека без ангажирање на родителите, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство е неефикасна. Министерката посочи дека токму затоа, на национално ниво се иницирани директни средби со родителите на децата и наставниците, каква што е денешната. Целта е отворено да се предочат проблемите, да се слушнат предизвиците со кои се соочуваат семејствата и училиштата, како и да се разменат идеи и иницијативи за заедничко делување против врсничкото насилство. Најави одлучност во справување со злото што возрасните им го наметнуваат на децата и ригорозен системски одговор. „Одговорност мора да има и за родителите. Разговарав со министерот за внатрешни работи, ќе следат санкции за сите инволвирани и за нивните родители. Најчест причинител на врсничко насилство е семејното насилство и занемарувањето на децата“. Во моментов, во собраниска процедура се законски измени кои предвидуваат парични казни за родителите и старателите на децата за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште. Министерството за образование и наука минатата година подготви и реализираше сет мерки за справување со врсничкото насилство. Со законски измени ги задолжи училиштата во годишните програми за работа да предвидат активности за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, од злоупотреба, спречување дискриминација, подобрување на комуникацијата и слично. Беа изработени прирачници за наставници за справување со врсничко физичко насилство во училишта и за пријавување на сајбер насилство. Стручните служби во училиштата беа зајакнати со ангажирање на кадар онаму каде недостигаше, и беа вратени дежурствата на наставниците за време на одморите во ходниците и во училишните дворови. Средбите со родителите ќе продолжат, а продолжуваат и обуките за стручните соработници за препознавање на семејно насилство преку однесувањето на децата на училиште и за спречување на понатамошно трансформирање во врсничко. Досега се реализирани обуки за стручни соработници од 30-тина општини во Македонија, во соработка со Комората на психолози, МВР и Министерството за социјална политика. Министерство за образование и наукаТагови: Весна Јаневска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Црна Гора со 3,2 милијарди евра а Македонија со само 67 милиони евра, за кои реформи и пари зборува Кочовска?Министерката за финансии зборува за пренасочување на европски средства кон „реформски лидери“.Прашуваме: За кои реформи? За оние кои Мицкоски ги најави дека ќе бидат завршени до 1 јуни, а за кои повеќе никој не зборува? За реформите за кои добија грејс период од една година уште во 2025 и не се исполнија? Што е сега со роковите? Што е направено од реформската агенда? Македонија е во опасност да остане надвор од седумгодишниот план на ЕУ поради неисполнување на реформите. А министерката зборува за „најголеми средства“ и за тоа дека Македонија е меѓу реформските лидери. За споредба: Црна Гора добива 3,2 милијарди евра, а Македонија ќе добие 65,7 милиони евра, од Планот за раст на ЕУ. И тоа е „најмногу“? Дали е тоа истата министерка која пред неколку месеци изјави дека „пола Европа ќе банкротира“, а Македонија ќе процвета? Истата која тврди дека сме „трета економија во Европа“, а немаме пари ни за зголемување на минималната плата? Изгледа дека Мицкоски со своите лаги ги зарази и своите министри. Или можеби и тие почнаа да му веруваат. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook