Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
2Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
ЖивотЖивот во кинеската фабрика за играчкиВо Кина се произведуваат 75% од сите играчки на светот, но зад ниските цени на производите кои пристигаат од Истокот стои суровата приказна за условите во кои тие се создаваат.Армија од 3,5 милиони кинески работници работи 36,5 саати неделно во повеќе од 8,000 фабрики за играчки во Кина, а германскиот фотограф Мајкл Волф со својот апарат забележа како изгледа нивниот работен ден. Според еден извештај од 2010 година, просечната месечна плата, вклучувајќи ја и дополнителната работа, изнесува 170 евра, а непрофитната организација која ја проценува работата на фабриките вели дека, иако во последните неколку години условите во кои Кинезите работат се подобрени, се уште постои малтретирање и злоупотреба на работниците. Според извештајот од 2009 година, околу еден милион кинески фабрички работници доживеале некаков вид на повреда на работното место само таа година. За потребите на истрагата која ја спроведе Националниот комитет за работа, организацијата за заштита на човечките права која им помага на работниците ширум светот, германскиот фотограф Михаел Волф ги забележа условите на работа на вработените во пет кинески фабрики, а најкритична состојба е забележана во фабриката за играчки "Systems" во кинескиот град Донгуан. На фотографиите се гледаат работниците кои, преморени од 15-часовните смени, во фабричките простории во кои температурите достигаат и до 30 степени, својата 10-минутна пауза ја користат за да одморат на картонските кутии под работните маси, на кои ги чекаат недовршени фигури на Мики Маус и Сунѓерот Боб. За помалку од 40 денари на саат, повеќето женски работнички на возраст од 18 до 25 години, работат од 7.45 часот наутро до 10.55 навечер, шест или седум дена во неделата, со уште 1,000 работници во фабричките хали со големина од 1,000 квадратни метри. За време на работата не им е дозволено да разговараат, нити да слушаат музика. За оброк добиваат мали порции во фабричките кантини. За време на смените немаат право на пауза за посета на тоалетот, а ако прекршат некое од правилата, за казна мораат да ги рибаат WC шољите. Вработените не заминуваат дома во текот на работната недела, туку спијат во фабричките спални во кои се сместени 14 луѓе во една соба. При вработувањето секој работник мора за себе да си купи душек и постелнина, а ако не го направи тоа, приморан е да спие на картонски кутии. Одржувањето на личната хигиена се обавува со помош на кофа и сунѓер, бидејќи туш кабини и купатила не постојат. За својата колекција која ја нарече "Вистинската приказна за играчките", фотографот Михаел Волф вели дека претставува "колку всушност е огромно кинеското масовно производство, но и гладот на Западот за бескрајната количина на производи за еднократна употреба". /Извор: ZaZabava.com/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураИзложба на астровотографии: Небесно платноИзложбата „Небесното Платно“ низ објективот на Скопско Астрономско Друштво претставува групна изложба на извонредни астрофотографски дела, претежно снимени под македонското небо. Централната цел на изложбата е да ја нагласи компетентноста на домашните астрофотографи, членови на Скопското астрономско друштво (САД) и нивната способност да ја истакнат својата уметничка и креативна страна преку врвни технички вештини. Астрофотографијата, која е централен елемент на оваа изложба, не е само техничка вештина, туку е длабока форма на уметнички израз. Таа ја премостува човечката визија со бесконечноста на универзумот. Преку привлечна визуелна естетика, овие дела служат како моќна алатка за популаризација на науката, охрабрувајќи ја публиката, особено младите, да го истражуваат универзумот и природните закони. Фотографиите ги трансформираат невидливите феномени на универзумот, како што се маглините, галаксиите, лунарните пејзажи и небесните појави во уметнички дела со силна визуелна естетика. Изложбата функционира како моќна едукативна алатка која го користи визуелното искуство за да ја доближи астрономијата до широката публика, инспирирајќи љубопитност и истражување. Авторите, ја демонстрираат својата експертиза со што создаваат услови за филозофско размислување за нашето место во Вселената. Изложените дела се директен доказ за високо ниво на техничка изработка и секоја фотографија е резултат на посветеност, на уметноста добиена од податоци снимени под автентичното македонско небо. Изложбата ќе се отвори на 25.11.2026. во Музеј на град Скопје во 19:30ч. Куратор на изложбата е мр.Станимир Неделковски. Изложбата и Каталогот се реализирани од Музеј на град Скопје, а финансирани од Град Скопје.Тагови: Изложба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од домаТурските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата. SON DAKİKA / İstanbul Sarıyer’de aslan paniği: Yakalama çalışması başlatıldı İstanbul’un Sarıyer ilçesine bağlı Uskumruköy Mahallesi’nde aslan görüldüğü bildirildi. Aslanın yakalanması için bölgede çalışma başlatılırken, yetkililer çevrede yaşayan vatandaşları dikkatli ve tedbirli olmaları konusunda uyardı. Aslan termal kameralar ve güvenlik kameralarıyla tespit edildi. — Aykırı (@aykiri) November 22, 2026 Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
СветВртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си. Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики. Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter