3Расте бројот на жртви во превртениот ферибот близина на Кипар- најмалку 20 патници се исчезнати (ВИДЕО)
РакометЖРК Вардар СЦБТ домаќин на БудуќностЖенскиот ракометен првак на Македонија, ЖРК Вардар СЦБТ попладнево ќе игра натпрервар од регионалната лига против Будуќност од Црна Гора.Ракометарките на македонскиот првак едноставно немаат одмор. По квалификациите од Лигата на шампионите, вардарки во текот на викендот играа на турнир во Љубљана, а во вторникот и првенствен дуел со ЖРК Металург (нерешено 23:23). Дуелот со ланскиот европски првак се игра во Скопје во СРЦ „Кале“ (почеток 18 часот) и ќе биде последен пред дуелот од Лигата на шампионите следниот викенд против Бера Бера во Шпанија. Тренерот на ЖРК Вардар СЦБТ, Индира Кастратовиќ најави дека и на денешниот натпревар ќе се појави комбиниран состав на вардарки. Инаку, овие две екипи играат и на турнирот во Љубљана каде победи македонскиот првак со 25:24 по продолжение. Во регионалната лига ЖРК Вардар СЦБТ е на 4.место со 4 бодови (две победи од два натпревара), додека Будуќност е на 2.место со 5 бодови од 4 натпревари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШтип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
БизарноФилмски грабеж на автопат- крадат пилешко од ладилник во полна брзина (ВИДЕО)Група од шест криминалци извршиле филмски грабеж на автопат во Египет, кога стигнале до камион што носел замрзнато пилешко и го префрлаат во зелен пикап додека возат со полна брзина.Грабежот го снимил мотоциклист, а снимката се појавила на интернет и привлекла внимание низ целиот свет. Медиумите известуваат дека грабежот се случил на 25 август на пустински пат помеѓу Каиро и Исмаилија. Според информациите од египетското Министерство за внатрешни работи, објавени од „Араб тајмс онлајн“, осомничените следеле камион-ладилник што носел замрзната храна. Тие успеале да се приближат со полна брзина, а потоа извршиле опасен маневар - ја отвориле задната врата на камионот од хаубата на пикапот и почнале да ги вадат кутиите! Сцената им потсетила на многу гледачи на сцени од акциони филмови. Потоа избегале, но полицијата ги идентификувала и ги лоцирала во скривалишта во Каиро и покраината Каљубија. Кога безбедносните сили започнале операција за апсење, осомничените наводно отвориле оган. Следела престрелка во која тројца биле убиени, а тројца биле уапсени, објави „Араб тајмс онлајн“. Полицијата подоцна наводно пронашла зелен пикап, како и две автоматски пушки, пушка и украдено пилешко. View this post on Instagram A post shared by Arab Times Kuwait (@arabtimeskuwait) Тројцата уапсени биле предадени на јавното обвинителство и обвинети за вооружен грабеж, нелегално поседување оружје и пукање кон безбедносните сили.Тагови: филмски грабеж Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоИ утре многу топло време со температура до 38 степени, наместа ќе има пороен дождВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 23 Попова Шапка, 28 Крушево, 30 Маврови Анови, 31 Берово, Крива Паланка, 32 Прилеп, 34 Виница, Претор, 35 Струмица, Охрид, Битола, Штип, Тетово, 37 Скопје Петровец, Гевгелија, 38 Демир Капија, Кавадарци, Велес. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во источните делови наместа беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. До крајот на денот ќе има услови за локална нестабиност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од почетокот на новата работна седмица до почетокот на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШтип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеностЖителите на штип останаа без вода поради прекин на преработката на сирова вода од хидросистемот „Злетовица“.Од јавното претпријатие „Исар“ информираат дека филтер-станицата во Штип ја прекинала преработката на сировата вода поради екстремно зголемена матност. Како што посочуваат од претпријатието, причина за прекинот е синоќешното невреме, поради што дошло до влошување на состојбата со сировата вода. „Елементарната непогода во пробиштипскиот реон е единствена причина за прекинот на водоснабдувањето што ќе се случи“, наведуваат од ЈП „Исар“. Од претпријатието апелираат до граѓаните за разбирање до стабилизирање на водоснабдувањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook