3Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст
Тргнал од Сицилија кон Малта со автомобил полн со желки и папагали, во багажникот му нашле 377 животни
1Тргнал од Сицилија кон Малта со автомобил полн со желки и папагали, во багажникот му нашле 377 животни
3Спејс Икс прв пат „улови“ Старшип по враќање од орбитата- истото летало повторно може да полета за неколку недели (ВИДЕО)
РакометЖРК Вардар гостува кај Ларвик во третото коло од ЛШ Ракометарките на Вардар попладне од 17 часот гостуваат во Норвешка кај Ларвик во третата рунда од Лигата на шампионите.По триумфот во Германија кај Турингер за македонскиот шампион овој пат пречка до нова победа во елитното натпреварување ќе биде поранешниот европски шампион. На второто од трите гостувања во рамките на Ц-групата отпатуваа 17 ракометарки, истиот состав што триумфираше и пред една недела кај Турингер. Ларвик кој зад себе има една европска титула, две вице европски трофеи и последните две сезони стигнува до најдобрите осум во ЛШ, сега е пред голем предизвик поради смената на генерациите и целосно реновираниот тим. Вкупно 11 ракометарки заминаа од тимот или пак прекинаа со професионално играње ракомет. Нивните мета ги заземаа неискусни ракометарки, барем со меѓународни натпревари кои во иднина треба да продолжат по успешните стапки на тимот. Засега тешко им оди на Норвежанките во ЛШ, па на првите две средби Ларвик загуби, дома од Турингер 27:31 и во гости кај ФТЦ, 33:37, за разлика од Вардар кој е со максимален број бодови. Досегашниот биланс од меѓусебните средби е две победи за Вардар, една за Ларвик и едно реми. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноПридвижија воз, долг 7,6 километри со 696 вагони- веруваат дека соборија светски рекорд (ВИДЕО)Јужна Африка успешно лансираше товарен воз со необични димензии, долг 7,6 километри, со вкупно 696 вагони!Овој огромен воз успешно го заврши пробното возење, а државната компанија Транснет верува дека ова постави нов светски рекорд за товарни возови. Сериозен инженерски предизвик Зафатот беше извршен на 18 октомври 2026 година на железничката пруга што го поврзува заливот Салдана, на западниот брег на земјата, со рударскиот регион на Северниот ’Рт. Во текот на два дена, возот помина приближно 860 километри и успешно ја заврши предвидената рута. Зад овој проект стои сериозен инженерски предизвик. Преместувањето на речиси 700 меѓусебно поврзани вагони бара прецизна координација на моќноста на локомотивите и контрола на огромните сили што се јавуваат при забрзување, сопирање и минување низ одредени делови од железницата. За да се постигне ова, Транснет користеше електрични и дизел-електрични локомотиви распоредени по целиот воз. Сите локомотиви работеа синхронизирано, користејќи радио-базиран систем за дистрибуирана влечна сила познат како Радио Дистрибуирана Моќ. Оваа технологија овозможува влечење и сопирање да се распределат на различни точки по должината на возот, што го олеснува управувањето со екстремно долгиот воз. Сите вагони беа празни Интересен детаљ е што сите 696 вагони беа празни за време на пробното возење. Ова не беше нормална комерцијална операција, туку технички тест насочен кон испитување на однесувањето на воз од оваа големина и подобрување на идните операции за тежок транспорт. Доколку резултатот биде независно потврден, тоа ќе значи дека јужноафриканскиот воз го надмина рекордот што го држи Австралија од 2001 година. Во тоа време, рударската компанија BHP користеше товарен воз од 7,353 километри со 682 вагони, објавува Diario UNO. Транснет ќе ги анализира податоците собрани за време на пробното возење, а потоа ќе ги спореди со симулациите направени пред тестот. Добиените податоци треба да помогнат во подобрувањето на распоредот на локомотивите, системите за сопирање и стратегиите за управување со екстремно долги товарни возови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАпел од родителите на повредената Сара - „Не сакаме протести, туку правда“Семејството на Сара во разговор за порталот OHRID1 кажало дека не поддржува протести за случајот...Тие се заблагодаруваат за огромната поддршка од јавноста, но по последниот развој на настаните во Обвинителството и повторното определување притвор за осомничениот, велат дека во овој момент единствено им се потребни мир и закрепнување на нивната ќерка. Родителите нагласуваат дека нивната борба нема никаква политичка заднина, ниту пак сакаат трагедијата на нивната ќерка да биде искористена за политички цели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНеизвесна е судбината на 12 членови на екипажот во потонатиот брод во близина на брегот на Бугарија Бугарија добила повик за помош од товарен брод што потонува во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море.Бугарија добила повик за помош од товарен брод што потонува во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, а судбината на 12-те членови на екипажот сè уште е непозната, соопшти денеска Министерството за транспорт на земјата. Бродот што пловел под сомалиско знаме превезувал три тони пченица на големо од Романија до Египет, се вели во соопштението. Два бугарски, еден романски и еден турски бродови се испратени на местото на настанот. Причината за инцидентот сè уште не е позната, а се случил во време на серија напади со беспилотни летала врз бродови покрај бреговите на Бугарија и Романија, за кои експертите велат дека се дел од војната на Русија против Украина.Тагови: брод Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00