ЖРК Вардар со победа ја почна главната фаза од Лигата на шампионите - Канал 5

ЖРК Вардар со победа ја почна главната фаза од Лигата на шампионите

Ракометарките на ЖРК Вардар со минимална победа од 22:21 (11:11) над Букурешт ја почнаа главната фаза од Лигата на шампионите. Со оваа победа ЖРК Вардар го мина Букурешт на табелата во група 2.

ЖРК Вардар со победа ја почна главната фаза од Лигата на шампионите
По почетното водство од 1:0 за ЖРК Вардар, романскиот тим ја презеде контролата над резултатотм откако во воведните 10 минути од дуелот голманката на Букурешт Грубишиќ имаше пет од своите 10 одбрани во првиот дел. По водството на гостинките од 6:3 во 13. минута од клупата на ЖРК Вардар беше побаран тајм аут, по кој следеше серија од 3:0 за изедначување. Потоа „Вардарки“ направија уште една серија од 5:1 за водство од 11:8, но во завршницата на првиот дел по исклучувањата во нашиот првак, Букурешт успеа да стигне до изедначување 11:11.

Почетокот на вториот дел мина во изедначена игра и резултат каде двете екипи играа подобро во одбраната. За изедначената игра во вториот дел покажува текот на резултатот, кој во седум наврати беше изедначен и екипите имаа предност од само еден гол. По тајм аутот на клупата на ЖРК Вардар во 54. минута македонскиот шампион по првпат во вториот дел поведе со два гола разлика 21:19. По водството на ЖРК Вардар од 22:19, Букурешт се врати во игра со двата гола на Бело. Во последниот напад на гостинките токму ударот на Бело, Суслина успеа да го одбрани.

Најефикасна на дуелот беше Изабеле Гулден со осум голови, додека кај ЖРК Вардар Андреа Лекиќ постигна пет гола.

Ина Суслина дуелот го заврши со пет одбрани, а Амадин Лејно имаше 12, додека на голот на Букурешт Јелена Грубишиќ имаше 15.

На првиот натпревар од групата Ѓер го победи европскиот првак Будуќност со 22:20, додека утре играат Митјиланд – Савехоф.

Табела: Будуќност 7 бодови, Ѓер 7, Вардар 6, Букурешт 5, Митјиланд 3, Савехоф 0. /МИА





Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час

​На 22.11.2026 во 19:40 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.К.(59) од Србија. 

Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час

При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 19.11.2026 на автопатот Демир Капија-Гевгелија тој го управувал возилото со брзина од 158 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Тој бил спроведен во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени инспекциски контроли во Општина Бутел

Денес се спроведуваат засилени инспекциски контроли на територијата на oпштина Бутел, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и министерството за внатрешни работи. 

Засилени инспекциски контроли во Општина Бутел

Под засилен инспекциски надзор се повеќе објекти за кои постојат основи за сомневање дека работат спротивно на законските прописи. Се вршат проверки на градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, дозволите за поставување и користење тераси, како и почитувањето на останатите законски обврски. Истовремено, се спроведуваат и засилени сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за непрописно паркирани возила на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел воспоставување ред, безбедност и почитување на законските прописи. Во општина Бутел нема селективност во спроведувањето на законите. Редот и законитоста се обврска за сите граѓани.

Општина Бутел

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓани

Со вакцина против сезонски грип, досега, заклучно со 23.11.2026, се вакцинирани вкупно 28.035 граѓани, а преку електронска пријава на „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓани

Закажани се 54.778 термини, од кои 23.225 се претстојни во наредниот период. Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто.

Дополнителните над 26.000 дози се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата.

Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата од 6 месеци до 5 години.

Министерството за здравство ги повикува граѓаните од ризичните групи да се вакцинираат и навреме да се заштитат.

Граѓаните кои добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер