ЖРК Вардар го одбрани трофејот во Купот на Македонија - Канал 5

ЖРК Вардар го одбрани трофејот во Купот на Македонија

Ракометарките на Вардар го освоија Купот на Македонија откако во финалето денеска го победија Металург со 45:19 (21:10). Ова за „вардарки“ е петти трофеј во ова натпреварување, а четврти во низа.

ЖРК Вардар го одбрани трофејот во Купот на Македонија


Финалниот дуел беше неизвесен само во првите десет минути кога Металург имаше и водство од 4:3, а потоа Вардар направи серија од 11:1. Александра Лакрабер беше најефикасна на финалето со 12 гола.
Покрај победничкиот пехар беа доделени и индивидуални признанија. Лакрабер од Вардар го доби признанието за МВП (најкорисен играч), Сара Ристовска (Вардар) е најдобар стрелец, додека Матеја Серафимова (Металург) е најдобар голман.

„Фајнл фор“ турнирот од првенството на Македонија во женска конкуренција ќе се одигра утре и задутре во СЦ „Јане Сандански“. Во полуфиналните дуели играат: ЖРК Вардар – Куманово и Вардар СЦЈС – Металург.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен Нил

Епидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата..

Д-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен Нил

Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски..

Целиот разговор на Сања Трајковска Ставров со епидемиологот доктор Драган Даниловски погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холивудска ѕвезда од 90-тите забележана по подолг период во јавноста

Холивудската актерка Бриџит Фонда ужива во своите пензионерски денови далеку од Холивуд.

Холивудска ѕвезда од 90-тите забележана по подолг период во јавноста

Бриџит Фонда била забележана неделава во Лос Анџелес, за време на едно од своите ретки појавувања во јавноста.

Пензионираната 62-годишна актерка е фотографирана како излегува од ресторан во друштво на асистентката .

Бриџит на себе има обична маица на риги и црни панталони и воопшто не неликува на онаа русокоса убавица од деведесетите година на минатиот век.

Фонда ретко се појавува во јавноста откако го напушти Холивуд пред повеќе од дваесет години.

Ѕвездата на филмот *Single White Female* се појавува многу ретко во јавноста а, најголемо медиумско внимание привлече нејзиното излегување со сопругот Дени Елфман.

Тоа се случи кога беа фотографирани заедно за првпат по 16 години, по враќањето од патување во Лос Анџелес. Таа се омажи за поранешниот фронтмен на бендот „Оинго Боинго“ (Oingo Boingo) во 2003 година.

Една година подоцна, парот објави дека Фонда очекува дете, а својот син Оливер го добија на почетокот на 2005 година. Актерката, позната и по улогата во *Кум 3* (The Godfather Part III), се повлече од глумата за да се посвети на одгледувањето на својот син, кој сега има 21 година.

Бриџит Фонда потекнува од познато актерско семејство; таа е ќерка на Питер Фонда, внука на Џејн Фонда и внука на Хенри Фонда. Во 2023 година, таа му изјавила на еден папарацо дека нема намера да се врати на глумата бидејќи е „прекрасно да се биде обичен граѓанин“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.

Кашкавал  како залог за кредит? Оваа банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал  во вредност од 325 милиони евра.

Кашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.

Една италијанска банка го прифаќа кашкавалот „Пармиџано Реџано“ како залог за кредити и однапред им исплаќа на производителите меѓу 60 и 80 проценти од вредноста.

Кашкавалот кој се произведува во големи бакарни казани, и на крајот завршува како големо тркало.

Секое од нив тежи околу 40 килограми, а за неговото производство се потребни приближно 550 литри млеко.

По солењето во саламура, тркалата се редат на дрвени полици, каде што зреат најмалку 12 месеци, а многу од нив и по две до три години.

Токму овој долг процес на зреење создава проблем што нема многу врска со вкусот.

Производителот на млеко има трошоци на секои 30 дена, додека пари од готовиот производ – сирењето – добива дури по една или две години.

Помеѓу овие две точки постои јаз кој со векови претставува сериозен проблем за малите производители, бидејќи за време на зреењето нивниот капитал е практично „заробен“ на полиците.

Решението што се применува во Емилија банка веќе седум децении звучи речиси неверојатно, но всушност претставува многу сериозен банкарски производ: сирење како залог за кредит.

Италијанската банка „Credito Emiliano“ (позната како „Credem“) од Реџо Емилија ја спроведува оваа практика уште од далечната 1953 година.

Производителот ги носи младите тркала од „Пармиџано Реџано“ во магацинот на банката; банката ги презема, ја проценува нивната вредност и одобрува кредит во висина од 60 до 80 проценти од таа вредност.

Во меѓувреме, сирењето останува во магацинот на банката како залог и продолжува да зрее. Кога производителот ќе го отплати кредитот, сирењето го презема назад и го продава. Доколку не успее да го врати долгот, банката располага со стоката – која во меѓувреме честопати вреди повеќе отколку на денот кога била примена, што е прилично невообичаена карактеристика кога станува збор за залог.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер