Жизел Бундшен се омажи, семејството збесна: Направи голема грешка, тој е сиромашен - Канал 5

Жизел Бундшен се омажи, семејството збесна: Направи голема грешка, тој е сиромашен

Три години по разводот од Том Брејди, манекенката и супермодел Жизел Бундшен му го кажа судбоносното „Да“ на инструкторот за џиу-џицу Хоаким Валенте.

Жизел Бундшен се омажи, семејството збесна: Направи голема грешка, тој е сиромашен

Додека нејзиниот поранешен сопруг е среќен за неа, се чини дека нејзиното семејство сè уште е загрижено за одлуката - и за парите.

На интимна, речиси тајна церемонија одржана на 3 декември во нивниот дом во Флорида, Жизел и нејзиниот партнер се венчаа пред нивните најблиски пријатели и семејство. Двојката за прв пат беше видена заедно во 2022 година, а долго време ја криеја својата врска од очите на јавноста. Според изворите, Валенте била голем поддржувач на Жизел за време на нејзиниот развод од Брејди, а во февруари го добиле своето прво заедничко дете.

Сепак, нејзиното семејство верува дека таа не размислила доволно за одлуката да се омажи. „Нејзиното семејство ја предупредило дека мажењето за сиромашен човек кога вредела милиони, е голема грешка“, изјавил извор за Page Six.

Валенте сигурно не е позната личност, но тој води своја академија во Мајами, Флорида, со своите браќа. Сепак, Бундшен постојано е именувана за најплатен супермодел во светот и, според celebritynetworth.com, има стекнато богатство од околу 400 милиони долари.

„Нејзиното семејство ѝ велеше само да живее со него. Но, поради притисокот на Валенте и нејзиниот традиционален поглед на бракот, таа сметаше дека бидејќи имаат дете, треба да се венчаат“, додаде изворот, забележувајќи: „Постои предбрачен договор, но со дупки во законот што значат дека во случај на развод, тој ќе има право на финансиска спогодба.“

Жизел и легендарниот играч на НФЛ, Том Брејди, беа во брак 13 години пред да се разведат во октомври 2022 година, и заедно објавија дека „пораснале во различни насоки“. Тие имаат две деца, синот Бенџамин и ќерката Вивијан. Разводот помина непречено, лесно се договараа за финансиските прашања и старателството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра.

Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството.

Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови.

Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа.

Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт Мол

Парфемот одамна ја надминува својата примарна улога на естетски додаток.

„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт Мол

Тој е дел од личниот идентитет, невидлив потпис што ги поврзува сеќавањата, емоциите и индивидуалниот стил. Токму оваа филозофија стои зад концептот на „BOÜDOIR – The House of Fragrance“, специјализирана парфимерија која со отворањето на својот нов продажен простор во Ист Гејт Мол во Скопје внесува поинаква димензија во домашната парфемска понуда.

По своето присуство во Битола, „BOÜDOIR“ ја продолжува својата приказна и во главниот град, претставувајќи внимателно селектиран свет на ниш парфимеријата, во кој автентичноста, креативноста и парфемското мајсторство имаат предност пред конвенционалните трендови.

Во понудата се застапени реномирани парфемски куќи како „Atelier Des Ors“, „Profumum Roma“, Birkholz, New Notes, Venti4, Vranjes, MEMO Paris и Fragrance Du Bois, чии мирисни композиции ја истражуваат границата помеѓу традиционалното парфимерство и современиот уметнички израз. Новиот простор е замислен како место за откривање и истражување на мирисите, каде што изборот на парфем не е само купување производ, туку лично искуство. Во време на масовна продукција и унифицирани естетски стандарди, „BOÜDOIR“ го афирмира индивидуалниот пристап кон луксузот, оној што не се дефинира исклучиво преку препознатливоста на брендот, туку преку карактерот, квалитетот и емоцијата што ги носи.

Со отворањето во „East Gate Mall“, Скопје добива уште една адреса за љубителите на селективната парфимерија и за сите што веруваат дека вистинскиот луксуз започнува таму каде што завршува предвидливото.

Бидејќи понекогаш највпечатливиот потпис не се гледа – туку се чувствува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер