ЖРСМ Транспорт: Незаконски прекинот на железничкиот сообраќај

ЖРСМ Транспорт АД-Скопје соопшти дека прекинот на железничкиот сообраќај што стартуваше изутрина е незаконски. 

Претседателот на Независниот синдикат на машинскиот персонал Душко Чакаровски, без да достави соодветна документација, се претставува како претставник на целокупниот машински и извршен персонал во претпријатието и незаконски поттикнал и предизвикал прекин на железничкиот товарен и патнички сообраќај, стои во соопштението.

Раководството на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, според соопштението, во изминатиот период одржало повеќе состаноци со синдикатот на кои било укажано дека побарувањата од машинскиот и извршен персонал за зголемување од 30 на 40 проценти на надоместот на плата за квалитет, се надвор од финансиските можности на Друштвото.

Железничкото претпријатие го соопштува износот на исплатените плати во просек за машиновозачите, односно во октомври вкупната нето плата со исплатен трошок за километар изнесувала 44.995, во ноември 44.070, а во декември 47.665 денари. – Ова е просек за сите машиновозачи во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје и тој е далеку над просекот на плата што се исплаќа во државата, напоменуваат од Железници Транспорт и додаваат дека наспроти тоа платата на дипломиран инжинер во Железници Транспорт кој не е на раководна функција изнесува 26.000 до 27.000 денари.

– Во Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје т.е. од одредбите од член 207 до член 214, кои се однесуваат на правната категорија – штрајк во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, како и наша Тековна состојба од ЦРСМ од која може да видите дека Друштвото е основано од Владата на Република Македонија и дека врши дејност од посебен општествен интерес, а тоа е меѓународен и внатрешен транспорт на стоки и патници со железнички превозни средства, наведуваат од железничкото претпријатие и дополнуваат дека платата за декември за сите вработени во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје е покачена за пет проценти.

Останатите синдикати во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, стои во соопштението, не го подржуваат штрајкот предводен од машиновозачот Чакаровски.

Претходно министерот за транспорт и врски Горан Сугарески апелираше машиновозачите да продолжат со работа, истакнувајќи дека е подготвен повторно да преговара со нив, но, како што вели, не по цена на уцени и нарушување и штета на работењето.

Треба да продолжат со работа, сите треба да се покажеме државно општествено одговорни затоа што секој застој таму на сите бројни проблеми што ги има 30 години во делот на долговите коишто ги имаат, да не се прават нови, бидејќи тоа е интерес и за државата и за нив, изјави Сугарески.

Како што изјави за МИА Чакаровски, барањето за зголемување од 30 на 40 проценти на надоместот на плата за квалитет, им е врз основа на Колективниот договор за дополнителна работа и работење со намален број на извршен персонал. Надомест од 40 проценти им бил исплаќан до пред антикризните мерки во 2008 година. Зад организацијата на бојкотот на работата, тврди Чакаровски, не стои ниту една синдикална организација, односно во него се вклучиле 99 проценти од машинскиот персонал од различни синдикати, но и работници кои не членуваат во синдикатите.

Поради бојкотот на машиновозачите, што стратуваше изутрината во седум часот, во целосен прекин е товарниот сообраќај, а не тргнаа двата патнички воза за Велес предвидени за девет и за 13 часот. Со возниот ред се предвидени сообраќања и за Битола, Кочани, Гевгелија, Кичево и Табановце./МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер