ЖРК Вардар по вторпат подобар од Ларвик - Канал 5

ЖРК Вардар по вторпат подобар од Ларвик

Ракометарките на Вардар славеа победа над Ларвик и во вториот контролен натпревар одигран во Скопје. „Црвено-црните“ победија со 30:24, на полувреме резултатот беше 15:14 за гостинките од Норвешка.

ЖРК Вардар по вторпат подобар од Ларвик
Голманките на Вардар повторно покажаа дека сезонава ќе бидат една од посилните страни. Во првото полувреме Мајса Песоа одбрани шест топки, додека Ина Суслина во второто полувреме одбрани двојно повеќе, вкупно 12 удари.

Мечот тргна со водство на Ларвик, кое во 10 минута беше 3-6 што беше причина Индира Кастратовиќ да побара тајм аут. Советите дадоа резултат и следуваше серија од 5-1 за водство од 8-7. Во 24 минута токму Хмирова зголеми на 11-9 како навестување дека е минат лошиот период на наша игра, но Ларвик не само што израмнија на 11-11 во 25 минута, туку и поведе со 11-13, а на крајот од првото полувреме Корен погоди за водство 15-14.

Смената на голот на Вардар во второто полувреме со влегувањето на Ина Суслина им донесе на вардарки „полесно да се справат" со Ларвик. Хмирова, Херем и Кликовац донесоа пресврт за наше водство од 17-15, а Суслина имаше две одбрани за три минути. Вардар тргна офанзивно во напад, а одлично во одбрана што му донесе на Вардар водство од 21-16 во 36 минута. Суслина повторно имаше добра серија од пет одбранети топки за седум минути, а Вардар веќе водеше со 24-16 во 43 минута.

До крајот на средбата беше само рутина да се задржи водството, но и да одигра според договореното. Суслина и во последните седум минути имаше нова серија, од четири одбранети топки. На крајот Вардар победи со 30-24. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод празникот упати честитка до граѓаните во која порача дека независноста не е завршено минато, туку трајна обврска на секоја генерација да ја чува, гради и надградува државата.

Орден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски

Претседателката и собраниска делегација утринава положија цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, на претседателот Борис Трајковски и на на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев.

Сиљановска - Давкова им доделии орден „8 Септември“ на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два бомбашки напади во центарот на Атина (ВИДЕО)

Рачни гранати беа фрлени денеска на две локации во центарот на Атина, соопшти грчката полиција, додавајќи дека нема повредени.

Два бомбашки напади во центарот на Атина (ВИДЕО)

Првиот напад се случил во 4:25 часот наутро по локално време, кога рачна граната беше фрлена во продавница за здрава храна во Ахарнон, а наводно во продавницата во тој момент се наоѓал и обезбедувач со сириско потекло, објави „Прото тема“.

Вториот напад се случил во 4:55 часот наутро во областа Агиос Пантелејмонас, кога непознат напаѓач фрлил експлозивна направа во наргиле бар во сопственост на Сириец.

Полицијата е на местото на настанот. Снимки од продавницата и барот по експлозиите се појавија и на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: Честит 8 Септември

Денот на независноста е еден од најзначајните датуми во историјата на нашата земја. 

Гаши: Честит 8 Септември

35 години живот на една држава не се многу, но се доволни за да разбереме дека државноста не се постигнува само со еден политички акт, со референдум или само со прогласувањето на независноста. Државата е нешто што се гради секој ден – со функционални институции, со еднакво право за сите, со одговорност, со работа, со образование, со економски развој и, пред сè, со луѓе кои веруваат дека нивната лична иднина е поврзана со заедничката иднина на државата.

Оваа годишнина треба да ја гледаме со верба и оптимизам, преку она што сме го изградиле, но и преку она што останува да го направиме.

Нашата Република е дом на граѓани со различна етничка, јазична, верска и културна припадност. Оваа разновидност не треба да биде извор на поделби, туку наша заедничка сила. Во темелите на нашата држава секогаш треба да стојат еднаквоста и чувството дека секој граѓанин има свое рамноправно место во државата.

Наша заедничка должност е да градиме држава во која институциите им служат на граѓаните, во која законите се применуваат еднакво за сите, во која корупцијата не се толерира и во која европската перспектива е заедничка цел.

На овој посебен ден, посакувам нашата држава да биде место во кое никој нема да се чувствува како странец, во кое разликите се можност за успех, во кое институциите се посилни од тесните интереси и во кое секој млад човек може со убедување да каже: „Тука е моето место и тука ја гледам мојата иднина.“

Со верба во граѓаните, со одговорност кон државата и со заедничка работа, да ја градиме државата што сакаме да им ја оставиме на идните генерации.

Честит 8 Септември – 35-годишнината од независноста на Македонија!

Африм Гаши

Претседател на Собранието на Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер